1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Менување локација на бизнисот

Дискусија во 'На работното место' започната од rici.aaaaa, 28 април 2012.

  1. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Доколку имате приватен бизнис и имате прелокација,а на претходната било се совршено,а сега нема чуство во вас бидејќи сфакате дека морате се одново а знаеме каков е животот.Што би направиле дали ке фрлите се да оди по вода? или надежта последна умира или.... Ве молам дајте ваше искрено мислење ѓи очекувам вашите мислења во врска со оваа тема поздрав
     
  2. feferona

    feferona Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    94
    Промена на локација какви се Шансите

    Малку ти е не соодветно формулирано прашањево.
    Дали истиот бизнис го селиш на друга локација или пак менуваш бизнис?
    Ако се цветало во бизнисот претходно сметам дека прелокацијате нема никаква врска.
    Единствено што ќе треба е да си ги информираш клиентите за релокацијата....
    А суеверието нема никаква врска. Некои бизниси успеваат ако се направи добар бизнис план и
    ако претходно биле добро разработени и ако се знае како да се работи.
    А ако се молиш на Бог дека нешто ќе ти пушти тешко.....
    За бизнис потребно е трчање и вложување огромен напор, сили, нерви.
    Поздрав и среќно :)
     
    На rici.aaaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  3. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.183
    Допаѓања:
    4.205
    Шанси за успех на (бизнисот) при промена на локација

    Зависи за каков бизнис станува збор. Едно е да имаш ресторан во центарот на градот друго е да го преселиш вон градот. Некогаш ќе биде токму тоа плус(на пр. нема други ресторани наоколу) но некогаш може да биде минус(никој не ја знае локацијата или ретко поминуваат од таму).
     
    На rici.aaaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Palchica

    Palchica Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2012
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    90
    Промена на локација какви се Шансите

    Зависи со што се занимаваш, дали имаш редовни клиенти и воспоставено долгорочни односи со нив.. Пример, кога козметичкиот салон кај којшто одев редовно се пресели во друга населба (а пред тоа ми беше одма до врата), јас продолжив да одам иако беше далеку - бидејќи ми е најубаво таму, се знам со вработените, знам дека одржуваат високо ниво на хигиена во салонот и сл. Е сега... доколку станува збор за бизнис кај којшто природата на работа не овозможува такво врзување со клиентите (како на пример локална мала продавничка т.е. маалска пиљара... тогаш ќе треба повеќе да се потрудиш...никогаш за ништо нема гаранција...