имам комшија кој додека беше мал постојано месечареше. и дека двор до двор сме со куќите често знаеше да ни влезе во дворот и да седи позади кај нас на тревата. сега дали престанал незнам, одамна не сме го приметиле да шета надвор од нивната куќа иначе и јас ко помалечка зборував во сон, дека со брат ми делевме соба, сирот тој.. неможел да спие од моето зборење
Ми се случило повеќе пати барем така ми кажуваат,сум станувала од спиење да се протегнам и сл. а за зборување во сон тоа е секогаш,сестра ми секогаш ми велеше дека нема ноќ а да не зборувам во сон и тоа многу и' сметало,па и понекогаш од толку што сум зборувала гласно, мајка ми се разбудила и дошла в соба кај мене пошто си мислела дека се расправам со некого но и други случаеви имало. Јас не се сеќавам на ништо од ова,ми имаат кажувано. Незнам до кога вака и дали има некаков ''лек'' за ова, не би сакала и понатаму вака да ми се случува.
Како мала месечарев, се шетав во соба, отварав-затварав фиоки. Еднаш така сум си се шетала низ соба и мајка ми дошла да види да не сум откриена, како што влегла во собата ја сум ја погледнала ама онака страшно сум ја гледала сум ја гледала и полека сум си легнала во кревет ко ништо да не се случило. Кога ми раскажуваше се ежев. А за зборење во сон и до ден денес зборам, ама онака неразбирливо. Еднаш бев кај роднини и со брат ми во ист кревет спиев, сум зборела нешто АБЕ ОСТАЈ МЕ КИКООО сум се дерела и сум го фатила брат ми за коса и сум го кубела, ни крив ни дужен.
Уфф за тоа имам проблем...само си зборам нешто...си спијам и си зборам...и така после утредента непријатно,непријатно...ужас! Иначе не сум месечарела..не ни сакам... само ја иам еден малку смешен али чуден проблем... Со кого и да спијам само ќе го погалам,штипнам...има ли лек за тоа?Стварно е непријатно
Незнам дали сум месечарела, ама мноооогу пати се имам разбудено во вц, на шољата а и еднаш седната на форељата. Не се сеќавам на ништо. Одамна ми се нема случено вакво нешто, за среќа
Зборувам, викам, плачам во сон, но за среќа не месечарам. Порано имав една комшивка што месечареше секогаш на полна месечина. Еднаш испила таблети и ја носеа на болница да и го перат желудникот. Еднаш ја пуштила греалката и за малку ќе ја запалела столицата...
Па да, веројатно си месечарела... Инаку, мене порано ми се случуваше често, го паметев само моментот кога до пола се освестувам и си се враќам во кревет... Прочитав погоре сличен случај, и мојот најлош е излегување на тераса на втор спрат, со дерење на цел глас. Можеби е смешно вака кога ќе се присетуваме, но дефинитивно не е пријатна појава. За среќа последниот мој случај беше пред цела година, пу пу.
Мала кога сум била нов точак ми купиле и во 3 саатот вгаража со затворени очи и рацете исправени напред сум влегла и сум се возела со точакот хахаха и кај баба ми кога сум спиела сум станувала баба ми па на бајачка ме носела цццц
Како мала децата од улица збореа дека месечарите одат по жици од бандери. Знам дека ако некој месечари не треба да го будиш, затоа што полошо ке биде, туку само треба да му кажеш : Оди легни си. И одма ке си легне во креветот.
Зборувам секоја вечер, а да месечарам, ми се има случувано. Секогаш кога зборам во сон зборам неразбиливо и многу брзо. Еднаш и јас и сестра ми сме зборувале во сон, јас ќе престанам, она ќе почне, она ќе престане, ја ќе почнам со зборување. Мајка ми да оди до веце не слушнала и мислела дека се караме. А обично кога месечарам излегувам до тераса и назад во кревет. (добро е што сум жива, што уште не сум паднала од тераса).
ne sum mesecarela do sega,imam mn pati zboreno vo son a isto taka mn cesto i sonuvam deka placam i nautro koga ke se razbudam cela so solzi sum i crvena u faca
Брат ми како мал многу месечареше. Стануваше и зборуваше за вонземјани нешто со лансирање на вселенски бродови и такви глупости.. еднаш излегол надвор и легнал горе на лозата.. мама се преплаши кога виде дека го нема xD а еднаш зимно време врз пижамите облекол купаќи и не се сеќававме и двајцата кога ги облекол
хахахх леле се изнасмеав од вашите случки. И јас месечарев порано сега во скоро време не се секавам, порано дури сум им зборувала на мајка ми и татко ми, сум се смеела и плачела во сон а кога ми кажувале секогаш сум се смеела. Еднаш не знам колкава сум била но се нервирав за една задача по математика што не можев да ја решам, потоа кога сум си легнала сум станала и сум го терала татко ми да ми помогне околу задачата а јас уствари сум спиела и сум му викалаЧ а бе тато де помогни ми како да ја решам... хахах
Еднаш сум станала од мојот кревет и сум отишла кај цимерката и сум и’ рекла: - Бабо бабо, не е тоа нашата кола. Таа: Абе не сум баба ти! - Бабо абе кај ојш ти викам не е нашата кола! - не сум баба ти оди легни си. јас: -нц и сум си отишла во кревет
Охоооо секоја вечер ново доживување многу често месечарам а за зборување тоа секоја вечер ми се случува во сон сум врискала, сум пеела, сум тепала, сум играла, сум барала помош за утрешниот испит итн... А имам читано дека месечарите можат навечер да се движат по жиците од струјата што се надвор ама не верувам во тоа. И една напомена на месечар не смееш да му викаш на име дури месечари или зборува може да има трајни и фатални последици
ниеден месечар не е свесен дека месечари така кога би била месечар не би знаела какво е тоа искуство. јас кога бев помала ми се случувало и тоа ми го раскажувале моите родители да ме убиеш нема да знам да ти кажам како било и какво е чувството, само едно знам дека многу е опасно, всушност може некој и да погине доколку не се внимава на него бидејќи си во несвесна состојба и ништо не чувствуаш, спиеш незнаеш каде одиш и може да се повредиш тешко а во крајна ситуација и да погинеш. а истот и со зборењето не си свесен за тоа. Среќа што повеќе не ми се случува.
Верувај не сакаш. Моите сакаа за кревет да ме врзат мене. Прво ги правев оние ствари сите што ги праиме преку ноќ, стануваш и ај до кујна хаха ама не бев свесна кај сум, се будам и гледам дека одам накај соба со на пример вкус на чоколадо во устата. Мада тоа не верувам дека е месечарење, валда е пошто сум спанка. Нз стварно. Сестра ми има излезено со нож кај комшиите, штотуку се доселија и станот е наш, она таму го поминуваше летото, кога се доселија ептен и фалеше и една ноќ се разбуди пред вратата од тој стан, со нож во рака, а другата рака на кваката. Јас неколку пати иам исто праено не ми текнува што. Последниот пат станав, се спремив и отидов накај влезна врата. Сестра ми беше фала богу на телефон во дневна и ми рече Мери кај одиш??? Се штрекнав а јас го допирам клучот и тропаат привезоците Сирота, накај школо тргнав очигледно. Бидејќи памтам станав со идеја да чекам такси или да одам на автобуска, како и да е превозно средство беше.
Poarno da ne osetis bidejki teski momenti se iako si svesen vo nekoi momenti sepak ne mozes da kontroliras ....
Понекогаш ми се случува да зборам во сон. А мајка ми месечари скоро секоја вечер оди до кујна и љупи банани после ги носи во спална и ги остава на перница недојадени .