Има право! На психијатар и апчиња да се земат. Инаку јас не месечарам, ама брат ми ми има кажано дека зборав во сон, ама само кога сум многу уморна го правам тоа. Ме слушал и дури ме снимил и јас само кажувам: -Здраво! Како си? Добра?
Зашто на психијатар? Дечкото и сам не знае дека тоа го прави додека не се разбуди, и нема врска ништо со менталната состојба на него тоа што е насилен кога спие. Не ја тепа денски! Човек кој највеќе те сака на цел свет ако има такви епизоди а ти си до него, по тебе ќе мава, или по зидот, по столната ламба, по што му е до рака. Да си оди кај матичниот лекар па каде треба за праќање тој нека го праќа. Јас сум месечар, сум кажала и на друга тема, станувам, одам, јадам, пијам вода, менувам пиџами, викам, плачам, и сум пеела во сон, камо да се научам да пеглам во сон, и работа ќе си завршам и ќе спијам. А се случило и да го удрам маж ми некогаш, бам онака еднаш, не да го тепам како што опиша Дазл, ама јадел шамар. Стрес и умор игра многу голема улога во тоа дали некој ќе месечари таа ноќ, и тука еве дечкото се нели малку уплашил од баткиве преку ден, му влегло во глава и сонува дека го напаѓаат, сонува и се брани и него и девојката макар што не види дека всушност сонот го одигрува врз неа. Постои терапија која се дава во мали дози да помогне да се скоро прескокне РЕМ фазата и да се остане подолго во длабок сон, баш РЕМ е кога збориме, шетаме, или било што правиме несвсно додека спиеме.
^ Кој ја дава таа терапија, каде препраќа матичен за ваков проблем? Не знам како се ублажува или лечи, познавам некој кој месечари во сон и неколку пати било дојдено до не баш пријатни ситуации и никој не сака да си побара помош... Без разлика дали дечкото ја сака најмногу на свет, дали е ангел преку ден и не гази на мравка, ова треба да се сфати озбилно, ете малку фали да работите завршат лошо, а ако тој сака да заборави дека не се случило и не сака ни да размисли да најде чаре, тогаш јас лично не би легнала да спијам до него...
Јас сум праќана од матичен на клиника за спиење, но немам одено. Оти практично те закачат на апарати за монитор додека спиеш, како минеш низ различните фази, колку пати на ноќ... парализа на мускули при спиење има ли или нема дрн дрн, за да елиминираат други неуролошки заболувња. Проблемов не ми е драстичен, бар јас така мислам, па од нив да барам анализи и помош. Е сега, јас не сум во мк, не знам вакви експерти постојат ли, ама ега се упатени и докторите во мк да знаат колку толку со што си имаат работа кога некој им отиде со таков проблем. И покрај тоа што јас одбив да одам кај овие специјалисти, матичен ми има понудено да ми препише таблетки клоназепам. Ги разгледав што се и макар што тврдат дека не се ствара зависност, додека маж ми не ме гони во друга соба и нив одбивам да ги земам, но еве тоа даваат тука за терапија без некоја официјална дијагноза, само го наречат нарушено РЕМ спиење или со такви некои дисордер зборови.
Мене ми текнува на еден сон пред 1-2 години тоаш имав 11или незз колку години. Бевме на лизгалиште со другарки и видовме едно убаво дете Никола му беше името и ја на фб го барав ама не го најдов и вечерта легнувам да спијам цело време мислам на него. Сум заспала и сонував сон како у град сум видела дете што личи на него и на другарките им викам Ај да провериме и заврши сонот. Утре дента мајка ми ми вика аа што збореше во сон ,,Ај да провериме,, мене ми текна ама реков незнам не ми текнува. за месечарење братучетка ми станала и у детската мислела дека е у кујна и после незнам што правела не ми текнува одамна ми кажуваше.
Незнам дали ова е месечарење ама ќе го раскажам тука. Се будам после полноќ и убедена дека има голем пајак на креветот се фрлам во на сестра ми во креветот, цело време сум и велела дека има пајак и таа жална морала одново да ми постила креветот ради „пајакот“ и после се сеќавам кога легнав ми беше многу страв па спиевме со пуштена сијалица. Инаку за зборување во сон, ми се има случено, повеќе пати. Имам барано торта, се имам карано итн... Зборувањето во сон не е ништо за разлика на месечарење.
