Серијата има 10 епизоди од по 40тина минути. Фикција. Дејството се одвива во Сирија и САД. Култен лидер се појавува во Сирија и агентка од ЦИА е сериозно загрижена и решена да го следи случајот и да го открие идентитетот на човекот кој народот го нарекува Al-Masih. Цела сезона ја изгледав, а немам склопено мислење, само scattered thoughts... Не можам ни оценка да дадам. Ме интересира што мислите вие?
Никој не ја гледа серијава? Штета ако е така, предобра серија, многу контроверзна и заразна. Ви препорачувам да ја изгледате. Ја завршив пред некој ден и ептен ми се допадна. Ништо не се одвиваше по моите претпоставки, изгледа многу романтизирам. Е само крајот го погодив, ха!
Јас ја гледав и пишав во некоја од темите али слабо се прозва некој,не им делува примамлива за гледање изгледа. Многу добра, без непотребни сцени и глупости. Се зачудив дека ме заинтересира нешто вакво
И јас како @WildMk не можам да оформам мислење, иако уште пред 10 дена ја завршив. Не знам, може дека тематиката не ми лежи, па затоа и мислењето за серијата ми е некако мутно Добро е направена серијата, дефинитивно ме заинтересира за да ја гледам и втората сезона кога ќе излезе. Добро е прикажана приказната како се одвива, ликовите се ок. Се надевам додека излезе втората сезона ќе одлучам дали ми се свиѓа или не
Не знаев дека имаме тема за серијава. Многу дообра серија. Во два дена ги изгледав епизодите. Од почеток до крај ми задржа внимание. Серија во која не би можела да погодам што ќе се случи следно. Буквално од почеток до крај непредвидлива ми беше. Би ја гледала и втората сезона.
А ќе има втора сезона? Мислам дека им е лоша одлука тоа, но добро. Не знам, јас ептен бев фасцинирана од лудилото на народот и од Месијата - до последно не знаеш дали е сериозен или се зеза, дали навистина си верува во тоа или е тежок преварант. Прејако. Гледајте ја, не знам што друго да кажам без да спојлам. @Doozy, ти ја гледаше ли? Да ја гледаш, ќе те бендиса.
Јa изгледaвме oдмa штoм излезе, измешaни емoции имaм, интереснa прикaзнa, дoбaр тим нa глумци нo сепaк нештo ми фaлеше. Акo имa 2рa сезона ќе јa гледaм. Прашање: Дaли типoв сaмo мене ми беше ептен sexy или и нa вас?