И јас ја гледам и многу ми се допаѓа серијата. Единствено ја гледав карасевда но некако ми здосади а сега оваа серија ми е замена за таа, уште од старт ми беше интересна. а Саваш пак...
Јас пред некој ден до сабајле ја гледав серијата. Без сон останав. Саваш ми го зема срцето, морам да признаам.
Јас се заразив ја гледам на нет, се заљубив во Саваш и така. Инаку кога конечно ќе се дознае за ова гадното говедо Октај гледам, ама никако да се дознае само сплетки праве. Колку е само грд.
Јас се опседнав многу имам уште 9 епизоди до крај, ќе биде се поинтересна и поинтересна. Само ме интересира кој е тој докторот што престојуваше татко и на Меријем, и кој и е татко на Дерин уште не се е појавил?
Докторот се вика Халдун Козанџи,тој е стар доктор кој ја лечел и мајка му на Саваш во минатото,а сега соработува со татко му на Саваш,односно "перат" црни пари преку сликите на Дерин,заедно и со нејзиниот чичко. А татко и на Дерин сеуште не е појавен,онака само го спомнуваат дека е некој моќен пратеник од Анкара.
уфф овој Саваш Спојлер а оваа Јасмин како испадна сестра на Саваш, нели е асистентка на Сузан Шахин Андерсон, мајката на Дерин?
Ќе пишува Октај сакал . Но, нема Мерјем да го најде вистинското писмо, ќе има многу сплетки. Октај се ќе направи да се спаси. Таткото на Саваш ќе го смени писмото ќе напише продолжи го штитиш тој така нешто
Да, но мислев дека Дерин ја убила и ја оставила, а овие само ја турнале и помислиле дека тие ја убиле
Дерин цела гневна и луда само ја остави Севинч на патот,Октај пијан возеше и ја удри,а ја излажа Мерием дека удриле во нешто неживо,во банкина.
Да знам, ама си мислев можеби Дерин ја убила и ја оставила, па овие мислат дека тие ја убиле Мислам, тие што ја изгледале до крај, знаат, тие ги прашувам