Доста опасна работа е ова. Еден мој познаник месечари и така една ноќ за малку преку прозорец да падне, за среќа мајка му наишла .. Исто така читав дека додека некој месечари не смеете да го повикувате затоа што може да добие озбилни шокови. А за зборување, и јас зборувам ама не често.После ми раскажуваат што глупости сум зборела
Ако може да наведеш каде си го чула или прочитала ова,имам многу читано за месечарењето и нигде не сум го сретнала овој податок,мислам дека е само урбан мит и ништо повеќе
^Не е за мене прашањево, али ке ти кажам дека не е мит, побарај на интернет поубаво и ќе видиш .Јас баш вчера прочитав.
^Да, и јас знам дека не смееш да ги повикуваш и да ги разбудиш, може да има фатални последици... А и на мене ми се има случено повеќе пати да месечарам, но никогаш не сум се разбудила... Кога сум била помала, сум заспала во дневната и мајка ми била таму па ме видела како сум ја облекла нејзината сукња, сум играла??? и пак сум си легнала... После ми има кажувано една другарка дека кога бев да спијам кај неа, сум си ги облекла патиките, сум ја отклучила вратата и сум сакала да излезам, ама не сум можела заради рајберот И гарант има уште многу, ама спијам сама во соба, со заклучена врата, па не ме сетиле А скоро секогаш зборувам во сон, т.е. мрмљам нешо што не се разбира, тоа на татко ми го имам наследено, не пропушта а да не се искара со некој кога спие
Не сум прочитала така ми кажувале, но мене ми е логично. Размисли малку...во која состојба си ти додека месечариш и наеднаш слушаш како некој испаничено го довикува твоето име, ќе се уплашип и се што следува понатаму навистина може да биде фатално...
^ Точно дека не смееш да го будиш оној кој месечари, но доволно е една наредба од типот „РандомИме ај легни си! и би требало да заврши работи. И не зборувам на памет.
Луѓе,стварно не знам кај сте прочитале дека ако разбудите месечар тоа може да биде фатално,единствено може да биде збунет и дезориентиран,како и секој што ќе го разбудат наеднаш,ама дека ќе доживее некаков срцев удар нема врска.Ако сакате ќе ви пратам и линкови.Многу поголеми се шансите да му се случи додека месечари,отколку ако го разбудите.Секако,најдобро би било да го вратите во кревет без да го будите,ама далеку е од реалноста дека ако го разбудите ке се случи нешто фатално.
Јас стално си дрдорам нешто во сон,а никој не ме разбира-а па ништо или многу малку памтам од тие случаи. Месечарам-поретко,знам на пример од детска да отидам во дневна или во спална кај мајка ми и татко ми . Се сеќавам баш вчера или завчера мајка ми влезе да ја буди сестра ми за на школо а јас си спијам пошто сум овие 2 недели 2 смена и во сонот занесена некоја старка имало и ѝ викам на мајка ми: -Мамо ти си? -Да јас сум. -Добро,мислев некоја старка си. Претходниот петок бев со вујко ми,вујна ми,братучедка ми,и двајцата братучеди на планина.Во едната соба спиеја двајцата братучеда заедно,а во другата јас и братучедка ми на едниот,а вујко ми и вујна ми на друг кревет.И сеа запазете ме.Мислам јас сум се преместила во друга соба и си станав да се вратам.Палам светло. -Каај сум? -Во * * си. -Нее,кај сум. -Абе легни Симоно,во * * си. -Нее,нее. И си легнав на крај. И има уште многу од моите патешествија,да не се расприкажувам многу А иначе знам да се контролирам,знам кај одам свесна сум и се сеќавам,само на зборењата,ретко или ич не се сеќавам.
Знам луѓе кои го прават тоа, а воедно и комшика која една вечер отишла во кујна и го уклучила шпоретот за да си прави кафе и си легнала, ама среќа нејзините ја слушнале и одма исклучиле инаку ќе се запалеле луѓето. Исто така и една вечер си пуштила телевизија и се смеела. А инаку јас знам во текот на спиењето да си седнам на кревет ( во зависност од позицијата во која сум во сонот) и да си зборам, да се смеам, да плачам, зависи нормално од тоа што го правам во сонот а неколку пати и сум се симнала и на под сум си легнала. Баш мајка ми ми кажа дека вчера ме нашла во позиција како на сликата подоле, ама буквално, така со кренати нозе и со едната рака сум се потпирала и сум се смеела хистерично. Е сега тоа седнувањето на кревет и легнувањето на под не знам дали се смета за месечарење но ете јас само тоа го правам при спиење.
