По интернетов се врти муабет дека ќе го менуваат името на зборот Менструација во Фемструација (Женструација??) заради "мен" во оригиналниот назив. Според мене тотално глупава идеја,затоа што самиот збор не ни потекнува од зборот маж на англиски. Што мислите вие?
Фејк њуз е што си го измислиле македонски портали. Ни една таква вест на англиски нема. Тотална измишљотина. Нема да се менува името, нема масовно побарување да се менува името. Мислам дека секој малку разумен човек знае од каде доаѓа името и никој не би дозволил да се менува збор по 2-3 необразовани личности. Немаше потреба од темава. Сега отворивме порта за мислења кон горново и навреди еден куп.
Јас па мислев ова мен е нешто со месец поврзано. Инаку не се согласувам со ова. Затоа што постојат мажи со понашање бетер од жена во ПМС
Лажна вест е Кенди, исто како и она со родител 1 и родител 2 дека ќе биде кај нас. Пиши го на англиски зборот (т.н. "femstruation") и ништо нема да ти излезе освен веста на македонскиве портали, целосно копирана и оскудна. Најјак хот топик за кликови им се прогресивците, либерализмот и феминизмот, нивното оцрнување за тоа колку забегале низ светот, не знаат што веќе да измислат на таа тема.
@DAngel @Someonespecial фала ви за појаснувањето, искрено се надевав дека е фејк. Што се нема да им текне хахаха
Незнам на кого му текнало вакво нешто, ама кој и да е, треба да му се објасни дека она МЕН нема врска со мажи зашто зборот МЕНСТРУАЦИЈА потекнува од латински збор menstruus што значи месечник.
Чувствувам дека тек до прва ќе им текнува. Толку лажни вести излегоа 2019, а уште почеток на март е... До крај на годината ќе се збудалат.