Ме интересира, чисто информативно колкав е месечниот трошок за новороденче /бебе? Зборам за најосновните работи - памперс, влажни марамици, павличева маст, АД млеко? Извинете ако прашањево е во погрешна тема, нека го преместат модераторите слободно.
Зависи што и колку користиш плус колкаво бебе. На почеток првиот месец моево поминуваше со 4-5 лименки млеко, значи за тоа некои 3500 денари. Околу 4-5 месечна возраст пред да почнеме со каши, доаѓавме и до 6500-7000 денари за млеко само. Околу 3000-4000 денари памперси и влажни. На почетокот земав Мустела што пред 2 години беше бар 50% поевтина од сега. Се користи со месеци. Така да тие 1500 денари тогаш за шампон и млеко за тело, на неколку месеци ги давав. Разгледајте цени во аптеки, ги имаш и онлајн и ќе си видиш спрема финансии што ти одговара.
Уф, се зависи што и како ќе купуваш. И дали ќе е на АД или доење. Јас имав новороденче пред нешто помалку од година ипол. На почеток околу 3 пакетчиња млеко трошевме месечно во просек. Хип Комбиотик 1, околу 1400-1450 беше кутија, значи околу 4200 ден за млеко. Овде и вода доаѓа - појма немам колку шишиња. Јана медо од 1 л е 40 денари. Нека се 15, ама мислам дека беа повеќе. Вода - 600 ден. Памперс (памперс премиум користам од старт), околу 4,5 пакетчиња единечни на месец. Тоа е 3000 ден. Влажни еден картон околу 1 месец ми трае, water wipes. 2700 ден е картонот. Порано почесто пелени се менуваа, сега јаде и се бриши по тело повеќе. Павловичева мислам дека 1 кутивче одеше на недела, ајде нека се три месечно на др.Павловиќ - тоа се 1000 ден. До тука се 11500 (за нашиот случај). Дополнителни, имаш пробиотик капки, ампули витамински секој ден што се даваат. Ние на Бејбитол користевме, тоа е сигурно уште 1500-2000 ден месечно. Е сега за млеко за тело, купка - ова трае 1 шишенце по 3-4 месеци. Јас користам од почеток на Гамарде, и не би ја сменила за ништо. Никаков проблем немавме.
Моето е сега 4м па цениге моментално;: памперс премиум користиме 900ден е паковање. Околу 3-4000месечно. Влажни користам на бекутан ама не знам колку точно валјда 500-600ден месечно. Витамините ти се 1000и нешто ситно(бејбитол) . Подлоги за менување пелени користиме и на нив ми идат доста пари. Паковка е 180ден внатре има само 10. Крема мустела 123користиме таа е иколу 500-600ден ама една ми трае по 2м отприлика. Козметика исто на мустела околу 3м ми траат тие… малку се става/мачка на бањање. Околу 800ден е млекото. 500шампонот. Пробиотик не сме користеле дека е само на доење, капки колиеф имав купено на почетокот ама и тор ги дававме малце околу 600ден мислам се тие за грчеви.
Јас искрено никогаш не осетив некои голем трошок како што се жалат повеќето, иако гледав секогаш да заштедам на се. Ние од старт сме на бејбилов nature пелени, околу 3/4 пакетчиња месечно по 375≈1200ден, веледа за пеленска регија една крема месечно≈500 ден, шампон не знам од кога немам купено исто на веледа, значи сигурно 4-5 месеци користам едно шише, витамини за новороденче ≈1000ден., понатаму се помалку, за марамчиња користам туфери од дм кои ги навлажнувам со вода, ме чинат околу 300-400 ден месечно и генерално е тоа. Од јадење што не јадеме ние купувам само шмукалчиња и тоа 4-5 месечно, значи околу 200-300 ден, но тоа за новороденче не ти треба секако. Е, секој месец излегуваат непланирани трошоци дали за лекарстава, некоја активност, некоја крема и сл, околу ≈500-1000ден. Вкупно: значи, грубо околу 4000 ден месечно.
Зошто крема за пеленска регија една месечно? Јас третата ја трошам моментално, а бебе е 16 месеци. Многу малку ја трошиме, го бањам на два дена и само тогаш ставам од неа, или ако има некое црвенило. Ама досега сме немале проблем во тој дел, а со атопичен дерматит е. Дали јас малку ставам? Исто Веледа користам. Инаку, да, и ние не осетивме некој голем трошок, ама и на доење си беше 6 месеци. Мислам дека и тука се заштедуваат доста пари. На почеток трошевме повеќе пелени и влажни, е сега колку точно не се сеќавам искрено. Ама земавме повеќе секогаш, по 2-3 пакувања, па не знам за колку време сме ги трошеле. Козметиката со месеци ја користиме. Каши (најмногу солени) и шмукалчиња (за надвор најпрактични ми се) земам поголема количина одеднаш, околу 3000 денари месечно трошам за тоа. Полесно ми е така, полнам фиоки и раат сум. Давам само Д витамин, некои 300 денари беше, долго тераме со едно шишенце. Подлоги за менување пелени на почеток исто повеќе трошевме, сега со едно пакување тераме неколку месеци.
