1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Менторство/менторирање

Дискусија во 'Барање работа' започната од Missbutterfly, 14 февруари 2013.

  1. Missbutterfly

    Missbutterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    19
    Менторството претставува обучувачки формат од категоријата еден на еден,односно интерперсонален однос на учење на менторираниот под водство и советодавна помош на менторот.Функцијата на овој тим е менторираниот кој има определено претходно образование за одделни аспекти на работата да се доведе до меѓусебно поврзување на тоа знаење,со дополнително учење на конкретната работасо цел да стане компетентен/а во самостоно вршење на работата.Бев инспирирана да пишувам на оваа тема откако сосем случајно наидов на отворен повик за ментори и штитеници(за женско претприемништво се работи) од страна на една НВО од Скопје,за доделување на менторка на студенти кои допрво треба да стекнуваат работно искуство т.е. практично искуство што значи многу.

    Сакам ваши мислења што мислите колку се успешни ваквите програми за менторирање за бизнис вештини/практична работа во нашето општество и кон што води тоа?Дали тоа ќе биде искуство плус или отворена врата/можности за нешто повеќе?.Предности/недостатоци на ваквиот тип на обука и секако ако некој/а од вас имал/а искуство од ваков вид споделете.

    Се надевам дека темата ќе поттикне дискусии,и се надевам дека не ја ставив во погрешна категорија. :geek:
     
  2. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.771
    Допаѓања:
    131.063
    Според мене, еден од подобрите начини на кои можеш да му помогнеш на некој на почетокот на кариерата, новото работно место и слично. Колку и да имаш обуки, кога ќе почнеш со работа ќе имаш милион прашања за кои ти треба некој кој ќе ти биде поддршка, некој кој го работи тоа подолго од тебе.

    За претприемништво - генерално, мислам дека менторството е едно од клучните моменти за успех, затоа што луѓето со идеи често не знаат ништо за светот на бизнисот, вклучувајќи ги и процедурите и законите. Во Македонија, 70% од малите бизниси кои имале поддршка во првата година од работата, се успешни.

    Јас бев ментор на една институција која во тој период беше тазе формирана, а луѓето немаа искуство од конкретната работа. Со нив работев околу една година, и имаа навистина добри резултати, кои потоа ги надградуваа.
     
    На glosipgirl и Missbutterfly им се допаѓа ова.