Братучедка ми месечари во сон, си шета низ куќа. Баба и кажа да ја водиме на самовилска вода, демек самовилите ја кревале од кревет, во што неверувам
Бевме собрани на викенд ..... Преку ден скари,дружби и ајде останавме да преспиеме но имаше и луѓе што ги запознав тој ден ...Кој да ти знаел дека еден дечко си месечарел.Неможам да спијам ако има бука (читајте некој хрчи ,или поточно работи 3та смена во пилана и делка трупци ).И така излезен во дворот од викендичката ,причина цигара нели колку нервозата да помине некој шета таму ваму како изгубен ...1 пат сите можни влакна се накострешија на мене .Незнаев што му се дешава ,да беше мн пијан ке паѓаше ова оди како поспан со чуден полупоглед како да го наречам незнам и се што прашав ми одговори точно ..АЛИ језиво аууууууууууууу .Сфатив(ме) дека месечари и една девојка полека го однесе до креветот .Наредниот ден не му напоменав незгодно ми беше ,но потоа сам кажа да не има некој ислашено бидејки си месечарел па тука малце паднаа заебанции на негова сметка Само сум љубопитен дали е месечарењто нешто како болест ,па има начини да се излекува или пак .. ?
Хахаха лелее кога ќе почне да си зборува сестра ми, јас ко ненормална се смејам А пак братучед ми месечари, минатата година кога бевме на гости кај баба ми беше си излегол на терасата ..
Пред неколку години, кога имав 15 се разбудив пред комјутер со нозете дигнати на бирото, косата испеглана во рака пеглата за коса и цвиќери ( очила за сонце) На одмор пак кога сум била на мои 13 години сум станала сум ја отклучила вратата и сум отишла кај келнерот и сум му викала хеј бејбе многу си тиквар ми ја донесе супата ладна ај ќе ти простам зошо си убав. Дечково се мислил дали да ми каже, а кога се решил и ми кажа замисли, кој срааам И еден пат сум станала и на ивицата од оградата сум стојала ме прашувале зошо сум таму сум рекла дека сум на уметничко лизгање на лед. Па некако дечко ми и другарката ме симнале
охооо како цд сум се што правам дење се што зборувам во сон тоа се се повторува и така може без проблем да знаеш што сум правела и кај сум била , а за месечарење како помала почесто сега баш не,знам татко ми ми кажуваше како сум се спремила некоја вецер многу доцна за излегување и едвај ме вратил во кревет а јас утредента кога ми кажуваше не знаев за што зборува тоа може и да се искористи,ке си отидеш кај сакаш и после ке се правиш ,,тошо,,
Јас многу често месечарам ..и во сон зборувам.. Најново ми е гол-гол 3+... сум го кажувала ова во сон 5-6 пати.. ... Кога бевме на ескурзија.. сум месечарела и сум искочила на тараса и сум си седела на оградата..и на крај сум си легнала во вецето.. ... кога беше зима, сум се спремала, сум се облекла и се.... ќе сум одела надовор снешко да правам.. еднаш сум сакала во када да легнам, брат ми одвај во кревет ме вратил.. Туку и многу често имам од оние луцидни соништа..
Ми се има случено,пред неколку месеци,ми кажуваше мајка ми сум станала и сум отишла у WC во кадата сум легнала А за зборење у сон...Еднаш сум ја барала Црвенкапа,друг пат сум и рекла на мајка ми да ми направи тост,тоа 4 сабајле...И пак си зборам у сон,ама поретко
Леле секогаш коа ќе се сетам срам ми паѓа Во четврто одделение бевме на екскурзија на Пелистер,и собата ни беше до наставничките,и вечерта коа си легнавме после 2-3 саати сум отишла у собата на наставничкиве и сум легнала на кревет до едната.. И сабаљето се будам си бев у нашата соба и доаѓа таа наставничката ми се смее нешто и коа ми кажа леле се усрамив и тоа пред сите деца кажа