Кога бев помала, месечарев.Станував од кревет, се облекував, шетав низ куќа, миев заби и што не, и не се сеќавав на ништо утредента.За спиење во сон ми се случувало, кога спијам кај другарки.Утредента ми се смеат и ми кажуваат што сум зборела
Го цитирав само ова мислење, ама се однесува на сите кои мислат дека месечар не смее никако да се разбуди зашто ќе доживеел срцев удар, ќе паднел во кома и слично. Ова се само неколку линкови од сајтови за оваа проблематика и мали извадоци за да ви покажам дека се работи само за урбан мит кој не е поткрепен со научни докази и навистина ме чуди колку митов е распространет и колку луѓето веруваат во него http://sleepingdisorders.wordpress.com/ ... king-myths Despite the myths and warnings, there is nothing wrong with waking up a sleepwalker. Awakened sleepwalkers appear somewhat disoriented and confused about where they are, how they were, and why – but they can easily return to bed with little noise. http://www.unexplainable.net/artman/pub ... 6497.shtml Myth: It's dangerous to awaken a sleepwalker. In fact, it's not dangerous at all to awaken a sleepwalker. When awakened, they may be very confused or disoriented. But in some cases, depending on what they're doing while sleepwalking, it may be safer to wake them up. http://factoidz.com/facts-and-myths-abo ... ngwalking/ Common misconceptions about sleepwalking People believe that it is dangerous to wake up a sleepwalker. That is not so, the only thing that will happen is that the sleepwalker may feel confused or disoriented until becoming fully awake. http://www.here-be-dreams.com/sleep/sleepwalking.html Is It Dangerous to Wake a Sleepwalker? Despite urban myth, it seems that it's not normally dangerous to wake a sleep walker so long as you do so carefully - waking them, for example, on the stairs would be asking for trouble.
Како дете , може сум имала 10 годинки и една вечер во сон но со отворени очи сум се соблекла пиштол гола и сум и отишла на мајка ми у соба и сум и рекла МАМО МАМО МЕНЕ МИ Е ЛАДНО и женава мислела дека ја дупам и ја зафркавам , и ми рекла " ајде облечи се не изводи на работа сум утре рано треба да станам " и ми рекла оди облечи се јас да одам во вц . И јас трап у облеката за на работа што и е и без перде сум легнала кај неа во кревет . И женава попиздена ми мавнала шамар ме облекла и легнала . И сабајлето не ми збори..... кога ми кажа што било се изнасмеав ама страв ме фати . исто еднаш сум се пресоблека во други пижами и сабајлето гледам легнав во розеви станувам во шарени . И мислев мајка ми да не ме пресоблека ако сум се испотила ама не и до ден денес тие розеви пижами не ги најдовме . Којзнае кај сум била и што сум правела . Сега немам таков проблем . Сега ни сама не се соблакам па камоли и некој друг хаххаха
Најново. Фала му на Бога што брат ми ме спречил. Прво сум плачела. После сум станала од кревет, сум трчала низ соба и сум викала: „Бегајте луѓе, иде!!!“ а после дека прозорецот бил отворен, само сум се качила и сум сакала да скокнам. Брат ми за цело време не можел да ме смири, да ме фати. На крај ми се развикал, и ме турнал накај него, за да не паднам. Јас ништо не се сеќавам. Само знам дека се разбудив целата препотена.
Колку само имам месечарено .... пффф неброени пати, смешно е и за раскажување дури Али си го прифаќам тоа како дел од мене, а тој што ми е у близина нека му се пази Само не ми е јасно зошто кај некои е поизразено месечарењето,а некои воопшто не ни имаат проблем со тоа ?!
Ехеее јас си шеткарам уште од мала Си се смеам..си прам муабет..фали уште да ја заземам официјалната месечарска поза! Како мала ме враќале во креветче и секако јас другиот ден не се сеќавам на ништо.. Последно се разбудив во ВЦ и никако не можев да сфатам кај се наоѓам..
Ми се има случено многу пати да месечарам... пр. кога сум била помала од сон сум станала и сум отишла во кујната да јадам торта , сум зела со раце сум јадела и сум отишла да си легнам, да спијам ...утредента кога мајка ми ме разбуди гледам целата измачкана од торта (чоколадна) а и тортата сум ја оставила на сред соба ... јас не знаев зошто сум таква но подоцна сфативме дека всушност сум месечарела ...инаку тоа беше моето прво месечарење .......................................................................... Еве уште една случка која ми се случи кога одев на училиште, беше петок и јас си легнав да спијам но во сон сум станала и сум си ја зела училишната ташна и сум отишла во ходникот сум седнала(во меѓувреме мајка ми се разбудила и ме гледала што цело време правам) и сум кревала два прста и потоа сум станала и сум почнала да ја кажувам таблицата за множење ...мајка ми некако ме разбудила и сум се вратила во кревет ,но јас на ништо од тоа не се сеќавам... а за зборување во сон? паа..да зборувам и тоа многу често
Братучетка ми месечари. Еднаш кога беа кај нас си го бараше венчето, а кај нив дома кебето го однела во дневна
Кога бев мала скоро секоја вечер месечарев. и еднаш баба ми ми даде да јадам слатко пред спиење. е таа вечер мирно спиев. од тогаш па до сега секоја вечер јадам нешто благо пред спиење и верувале или не помирно спијам.
Јас не месечарам може зборувам незнам ама имам другарка која месечари една вечер сриев кај нејзе а пред да си легнеме игрaвне на песни она вечерта месечареше среќа што имам лесен сон и ме разбуди станa и почна да игра викаше ајде пушти песна а потоа отиде кај ламбата и скаше да мокри врз неа среќа што ја вратив во кревет инаку ќе не удреше струја
Јас немам никогаш месечарено,ама памтам другарка ми кажуваше дека кога кога била помала со децата од нејзината улица си играле ноќта до кај 1 саат,и скоро секоја вечер соседот месечарел шетал по улицата..Не знам колку е точно,но кога таа ми го кажуваше ова јас се смеев