Пред некоја вечер сфатив дека ПРЕМНОГУ ме плашат луѓе(читај: сестра ми) кои месечарат. Ми приреди хорор, во живо. Фала и на тоа, ама ич не уживав.. Го гасам јас телевизорот, се спремам за спиење и туку ја слушам сестра ми вика: Не неее, не оди таму, излези!! И одеднаш станува, пали светло, клекнува кај бирото ја пружа раката(како да повикува нешто од под биро) и се дере: излези од таму, не оди натаму , не одиии! Ау бре, ко демон некој. Ме смрзна..
значи обожавам да правам муабет за вакви работи и имам искуство со тоа. хахахаха мнгоу зборам во сон а за месечарење еве ќе ви кажам една смешна случка. Спиев сама во собава од мајка ми и татко ми,кога тие беа излезени и јас додека спиев имав вклучено Планет тоа бугарското со песни! Оние Гергана,Марија...и мојве се враќаат и мајка ми да ме викне да се префрлам во мојана соба..јас станувам, се лепам на ѕидот и почнувам да пеам “Милувај усните ми кожата ми сичкоо...итн. итн. “ и сум почнала да се глупирам хааххаахах ! ова кога ми го кажа сум се пресмеала! А тогаш имав 13 год можда нз ! Сега имам 16 и нзне ми се десило ништо на овие години.
леле кога ќе ми текне, на една другарка се газам од смеење...Спијавме една вечер(пред 6/7 години некаде) кј неа дома повеќе другарки, и во собата имаше од оние лустерите со вентилатор (валда знаеде за кои зборувам)...И јас потешко заспивам во туѓ кревет и се вртам превртувам и туку ја гледам оваа со врвци од патики во рацете...И се шокирам палам светло онаа врзува палецот од ногата и го префрлува тоа преку вентилаторот и ти мислиш девојчево се бесе... и туку наеднаш тресна вентилаторот (другиве другарки дури тогаш осетија) од тежина, и ја прашувам другаркава што ти е бре девојче ?(а сами бевме домаи немаше никој друг) и оваа: З’ш што напрајв јас ?!? Што барам овде?! и од тогаш се смееме ко луди кога ке ни текне...таа не беше свесна за својата постапка...
За месечарење не месечарам и не познавам таква личност но за зборење, па зборат сите околу мене (е буквално сите де ). Неколку пати во животот сум зборела и јас (ми имаат кажано брат ми и дечко ми). А брат ми, мајка ми и дечко ми зборат многу стално, некогаш разбирливо некогаш не. И кога е разбирливо следниот ден им кажам што и како и не се сеќаваат.
Ова ми се има случено мноооооогу одамна кога бев мала и всушност незнам дали и било месечарење. Значи си легнав да спијам и утредента се разбудив кај мајка ми и татко ми во кревет. Се разбудив кога мајка ми се спремаше за на работа и кога ја видов се зачудив зошто се наоѓам тука, но се свртив и продолжив да спијам. Истиот ден кога си дојде од работа ја прашав зошто се наоѓав кај нив во кревет и мајка ми, ми кажа дека сум дошла, сум ја разбудила и сум и рекла дека ми е страв да спијам сама и сум легнала кај нив. Кога ми го раскажа тоа многу се зачудив . До ден денес незнам дали сум месечарела, само знам дека не се сеќавам како се најдов таму. Иначе од тогаш ми се нема случено вакво нешто
Месечар сум и тоа голем ! Еднаш коа бев многу мала сум спиела и во сон сум го послала јорганот на масата во дневната соба
месечарење не, но кога е полна месечина секогаш се мачам да заспијам.таа ноќ не да неможам око да сколопам тоа е чудо едно. незнам кога се полнимесечини не следам такви работи, но кога неможам да заспијам, ќе го тргнам пердето и што ќе видам...полна месечина.по тоа имам забележано.
