кој е денеска на диета??? леле јас сум на диетава и цело време си мислам на јадење ама инат сум нема да јадам!!ајде подршка !!
Јас еднаш летото ја пробав и ја издржав ама почнуваше сабајлето во 3 до др сабајле во 3, а јас направив од 8 вечерта до 8 др вечер, и само вода пиев др ништо ни сок ни цеден ни никаков. Не се мерев ама се осетив попразна некако полесно се осеќав, и немав некои големи кризи за јадење (само да се заинатиш и ќе издржиш) позз
здраво феминки, јас сум многу задоволна од месечевава диета, ја држев минатата недела прв пат на полна месечина и сега на последна четвртина, вкупно 3.5кг. Се надевам дека не е штетно секоја недела да се пијат само течности (вклучувајќи сокови од исцеден зеленчук и исцедено овошје, чаеви и вода), со оглед на тоа што после диетата си јадам нормално, ама количински помалку бидејќи не ми бара организмов храна како претходно. Следен пат на 4ти март планирам повторно на течности, па ќе ве информирам. Дали уште некоја од вас ја држи диетава овој период? Поздрав и успех на сите диеталки :о)
Јас па скроз измуив на диетава, а баш е практична. Фемме, морам да ти се заблагодарам што коментираше во темава, затоа што да не го видев твојов коментар немаше никогаш да се сетам на оваа диета. Претходниот пат кога си ветив дека ќе ја држам не го исполнив ветувањето, па се надевам дека овој пат нема да биде така.
Кој е со мене денеска? Јас за прв пат се одлучувам да ја почнам, па ќе видиме какви резултати ќе покаже. Ајде, ми треба друштво
Денес е тој ден? Е наредниот пат пиши ден пред тоа да се подготвам психички , а и веќе почнав со појадокот. А инаку баш би сакала да пробам еден ден да видам како ќе ми оди.
еве јас сум со тебе,прв пат ке ја држам диетата значи дури вечер во 21 треба да почнам,така? ајде ке пишам после тоа дали сум уште жива хаха
^Да, после 21:46 нема јадење, само водичка ќе си пиеме...И откажување - НИКАКО! Koj ќе преживее, ќе раскажува!
Ауу и јас ќе се нафатам ако не, и така слабо јадам деновиве. Не е проблем ќе издржам, ќе пијам зелен чај незасладен , не е проблем да се пие чај нели
И јас таа ја држам, денес на месо сум. Ама ако утре ќе направам пауза, па си продолжувам од задутре со зрнеста храна