Лелееее .. го мразам месечарењето , само тоа да е ај , ама и јас зборувам кога месечарам само нешто глупости трескам
Па вака јас како мала кога сум имала 5-6 годими сум станала и сум отишла на терасата и за малку ќе сум се превратела но мајка ми ме видела и ме ставила во кревет повторно. Прен неколку месеци повторно брат ми чул како зборувам се разбудил и станал да види што правам. Тој стоел на вратата и слушал а јас сум седела на креветот со затворени очи и сум зборувала за на свадба одење и сум станала сум го поминала сум ја отклучила вратата и тој ме разбуди и ми вика каде ќе одиш. А иначе колку што јас знам месечарењето не е одење во сон туку е потрага по месечината. Луѓето кој месечарат ја гледаат само месечината и одат по неа со цел да ја дофатат. Ако директно ги разбудите месечарите тие може да се разбудат како „други“ луѓе или со трајни оштетувања на помтењето, а ако им застанете на патот тие може да бидат насилни. Тоа е се што знам за себе
Ми се десило. Станав навечер во 2 саат и одам на тераса и сум седнала на ќошот со нозете долу. Сум можела да умрам ако не станел братми и ако не ме врател в кревет! п.с терасата нема ограда. мирно си спијам сега ...
Ми се има случено да зборам во сон, а за месечарење само 1-наш, ми кажуваше мајка ми дека неможела да ме врати во кревет , сум отишла во дневната и сум почнала да се пресоблекувам за по дома онака како што си седам . А за дрдорење ми се има многу често случувано, а еднаш и си го испотепав мачорот па си добив шлаканица лично од него, па после одев со испогребано лице, знам сонував дека некој волк ми се приближува и да го бркам , а у тој момент ми се качил Томи на креветот и јас сум го изнатрескала убаво, ништо чудно што и он ми врати
Јас често зборувам на сон, еднаш имам месечарено сум станала од кревет со рацете на напрет и сум одела на напред, брат му пробувал да ме разбуди ама .. и на крај сум го манала
Никад не ми се има случено да месечарам а да зборам во сон да.Еднаш сум се карала со некој во сонот Мајка ми отишла да се напие вода и ме слушнала
Koга бев мала месечарев релација:детска-спална соба Не зборувам во сон иначе еднаш мислам единствен пат кога бев на гости и тетка ми вика:абе што велиш ти во сонот ТИКВАР ЕДЕН!
Месечарам и многу често зборувам во сон. Колку смешни случки ми се имаат случено. Една вечер бев прејадена и си легнав. И во сонот сум станала сум седнала на фотелјата и сум зборувала: Така ти е кога незнаеш колку јадеш, сега нека те боли стоматок, 100 кила месо изеде. ова утредента мајка ми ми го раскажува а јас паѓам од смеење
Ова проблем ли е ? Ако е, мојот е сериоооозен. Од денеска. Си легнав во 3 утрово, добро се сеќавам го исклучив компјутерот од Turn off. Еден период, мајка ми ме буди и ми вели зашто работи компјутеров. Јас една wtf фацка, го гледам уклучен. Го поклопив само, нели се става на stand by. Кога станав сега, пред половина час, пак уклучен компјутеров. Од stand by, за да влезеш во компјутер мораш да вметнеш еден мноооогу тежок пасворд. Незнам како сум го напишала, додека сум будна го грешава, сега .. Мајка ми ми кажа дека порано сум станувала многу често, дури еднаш сум успеала да излезам од куќава. Незнам како не ме слушнале моите ..
