Барав, но не најдов ваква тема...доколку е дупла, а јас сум превидела, се извинувам... Колку често е застапено месото на вашата трпеза (не зборувам само за сувомесни производи)? Колку пати во неделата кај вас за ручек има месо? Што кога некој јаде, а некој не јаде месо? Промена на менито со јадење кое го јадат и двајцата или два ручеци? Еве како е кај мене. Прво да си кажам дека сум пресреќна шо мм не е некој ептен забеган гурман и имаме слични навики за јадење. Не сметајќи ги сувомесните производи (кои не дека нешто многу ги јадеме), обично во текот на неделата двајцата заедно внесуваме 250 до најмногу 300 грама месо. Грашокот, гравот и сличните манџички ги преферираме без месо... Како е кај вас?
Многу често можеби и превише, единствено ако правам тестенини (освен лазањи) тогаш нема месо. И јас и мм, а Бога ми и ќерка ми, сме гурмани, уживаме во храната и нас ручекот ни трае едно половина час (со мезе, со ракиичка(добро сега јас не пијам, ама правам друштво при јадењето на салата ) со сите салтанаци), така што со оглед на тоа дека и двајцата сакаме убаво зготвена храна, секој ден готвам различен ручек и месото мора да е застапено. Неколку пати за време на пости имам направено посна манџичка и за еден саат и двајцата бевме гладни, срамота, како кучиња се вртевме околу фрижидерот. Не сега да излезе дека се фалам, ама со оглед на тоа дека сега сум ограничена со изборот на храна (компир, ориз, месо и тестенини смеам да јадам, затоа и сум дебела )поради грчевите на бебето, само барам некои интересни специјалитети и експериментирам. Читам дека не ја спомена рибата, ама јас и неа ја сметам како месо. Обожавам компир салата со риба (само пастрмка, ослич и црвеноперка сум јадела од риби). Да си признаам не сакам риба, поготово ако треба да ја чистам , ама гледам да ја вклопам во неделното мени. Некогаш купувам и филети поховани, побрзо се пржат, а и добри се за промена. Манџите (компир и грашок)исто се со месо, чисто телешко месо, кртина без мрсничко, во месарата ме знаат и секогаш ми го чистат, боранија правам потпечена со мелено месо во релна (ја има во темата за рецепти), а гравче со кобасички или со ребра, зависи што ми се наоѓа по дома. После периодов на доење сите дома ќе ги ставам на диета, вклучувајќи ја и ќерка ми и се надевам дека ќе го намалиме внесот на месо.
Риба ретко, oсвен оние похованите филети кои шо бараат само да ги испржиш, инаку ме мрзи, многу процедури ова она и треба ептен да сум расположена за да ја спремам (леле шо домаќица сум , брука) Во спремање на риба мајка ми и свеки се борат за првото место...абе колку и да не јадеш, така ќе ја спремат шо со мерак ќе си пробаш Свекор ми и свекрва ми се сосема друга песна, без месо не им поминува, ако не денот, секој втор ден, а коа идеме таму ги имаш сценине од Зет Домазет Фериде ко ги тера да јадат Нико и Назли „земи си, земи си“
Ммм.. доста често.. најчесто пилешкоо. А од сувомесните исто такаа.. Ма да ја сум месојадно животно и такаа..
Кај нас дома сме месојадци и гурманчиња сите .Конзумираме скоро секој втор ден,а исто така и рибата многу сакаме да ја јадиме.Телешкото и свинското најчесто го ставаме во манџички како грашок,компир манџа,како и пилешкото,а јагнешкото го печиме .Стрина ми го прави на специјален начин и е многу вкусно.Пилешкото е најчесто застапено и мене ми е најубаво бидејќи нема воопшто маснотии и може да се зготви на секаков начин и оди во секое јадење.Боранијата и јас како и Лолита ја правам потпечена со мелено ,ама може и со пилешко-пробајте во иднина .Гравчето ич не го сакам со ребра,но затоа пак со колбавче или ќофтенце го обожавам .
Кај нас секој ден со различна манџа, освен за време на пости и во петок. Најчесто е свинско, пилешко може со ориз (батаци) или некогаш стек. Риба мноогу ретко, си сакам јас риба ама економска криза, шта ќеш.
Од пилешки стек, особено печен ми се згади за цел живот а порано го јадев многу. Друг тип од печените меса не јадам баш многу, а се прави кај нас. Свинско, џигери, риба не јадам и никогаш нема да јадам. Од месо воглавно јадам повеќе од скара, колбаси, плескавици, ќебапи, увијач и такви работи. А се многу лоши за линијата па ги избегнувам почесто.
Во секое јадење, дури и кога праваме лазањи, шпагети бла бла .. мораме да имаме место!!! Ама под обавезно Пилешки стек со сос во фурна, после пилешки стек со шпагети/макарони зависи, пилешки стек со ориз печени заедно во фурна или пак со печен морков, компир. Печена кокошка внатре полна со грашок, морков, печурки. Риба, печена со многу магданос во фурна, пржена риба со каша или со црвени компири, или пак печена риба со компири и многу магданос пак во фурна. Колбаси печени во фурна внатре со кашкавал, кебапи, е само плескавици ич не ги јадеме Лазањи со мелено месо, после кофтиња со мелено месо + оригано + магданос, или кофтиња во фурна + сос. Свинско со шпагети, сос, ориз, варен тој на 7 минути или печен. И то
Месото е многу ретко застапено на нашата трпеза, бидејќи не ни е баш омилено. Се случува еднаш во месецот да јадеме плескавици.
секој ден,нема ручек без месо,не дека го јадеме количински којзнае колку ама мора да има,без разлика дали е пилешко или телешко-задолжително е
Јас јадам месо скоро секој ден,било да е сувомеснато во вид на салами и колбаси или,пак, за ручек и вечера како пржени колбаси.рибини филети,пилешки стекови,пржено или печено телешко или свинско месо,пржени риби,гирици,ќофтиња,скара не сум јадела одамна,но многу ја сакам како ќебапи и плескавици со кромид,заедно со пржени компирчиња и пиво!
Многу аир од месо нема,па затоа и почнаве да го избегнуваме. Да можеме скроз би го отфрлиле али здравје. Ништо корисно нема во денешново месиште освена ако не си одгледуваш сам дома па кога би ги ранел би знаеш што всушност јадеш иако и затоа сум скептик поради една единствена пришина што се притрпува кутрото животинче додека го колеш а подоцна всушност му го конзумираш се тоа што го трепело додека се мачело и то се пренесува и на нас.Просто и логично! А за салами,виршли и паштети не долази у обзир тоа е начисто самосвесно труење,па ко воли нек изволи
Речиси и не јадам! Порано многу повеќе ама како минуваат годините намалив да конзумирам..Не е страшно затоа што протеини има и во друга храна! Другите кај мене пак обожаваат месо и секогаш кога има за ручек ако е пилешко ќе каснам ако не го отфрлам месото и одма иде кај некој друг во чинија!
многу ретко во неделата да има ручек без месо, скоро и невозможно.А ако нема, си надохнадуваме со сувомеснати прозиводи за доручек и вечера. Прави месојади сме, посебно јас.Ептен уживам кога јадам месо хаха.
Мајка ми става месо во мали количини во манџите, јас не го јадам месото од таму, не ми е убаво. Месо се дешава можеби еднаш во неделата да јадеме. Не сме некои љубители на месо. Сувомесно јадеме стално. Еве јас пример кога си порачам сомун го вадам пола од месото, бидејќи ми е премногу тоа.