Крими љубовна серија, како за турски стандард ептен ми се засвиѓа како е направена. Нешто помодерно и убаво спрема тие другите серии. Ја загледав, ми привлече внимание, сакам серии со криминал. Ја гледа ли некој друг, да дискутираме? Кратка содржина (преземено од нет): Мерием – убава, наивна и грижлива девојка која работи во една пекара заедно со својот татко. Во врска е со Октај, студент по правни науки, и сонува еден ден да се омажи за него. Таа е подготвена на сѐ за неговата љубов, дури и финансиски му помага и спремна да го жртвува и сопствениот живот. Но, кога Октај станува обвинител, почнува работите да ги гледа од друга страна. Желбата за моќ и пари му го заслепиле умот, па затоа сака да раскине со Мерием сметајќи дека таа е обична и сиромашна девојка. Еден ден, возејќи се во кола, Октај ќе згази една девојка, но поради силниот дожд Мерием не успева да види што се случило и ќе поверува на лагата на Октај дека удриле само дузина буриња. Девојката умира, а вината за несреќата ја превзема Мерием со цел да не му прави проблем на Октај во кариерата. Мисли дека притворот брзо ќе заврши и дека ќе се докаже невиноста благодарение на Октај како обвинител во кој безрезервно верува. Каменот ѝ се удира в глава кога доаѓа денот на пресудата и самиот Октај ѝ ја изрекува драконската казна – 8 години затвор. На тој начин тој се ослободува од злосторот кој го направи и од девојката која му пречеше во намерата да стане влијателен врховен судија, но на тој начин ја смести невината Мерием зад решетки, недолжна да одговара за нешто што не сторила. Неговата, и желбата на богатата фамилија е да ја уништат Мерием, но… неочекувана љубов ќе го замагли срцето на Саваш. Љубовта кон Мерием ќе стане посилна од желбата за одмазда и ќе биде единствен начин за спас на невината затвореничка.
Ја следам и јас серијава. Интересна ми е.Ама секоја епизода ми обелува по едно влакно ради Мерием.Многу наивна ја направија. Гледав спојлерчиња на youtube и убаво ќе се развива серијата понатаму.Ќе се опамети. Октај и Дерин страшно ме нервираат.Такви особењаци немам видено ми доаѓа преку ТВ да им ја плеснам една
Не сум по турските серии, ама оваа ме привлече. Има неколку години како не сум гледала некоја турска серија. Мерјем и Саваш се ми многу убав пар И мене ме нервираше што Мерјем беше многу слепа,ама сега почнува полека да се опаметува.
Добро е, мислев единствена сум што по толку време загледав турска серија. И мене ме нервира тоа Мерием колку е наивна, а Саваш ми е преубав. Навистина убав филмски пар се. Октај, одвратен ептен и како лик општо, едвај чекам да се открие каков криминалец е. Ѕирнав и јас спојлери, серијава е убав приказ на криминали и моќта на парите во денешниов 21 век. Едвај чекам Мерием и Саваш да се заедно.
Јас зирнав на јутјуп, на некои други страни се што ќе се случува во серијата. Не можам во неизвесност да бидам . Спојлер Ама колку ќе пропатат од тај Октај, до крајот на серијата ќе ги мачи Мерјем и Саваш. Ќе ја уценува Мерјем да се тргне од Саваш или ќе го убие. Ќе го бутне нејзиниот татко во базент и тој ќе умре тогаш колку жално ќе биде. Јас да бев Мерјем веднаш ќе ја кажев вистината, немаше воопшто да го штитам тој никаквец.
Ја загледав и јас,поинаква ми е некако.А и овој Саваш убав некако за гледање .И терминот ми одговара таман пред спиење.
#И јас ја гледам од старт , мн ми се засвиѓа сериава , па и овој Саваш љуби га мајка Мерием малце одпоеќе а затупи , реалноста у фаца а плеска првите епизоди и пак по октај трча , ама веќе се опорави , синоќешната епизода ми беше врв па коа се разлетаа тоа парите И јас ѕиркав сполјери унапред ми се свиѓа како ќе напредува серијава тоа уште поеќе ме навлекува да а следам ..
И јас ја загледав и многу ме држеше во неизвесност па морав да ѕирнам на yt, Спојлер битно видов во последната епизода дека Мерием и Саваш ќе имаат бебе.
Хахахахах исти сме. Али како ме нервира Октај..како што рече @Feminka22 ми иде преку ТВ да му залепам една
Во суштина не гледам турски серии,ама содржината ми го привлече вниманието.Можеби и ќе погледнам некоја епизода,ама на турски,не синхронизирано Ако ми се допадне ќе ја изгледам цела
Ух Саваш ми е преубав,само ме нервира со тие усните силиконски,ко на жена ги направил заедно со Ѓучлу Серијата ми е добра засега,и мене ме нервира Мерием колку е глупава...а и глумицата не ми е нешто вау,само што има многу убави очи... Октај и Дерин понатаму ќе станат тешки психопати,гледав што ќе биде натаму...а и Дерин е ужасна,требало да најдат поубава глумица на толку фалење дека е убава жена
И јас ја гледам серијата од старт ми се допаѓа сега за сега ќе видеме каква ќе биде понатака. Саваш ми е преубав ,Мерјем и таа исто преубави се. Дали некој знае дали Мерјем ќе ја каже вистината ?
И јас ја загледав,стварно убава серија е,само неможам да чекам на Сител толку кратко,па на турски со српски превод продолжив да гледам.