АЈДЕЕЕ Today is THE day пс. само за кафе чисто на пример попарено нес дали смее ако знае некој нека писе,плс.
Mislam deka poubavo e cel den da probas da pies samo voda i eventualno cist, priroden domasno napraven ovosen sok bez dodatoci. Jas probav da ja drzam ovaa dieta na 10 ovoj mesec i cel den bev samo na 2litri voda i 1casa sok od portokal sto si go napraviv so sokovnikot, no utredenta bev kako bolna... neznam sto bese rabotata ama ne se otkazuvam ke probam povtorno i na 23.01
добро е значи не сум сама на 23 знаци ке имам подрска тие Что решија да ја држат денес ... имате подршка издржете ( сетете се само што изедовте за празниците )
И јас ќе ја држам на 23 не знам како ќе успеам ама ќе пробам. Порано ја имам држено и успешно беше, ама за сега не знам дали ќе издржам .
Денес месечарам и не ми е тешко, воопшто. Ако почувствувам интонација на филхармонијата, ќе се напијам чаша вода и се е во ред. Пијам и доста чаеви, билни, не сакам овошни, само за мирис ги бива, инаку ми го сушат грлото. Турско кафе без шеќер е дозволено. Доволни ми се 2, без претерување за да не ме вијат болки во гладниот желудник. Инаку сметам дека 2 пати месечно ми се доволни за гладување, кога е месечината полна и млада. Не ми е макотрпно, но сепак подобро ми е кога целиот ден ми е зафатен и едноставно немам време да мислам на јадење.
издржав цела ден, и само вода се дуев, гладував буквално денес, но во 21часот дечко ми направил шопска и неможев да и одолеам така со младо кромидче мх мх и седнав и цела ја изедив и ми пропадна диетата но и не ми е многу криво наредниот месец пак ке пробам може ке успеам
Најверојатно не си се придржувала до правилата или потоа одма повторно си почнала со нездрава исхрана, во поголеми количини. И со 3 пати држење на диетава неможеш да имаш некои фатални резултати. Рачунај си на секое држење по 1кг (иако различно е кај секој некој и 3 кг губат).
Однесувањето на луѓето наводно е поврзано со месечевите мени. Се верува дека луѓето на полна месечина поинаку се чувствуваат, се јавуваат проблеми со срцето, главоболки, депресии . Месечината има поголемо влијание врз жените отколку мажите, па и месечевиот циклус од 28 дена е поврзан со менструалниот циклус кој исто трае 28 дена. Покрај менструалнит циклус месечината влијае врз течностите на жената во телото, бременост, менопауза. На полна месечина раните повеќе крвареле, и затоа не е препорачливо тогаш да се земаат вакцини и да се прават операции. Е сега, месечината е поврзана со течењето на водите на Земјата, заедно со Сонцето ја предизвикуваат плимата и осеката и го подигаат и спуштаат нивото на водата. Кај човекот таа е поврзана со крвотокот, концентрацијата и нивото на вода и течности во организамот. А и целта на оваа диета е да се прочисти организамот од токсини и задржани течности, па најверојатно таа би била поврзаноста со месечината, т.е со течностите во организамот. Едит : А најголемо влијание има кај родените во знакот рак, бидејќи Месечината им е водечка планета, и предеизвикува нагло забрзување/ забавување на метаболизамот а тоа резултира со нагло губење или добивање килограми.
МЕСЕЧЕВА ДИЕТА, РАМЕН СТОМАК? дечки ја има на фемина диетава, јас еднаш ја држев, но незнам дали ќе делува.... ај ве молам кажете ако сте ја пробале дали има резултати и слично... инаку сакав да ве прашам , ДОЛГО време имам ОГРОМЕН проблем со мојот стомак , ама кога велам стомак , навистина ми е многу голем, ми се дуе , неможам да го поднесам и многу се нервирам, САЛО, САЛО. некако многу ми е безнадежна работава со стомакот, не верувам дека помага нешто , за да го добијам оној *рамен стомак од соништата* ако имате некое искуство , нешто , ќе ве замолам помогнете, сакам до летово да го симнам, ајде не цел, ама повеќето инаку имам 14 год. и имам околу 76 килограми.... многу е сепак си држам јас некоја своја диета, еве „режим“ , да кажеме, ии незнам не сум се мерела , веќе три недели не јадам благо, не јадам солени работи, пијам течности, пијам баланс јогурт..... ии не јадам мрсни работи, и како што кажав предходно, месечевата диета почнувам да ја практикувам..... а вежби правам ретко, но кога ќе се затопли ќе правам секој ден .
џабе ќе се мачите со оваа, јас колку пати ја држев летото, и џабе бегај бе, само цревата ми се прецвикаа од што беа празни воа не го бива, така да не се мачете за џабе
па еве јас ти кажувам дека повеќе пати ја држев и не ослабев вие ако мислите дека ја бива, држете си ја.. едит- тоа што се осеќаш лесно, е моментално, зашто си гладна, а се најадеш па си иста
Се сложувам со Лудото. Ако сакате да ослабите, оваа диета не е начин. Таа е само за прочистување на организмот, не за слабеење.
Можеби не е инстантно успешна, но е доволно добра да може да го привикне организмот на помало внесување на храна. Сепак тест на издржливост е. Ако издржиш еден ден на вода, ќе можеш и окото лакомо да го затвориш и мозокот да го залажеш од непотребна прекалорична храна.