Јас како мала имам распукано ѕид во сон Сум станала и сум почнала да лупам ептен силно по ѕидот и мајка ми станала, ме видела и некако ме вратила во кревет пак. И утрото јас се најнормално и мајка ми ми покажува на ѕидот распукано нешто и ми вика види што направи ноќеска и јас ништо не се сеќавав. И сеуште ни стои така ѕидот crazy me
За зборење во сон имам зборено како помала, но колку што знам никогаш немам месечарено. Имав една другарка и имав едно фатално искуство поврзано со не ( она месечари) кое секогаш ќе ми остане во сеќавање, дури и како траума. А имам и слушано дека НИКАКО НЕ СМЕЕ да се разбуди месечарот, затоа што може било што да му се случи, дури и до смрт. Незнам колку е точно тоа за смртта ...но тоа го имам слушнато
Jaс фала Богу до сеа не сум месечарела,ама често дрдорам у сон.Еднаш сум предавала англиски,еднаш сум играла карти со дедо ми,еднаш сум барала пиво,еднаш сум ја пеела Парадис Сити.Сум пеела бе.Ова татко ми и мајка ми кога ми го кажуваа паѓав од смеење
Месечар сум ама одамна немам месечарено,фала богу Не е толку интересно како што мислат тие што не се месечареле...Страшно е,не е смешно
Jas porano mnogu mesecharev ali v oposledno vreme i ne tolku ali eve nekoi sluchki 1.ednash se razbudiv vo wc so jorganot vo raka i poslem koga tatkomi koga se vratil od rabota me gleda otkrena i go bara jorganot i nemoze da go najde i jas se razbudiv nekako i mu vikam vidi vo wc moze da e i tamu go najde 2.majka mi i brat mi gledale izgubeni edna serija i ja spiev vo druga soba i sum doshla kaj niv i im zboram nesho gluposti 3.bev kaj baba mi i dedo mi na gosti i sum stanala i sum otishla vo hodnikot a desno e na dedo mi sobata i dedo mi nesho me prasha kaj odish i jas togash se razbudiv na noze lelele i vikam do wc toa prvin mi padna na pamet Ima i mnogu drugi raboti ali me mrzi da gi pishuvam
Само еднаш ми се има случено, пред 4-5 години. Сум отишла во дневната соба, па сум ги свалила скалите и сум се затворила во тремот(многу мал и тесен трем каде што ги чуваме чевлите). Сум се заклучила и сум почнала да плачам. значи ljoooool
Летово бев со дечко ми на одмор... Втората вечер кога се враќавме накај дома имаше едни двајца батки што изгледаа многу језиво и ги прокоментиравме... Не е битно.. Заспивам и одеднаш се будам пошто дечко ми срипа од креветот и ја фрли неговата перница, го гледам и прво нешто што ми текна да не имало некоја бубачка или слично и срипувам и јас и му викам..Што ти е? Што е работата? Он.. ме погледнува во очи и од никаде почна да ме удира. Буквално бев избезумена, дојдов на ивицата од креветот пробувајќи да се скријам и се заглавив помеѓу ѕидот и кревет, он ме удира толку силно да стварно помислив дека ќе се помочам од страв. Врискам со сета сила, и почнав да викам , Dazzle е.. ама дерење, цел хотел ме слушна.. Он се буди во бунило а јас плачам неможам да се сопрам пола саат. Од памет се извади и он и јас... Ми кажа дека сонувал како некој од тие двајцата влегле внатре, па он сакал мене да ме заштити... Многу ми е страв да спијам со него... после тоа едвај чекав дома да си дојдам...Толку ме држи стравот што дури и да треба да се иде на викенд некаде каде треба да спиеме заедно, јас одбивам од таа причина... Он цел живот збори во сон иначе, станува од кревет, шета низ куќа итн... Почнав и по интернет да барам за вакви случаи и од памет се извадив кога најдов толку многу приказни како има мажи кои си ги убиваат жените во сон... Или да сака да ја задави и слично. Тоа што најмногу ме потресува е што се дерев толку гласно додека ме удираше и он едноставно не се будеше. Си викам, замисли да ме грабнел за врат, каде немаше ни да можам да вриштам... Го молам постојано да иде на доктор, психијатар или било што да се провери, да види што е проблемот ама он некако сака да заборави што се случи, полесно му е така, незнам... Имал ли некој некое вакво искуство? Да ми каже што да правам...
Сега не,но порано да.Беше зима и јас во сред ноќ сум станала и сум се симнала по скалите и сум си легнала на троседот во дневната,а потоа татко ми ме приметил и ме качил горе.