Едно од најзаостанатите шоуа или емисии, како сакате. Оти не ги менуваат мажите бре?! Значи, толку ми е балканска и затуцана емисијава, еве одма почнувам да се нервирам! Во 21 век, они на недела дена или колку се, за да им ја менуваат жената, чисто колку видат како е некој друг да им робува за недела дена! И сите што сум ги видела, се од некои си села таму, по цел ден на нива и такви срања. Оф бре боже, свашта! Вакво сценарио имаат сите скоро: Жената станува во пет, му вари кафе на мажот, овој оди на работа, оваа почнува да ги храни кокошките, кравите, говедата ..., да мете по дома, да прави појадок, ручек, да пере, да пегла, да чисти, па кога ќе дојдат децата, домашно кој напишал, кој не, па мажот дошол, па ај пак уште едно кафе, па вечера, па на крај ... Не знам, може наоѓаат време и сила и за секс! Ова сценарио, ако жената не оди на работа. Ако оди, е тогаш ... може да се каже оти ќе нема секс вечерта, оти нели преморена, па пак жената крива. Е*ати глупиот, затуцан, балкански ментатитет! Само ова може да се научи од "шоуво"!
ГЛУ-ПО-СТИ на квадрат! Не ја сваќам поентата на емисијава, да одам 5 дена кај друг маж, друго семејство, таму да се карам или па да си се проведувам најдобро што можам (на страна од мажот), да им ставам правила во туќиот дом каде што влегувам и на крај пари да влечам за тоа. А покрај тоа што се од градови одат во села и обратно, па нека се снајде типката што си ужива дома си вика чистачка за чистење, зима готова храна незнае да готви, во село каде што треба се тоа дома што не го прави да го прави таму и плус уште 100 потешки работи и обратно типката од село не видела град, цивилизација, се среќава со нови поими и се чуди доживува нови работи (иако има наполнето 50 години). Може и не е се вака, ако грешам извинете, ама јас епизодите што ги имам гледано а се малку 2 или 3 се ова се случува, град-село. И тоа е приказната. А да, зашто не ги менуваат мажите наместо жените? (свашта брееј)
Се изнервирав уште кога го прочитав насловов на темава. По глупаво нешто неможело да се смисли во целиот универзум !!! Немам што да кажам освен СЕЉАЧКА ЕМИСИЈА КАКО И СЕЉАЦИ УЧЕСНИЦИ !!!!!!!!!
Ја гледам кога ми е досано.(оваа што игра на канал 5) Најинтересно ми е кога ќе се вратат во своите куќи а ова ''сменетата'' претходно им направила хаос по дома. Пред 2 дена буквално сум се изнасмеала до солзи. И ја обоиа дневната жолта,а оваа побудале Исфрла и плик и се.(а во него имаше 150000 динари) Сума сумариум...гледајте ја ако сакате да тепате досада.
Ова шоу мора до го осмислил некој маж!!! Поголема глупост според мене неможел да смисли!!! Гледав 1-2 епизоди и страшно се изначудив на што се се спремни одделни луѓе само за да учествуваат во некое шоу или емисија на телевизија!!! Ми беше жал за децата кои што според мене се жртви на своите родители - пет дена да живеат со некоја непозната жена која што им е замена за мајката!!! А, МАЖОТ демек е глава на семејството, па останува дома и и угодува на непозната жена!!! Страшно, страшно...
Епа баба Рада на одмор е, мора нешто да дадат Шала на страна ама не гледам ништо интересно во емисијава напротив мене ми е сосем глупаво зошто само такви луѓе би се пријавиле на вакви шоу емисии.Бруки
Кога немам што да гледам богами и ова го гледам, за досада да тепам се ќе правам. Али дефинитивно само некои прости се пријавуваат, за слава и некој динар да земат секако. Досадно и глупо е, ама како што кажав, против досада добро е.
па секако се е за пари не е некој будала да мења жена ако во тоа нема корист али во менувам жена ми е интересно што толку кје се токмат дека ќе земаат 150.000 илјади динари или 50.000 и на крај корпа ништо или у превод 0.00