Како оди девојки? Јас од 9 саат го прошетав цело Скопје, и тек сега се вратив...Нозеве ме кинат...Се надевам дека ќе ослабам килце до утре А за кризи немам нешто посебно...Избегнав да јадам тост (бев со една другарка која секогаш може да ме натера да јадам ) така да...горда сум на себе Вие како се држите...Да не се откажа некоја случајно?
Јас како што изгледа не прочитав баш најубаво, затоа што прв пат пробав да ја држам диетава. Се концентрирав на датумот, а часот воопшто не го зедов во предвид и почнав вчера од 00:00 да ја држам. Тука случајно видов дека сум згрешила Така да, ќе чекам до 13ти наредна недела. Вчера до 6 часот не јадев ништо и кога видов дека не треба така, се разочарав
И кај мене оди супер, моментално пијам сок од зеленчук (спанаќ, магдонос, целер, пашканат, краставица, зелка и лимон). После планирам да пијам сок од овошје и зеленчук (цвекло, морков, јаболко, киви, лимон). Останатото е вода, чај и сабајлево нескафе со вода. Мене ми е трет пат едно по друго и веќе ми станува навика. Поздрав до сите и се надевам ќе добиете идеа за соковиве, мене барем ми се супер.
Ништо не правите со соковиве,особено со овошните,макар и дома цедени. Повеќе од пола литар до литар сок од зеленчук не се препорачува,а овошен воопшто,така да...поубаво ќе ви биде на чај,кафе незасладени и вода да сте цел ден ако сакате да има ефект каков-таков.
Лилит кај мене имаше ефект и на овој начин што го кажав (минатите две недели вкупно стопив 3.5кг, оваа ми е трета по ред), со оглед на тоа што главно пијам вода, а соковите се вкупно 600мл од двата по 300мл. Сепак треба да се внесуваат и витамини и минерали. Кој како мисли така нека прави, јас само го дадов како идеа. Поздрав
И јас кажав како сугестија,не наметнав,а и веќе кога пиете овошни сокови,поубаво во првата половина од денот за да имате време да ги потрошите шеќерите.
Јас издржав,цел ден бев на вода и на чај,епа ајде сабајле да се измерам да видам дали имам нешто симнато
Знам дека е добро прочистување на организмот и дури добро е еднаш месечно да сме исклучиво на вода за детоксикација. Ама не ја разбирам поврзаноста со месечината и тежината. Не сваќам, а не ни прочитав тука мислење за тоа, детално објаснето. Што е финтата со месечината? Како влијае? Мене ми нема логика. Не дека не може да се ослабне ако ова се практикува, секако дека може, ама зашто баш на полна и млада месечина? Обратно од ова тие што ќе јадат многу на овие денови се ќе им се фати или? Што ако секој први во месецот вршам детоксикација? Нема да ослабнам тие денови само на полна и млада месечина се слабее? 100 прашања поставив ама пуста љубопитност
rossonerka jaс ја држев вчера и денеска и имам ослабнато 2 килограми! диетата е добра а за неа ми имаше кажувано една пријателка на мама која живее во србија била многу дебела па со таа диета успеала да ослабне околу 10 килограми мене ми се допага искрено јас ја држев и минатата недела приметив имаше резултати ама после бев на роденден и неможев да не и одолеам на едно парче торта и дома уштре јадев.. а за вчера и денеска супер се чувтвувам иако во чајот си ставив мед и си лапнав неколку лажици мед. ) оваа е докажано од некои многу стари научници дека ако ја држиш таму да време на млада полна месечина ке ослабнеш многу е стара оваа диета иначе не губете надеж зашто од прв пат можеби нема да примети зашто и нели прв пат можеби не ви се случило да не јадете толку време,организмот нели уште не е научен ако не првиот вториот пат мора да симнете барем 1 кг се знае и ако се придржувате точно кон диетата
јас ке почнам од 14 .32 до утре 16 32 зашто негде пишува од 14 .32 а овде од 16.32 а што си е сигурно ,сигурно два сати мислам не играат улога барем јас мислам така .......
http://www.doma.com.mk/artikal.aspx?ArtikalID=9069 А ваква вода може ли да пијам ? Од таа на Добра вода Wellness што е?