Колку сезони има?Инаку јас на ТВ ја гледам ама сакам редовно да ја гледам онлајн Ме влече неговиот сарказам и насмевката
Предобра епизода Спојлер Значи колку малку фалеше Патрик да го дознае името на Црвениот Џон, али ете Џон беше побрз од него и му ја убија Lorelei. Крајот ми беше изненадувачки не очекував дека таа ќе умре и посебно не од Џон, али таа се интересираше за него, а кој се интересира за него се знае Џон не го поштедува. Сега единствена шанса на Џејн за да го дознае името, е тој да се разбуди од кома, но и повторно да го имаат случајот назад. Како и да треба почесто да има вакви епизоди каде што се работи за црвениот Џон.
Да, одлична беше епизодава. Спојлер Ама се нервирам што секогаш кога ќе се приближи до некој и е блиску истиот е убиен. Се знаеше дека Лорелаи ќе биде убиена, па она тргна да го убие Џон. Мене баш ми беше интересна. А ми се чини или Лисбон си има нешто за Џејн? И Ван Пелт ми фали многу, ајде нека се враќа веќе.
^ Спојлер Добро ти се чини, јас тоа одамна го имам забележано али чекам барем малку Лисбон да направи некој потег. Ван Пелт ќе почекаш додека да се врати бидејќи ваљда знаеш дека е во приватен живот бремена па затоа ја снема од серијава и не верувам дека ќе се врати до крајов на сезонава.
Спојлер Па се породила во јануари, затоа викам кога ќе се враќа. Мене не ми одговараат Лисбон и Џејн, некако ми се нефункционални. Не знам дали планираат да ги наместат заедно, ама некако не би го сакала тоа.
тука на линков ги има сите епизоди со се 5тата сезона, до каде што се достапни http://www.1channel.ch/watch-5223-The-Mentalist
Уф ама ми е одвратен оној Киркланд, Спојлер што мати не знам само. Џејн сигурно намести нешто, не ми се верува се да остави туку така ако се сомнева дека некој прати што прави. Ах бре Ригсби, нема надеж за тебе, едноставно move on... Само глупаво е што не го ни спомнуваат бебето, една реченица барем, да знаеме дека не заборавиле дека имало такво нешто.
Јас само се надевам дека Киркланд ќе умре оваа сезона и тоа да биде убиен од Црвениот Џон Спојлер Ќе има надеж и за Ригсби кога тогаш, се гледа дека уште се сакаат со Ван Пелт. Инаку Ван Пелт добро тело си држи после бременоста Како и да е остануваат уште три епизоди од сезонава ќе биде интересно Промо за следната епизода http://www.youtube.com/watch?v=usAnrs6Syrc
интересна беше оваа епизода. И ја едвај го чекам крајот на сезона, тогаш е највозбудливо! ххухухух !!!
осомничени: http://www.cbs.com/shows/the_mentalist/red-john/ 7 ќе бидат откриени во новава епизода =)
http://www.cbs.com/shows/the_mentalist/red-john/ 7те Осомничени: - Brad Stiles - Gale Bertram - Raymond Haffner - Reede Smith - Bob Kirkland - Sheriff McAllister - Brett Partridge кој ќе биде.... ???
Мора да ја имате пропуштено таа епизода кога се разјаснува кој кога доваѓа во CBI . Патрик доваѓа мислам една година откако му го убија семејството , и тогаш во CBI работат Лисбон , Чо, Ригзби и уште еден човек кој и е партнер на лизбон . Во таа епизода тој човек си оди ( не ми текнува името како му беше) затоа што неможе да замисли да работи со човек како Патрик и епизодата завршува како сите зборуваат дека ќе им дојде нова колешка и на компјутерот ја име Ван Пелт на слика
Леле, понекогаш си мислам што ако Џејн е Ред Џон, лежи во психијатриска болница и сето ова си го замислува?
Ја изгледав одамна последната епизода и океј беше, се поблиску е Патрик до целта и се надевам дека во 6та сезона конечно ќе се открие кој е Црвениот Џон и со тоа да заврши серијата
Серијава е бомбона, како не ја загледав порано не ми е јасно. Вчера ја симнав и веќе 5 епизоди мавнав, ептен е заразна не можам да речам гледам една епизода и престанувам а немам време ич да ја мувнам цела сезона во еден ден, а тоа ми иде да го напраам. Патрик ми е врв, многу е јак екстремно. Симпатична ми се оваа црвенава и тој смотаниот како се шмекаат, пустот тој не знае како да и се пушти Сега за сега сеедно ми е кој е Ред Џон, секако ми е интересена и без да се открие, ама уште сум на почетокот после може нема да мислам така. Се мислам дека ќе има нешто измеѓу Лисбон и Патрик, но ќе видам, само нагаѓам... 5ка чиста ми е сега за сега, ужасно заразна.