И јас крема за пеленска регија користам само по потреба. На секое какање миеме газ и ретко се вцрвенува, не сме имаме проблем. Од козметика го трошиме најмногу шампончето, на weleda користам, ама и тоа по малку, уште сме на првото шише, 4 мес има. Инаку, на доење сме, немам трошоци во тој дел освен перничиња за гради јас доста користам, пример 3-4 кутии месечно, од дм, една е 129ден. Влажни за бебе многу малку користам, секогаш го одмивам кога сме дома. Туфери такви памучни едно пакување. Пелени се стандард трошок, е сега има разлика во цените, baby love мене ми се добри во однос на цената а моментално сме на памперс премиум. Витамини и пробиотик е нешто поскапо, витамини на babytol за месец дена Д е околу 350, а омега чинам беше околу 650. Пробиотик на biogaia околу 700ден. На облека може да потрошам повеќе од мерак отколку од потреба, носиме од братучедите, тука прави голема разлика доколку имаш кој да ти позајми.
Подлоги на секое менување фрлаш? Јас пошто нели големи, сечев на пола, и истата си ја користев додека не ја извалка. Сигурно повеќе од 1 пакет месечно не трошевме, некогаш и помалку. Ептен ретко се случуваше да се помочка на подлогата. Е јас нов памперс ставав под стариот, отворам стариот, бришам, тек тогаш го тргав памперсот користен ако треба мачкам крем и лепев нов. Со женско бебе на овој начин ретко кога се случило да ја помочка подлогата.
@st-el во врска со кремови, масти за пеленска, прво што се штетни да се користат без потреба друго се скроз непотребни на секое да се става. Можеш да поминеш со една тубичка и со месеци па и фазла. За влажни марамици исто се скроз непотребни и штетни, макар и да се со 1000% вода, најубаво е да си миеш бебе со млака вода или ете туферите се добра замена. Шампон трае со месеци, крем/ млеко за тело само ако бебе е со атопичен дерматит или вистина има потреба, инаку не гледам зошто да се шлака бебе со толку нежна кожа со хемикалии. Колку помалку препарати користиш толку подобро за бебче и гледај да се што е можно со поприроден состав. Како најголем трошок е нормално АД, но секако ако бебето цица веднаш си со добра месечна заштеда.
Имаш повеќе опции низ продавниците за памперс и влажни, ако е осетливо и се вцрвува одиш повеќе со sensitive линија на производи и е поскапо, другите цени зависи од брендот. Шампон и козметика на Веледа траат доста, па и година дена. Јас немав потреба да ставам на секое менување пелена крема, па и тоа не трошев. Доењето е исплатливо, ама и да е на АД тоа се отприлика година дена, после можеш кравјо млеко. Од четврти месец почнуваш со вкусови, храната постепено го заменува млекото. Се на се до година дена ти е некој така 100-200 евра од буџет месечно, зависи од преференци и од разболување затоа што секое си носи околу 2000, секако може и помалку. После јаде од вашето јадење, но има трошоци за обувки, градинка и слично. Нека не те плаши трошокот, не се мами на маркетинг трикови и не можеш да предвидиш. Постепено ќе тераш. Би сакала да има ваква тема за тодлери...
@defocus , оф топик ама и со тодлер еве Ад давав до кај 2 години, со тоа што пиеше 1-2 шишиња во ден, значи некаде тој период околу 3000 денари за млеко. После веќе кога ќе побараше кравјо и тоа не многу и не често. Храна - ретко нешто специфично детско/бебешко да сме купувале посебно пак околу 2 годишна возраст и натаму, тек тук некои смоки интересни ако сака, шмукалче. Памперси околу 2000 денари месечно. Крем ставав ептен само после бањање или ако е зацрвената. И тоа со месеци. Исто и козметика. Не ја шлакам со се и сешто и постојано. Гардероба често многу собира за Нова година, роденден, рандом прослави и празници, па ретко да има потреба да купиме нешто. Ама и тој трошок е произволен. Се валка, кини, така да и да купиме, земам евтини работи од Синсеј, Ваикики и сл. Е за обувки даваме повеќе пари. За тука не купувам се и сешто. Градинка околу 2000-3000 денари. Вклучувајќи месечен надоместок, хигиенски пакет и ако има некоја активност базар и слично што треба да се организира месецот. Играчки исто зависи, дали ќе добие, кога и колку.
Благодарам за советите на сите членки, имајте убав ден И ајде нека повели некоја членка да отвори тема за тодлерите.