јас не месечарам фала богу ниту пак зборувам во сон а кога сонувам нешто страшно се задишувам брзо и почнам да плачам а брат ми има влегувано и во шифоњер во сон а со зборувањето во сон да не се зборува што зборува вечерта тоа зборува преку ноќ
Јас му имам приредувано интересни случки на мојте. Многу се плашам да спијам во целосна темница и сама во долнит спрат од куќата. Сум почнала да пиштам кузнеј шо да прам и единствено нешто шо се сеќавам е то дека ко се разбудив сите над мене ме прашват шо ти а јасс појма немам. Инаку општо е познато дека месешарите имат многѕ добар осет за рамнотежа да многу често одат по ивици и многу мали се шансите да паднат освен ако не ги разбудите.
Баба ми ми има кажувано дека некој месечари кога е при вознемирена душевна состојба(разочарување,депресија и слично) Мене лично ми се случило еднаш(мајка ми ме начека)барем мислам дека е еднаш ,ама дента бев многу разочарана. Така да сметам дека на секој може да му се случи .но доколку му се случува постојано мора да бара решение како да си ја смири душевната состојба и да си ја подобри психата
Порано повеќе месечарев сеа не баш најлошото што ми се десило од месечарење беше кога бев на екскурзија во 3 одд. мислам , и спиев на двоспратен кревет, на горниот кревет. и точно се сеќавав дека таму легнав. ама кога се разбудив ... е тоа беше се разбудив во собата на наставничката. хаха во нејзината соба имаше два кревети, и сеа жената си легнала на едниот , а ја сум си се тупнала да другиот за мало дете тогаш стварно ми беше срам
Хмм..Еднаш татко ми ми казуваше сум ја пуштила чешмата во кујната.. А за зборење во сонот нз сега не зборам толку колку шо зборев пред 2-3 месеци..(барем така ми кажува мајка ми)
Јас драми во сон си правам. Еднаш сум зела сум плачела „немој да леташ, нееееее“! - ко нездрава некоја. Инаку секоја вечер си дрдорам и тоа ептен гласни . А за месечарење, не сум месечарела и не месечарам!
месечарев кога бев мала ама само неколку пати.еднаш се разбудив обратно легната на креветот ( нозете на перница а главата надолу).во сон стално зборувам и кога ке ми кажи сестрами се чудам пошто јас често сонувам а зборувам нешто сосема друго инаку имам братучеда која од мала 2-3 години стално стануваше и нејзините почнаа да ја врзуваат за кревет (само за ногата ) за да неможи да излези надвор.сега е веќе 10 год. и стално месечари.една вечер спиеше кај нас и спиевме во иста соба.стана и почна да зборува нешто без врска.јас станав и ја вратив во кревет. стварно е страшно тоа месечарење.и јас имам слушнато дека на тие што месечарат не треба да му се вика на име.имам читано дека некои земаат нож и шетаат по соби или одат надвор.на DISCOVERY имам гледано,една жена си го уби мажот додека месечарела и после тоа таа не се сеќаваше на ништо страшноо
Пребарував на интернет за месечари затоа што синоќа сум се преплашила спиевме со сопругот(он има обичај да збори во сон али првпат да стане) и накај 2 часот слушнав тропкање и го гледам станат стои од вратата од балконот а вратата беше отворена зашто беше многу топло и наеднаш почна да се дере и да бега накај оградата од балконот малце фалеше да падне а живееме на 5ти спрат, во тој момент му викнав неколку пати по име зашто незнаев што да направам и среќа се разбуди но не се сеќаваше како станал, знам само дека беше преплашен
Месечарам прилично често,а скоро секогаш ми кажуваат бидејќи шетам,плачам,одам во школо и што уште не.Секако дека и зборам и бидејќи сум бучна се будат и ме гледаат,и сабајле кога ќе дознаам за своите драми,патешествија ваква сум во фацата ,на ништо не се сеќавам и никогаш се немам разбудено.Последното е од денес сум велејки дека не сум виновна