Ми се случило само еднаш, кога бев мала... Сонував дека одам по некоја шума, па после стигнав во таа куќата направена од слатки... И си седам, вештерката не ја гледав толку, и не ми беше важно, јас зјапав во слатките што беа пред мене... И толку. -.- Се будам во креветот на моите родители. И си велам-како стигнав јас тука? После мајка ми ми рече дека сум дошла и сум рекла дека сум имала лош сон... Е лошо ќе завршеше, да продолжеше сонот.
Два пати ми се има случено, и тоа среќа имав публика за шоуто иначе не ќе знаев , а за една од моите егзебиции и не знам дал сонував или стварно сум шеткала, ....е важно прошетав во пижами околу зградата во студентски сон - јаве шта те брига. Никој битен не ме видел штом никој не ме прашал. Ми се деси во прва година на факултет, од премор ваљда првиот пат сонувам јадеме со цимерката и ми вели дај една крпа. И јас си станувам од масата се фино си тргнума кон шкафчето во собата и клекнувам да земам и слушам - жебетинко, што праЕш? И отварам очи, црна темница. Не е дење ко што сонував, нема маса поставена со јадење. Цимерката поспана со разбушавена коса, јас по пижамчињата со срценца клечам на среде соба Вториот пат сум се мислела да тргнам да прошетам, ама ич не ми текнува за каде, важно си станав пошто ме чекаа од друштвово ќе се излегува некаде и одам во ходник од шкаф земам блуза, пошто по пижами не се оди, нееее, јок ! И соблекувам пижамата, бутам рацете и главата во блузата и па истиот глас - кај ќе одеш воа време? Темница пак, по ѓаволите. И ништо си легнав во кревет. Се газевме од смеење после тоа. Бог знае колку само се исплашила девојката и колку муабети од неа излегле за мене љубеше да муабети Човек на раат да не може да си сонува што си сака. Ма ајде бе!
јас обично зборувам во сон, а за месечарење не месечарам...Имам другарка која месечари од прилично малечка...замислете какви се не ствари има правено...има паднато над двојот 4 месечен(тогаш)брат, има сакано во сонот да се обесе, има одено по работ на терасата....страшна работа.
Јас месечарам и зборувам во сон Многу пати ми се има случено да месечарам , да се будам во различни соби од куќата
Kако помала многу често имам месечарено, така кажуваат моите. Сум знаела да станам и да шетам низ соба, знам еднаш татко ми ми има кажено сум станала и кажувала азбуката Сега, во последните неколку години ми се има случено околу 5/6 пати.. каде Охрид пред 1/2 години, со другарки в стан ко шо сум спиела сум станала и нешто кренела рака (ваљда како на журка) и сум барала цигари..
Си легнувам јас еднаш во мојот скромен дом,имав некои12 години. Станувам утрото-не можам да си поверувам на сопствените очи! Спалната соба на тетка ми! Ја прашувам што се десило,кога сум дошла,таа ми вика сум легнала кај неа-кај неа сум станала. А јас 300% знам дека легнав дома...А од кај мене до кај неа 3 км пат и 2.5 воздушно...Па сеа...
Кога сум била помала му се случувало од горниот кат да се префрлам во долниот и таму да спијам но сега немам никаков проблем
Хахаа арно ти, ами ко че сум на екскурзија, страв мие јас да не направам глупост Еднаш ако не ме запреше мајка ми, сред распуст на училиште че заминев хххх
Кога бев помала, ај да беше еднаш да сум месечарела... 3-4ри пати Заспиј кај мене в кревет, најди се кај мајка ми и татко ми, ме собрале кај нив да не се шетам а исто така и сум си бањарела в сон. Среќа, сега ни тоа ни тоа не го правам Спојлер Ај да опишам едно месечарење: брат ми в сон ми викал ај Литл купи ми чоколада појди, јас сигурно сум му викала не, не можам сега, ова она, и ме изнервирал в сон и сум станала. Сум викала лелее колку си досаден, кај најде сега да одам по чоколада, и сум си ги облекла патичињата, клучот на врата да отворам, а моите цело време ме гледале што правам и кога сум се фатила за врата, ме зеле и ме легнале кај нив. Сабајлето кога се разбудив, прашав што барам овде? и кога ми кажаа... им реков што не ме оставивте да видите дали ке сум излегла но им било страв да не се искршам по скали
Месечарев кога бев помала, баш моите пред некој ден ми зборуваа за тоа. Навечер сум шетала низ станот, дури и сум се обидела да излезам на тераса, да отворам врата, ама за среќа моите ме спречиле. За среќа веќе не месечарам, ама ми се случува да зборувам некои глупости во сон.
Кога бев мала месечарев и секогаш станував и одев кај мајка ми и татко ми во спална и таму си легнував. А зборење во сон многу пати
Порано месечарев, станував навечер и се селев од една во друга соба. Па еднаш знам ја зедов прекривката, ја оставив во ходник и си се вратив да спијам. А тогаш спијав со мама и тато, па некого сум морала да прескокнам... А за зборување и сега зборувам...мумлам нешто, ретко се разбира што велам, ама битно нешто си кажувам!!
Како помала сум имала некои вакви слични искуства, сега дали станува збор конкретно за месечарење или нешто друго искрено незнам
Месечарев како помала...бар така ми кажуваа сум станувала преку ноќ и сум седела на скалите на терасата и сум отварала фрижидер Нема веќе се надевам.
ахахахахах лол. се пресмеав. инаку бато месечареше. мене страв ми е од месечари.. ќе се избезумам некој да ми стане и да ми стои така аууу се ежам. п.с. Месечарите имале мн добра рамнотежа во таа фаза.
јас порано сум месечарела сега не и се надевам дека нема ама еднаш у месечарење сум отишла у кујна а мајка ми таму сум ја молела да не ме носи у Австралија после утредента која црна австралија