Еднаш неделно се дешава и 2 пати не сме ич по месото.Мама ќе каже: ајде утре месоо и ние- уууу, блјак, нееее ...и ќе каже а да станеме целосно вегетарјанци нема да биде лошо Избегавам месо а и сувомеснати не јадам баш... Ми се дешава да ме фати кризичка за скара ама само за тоа друго несакам
Ние јадеме многу месо. На есен купуваме свиња од луѓе кои ги познаваме, па знаеме и како е чувана. Месо имаме негде до март. Користиме речиси се од свињата освен она кожинки, нозе, црева. Тоа го сакаат во село па си го земаат. Сигурно пет дена во неделата имаме месо. Понекогаш е пилешко, понекогаш мелено, но најчесто е свинско. Кога пржено, кога печено, кога манџа. Петок обично се вари гравче, а и понекогаш сакаме нешто посничко, сепак најчесто се два дена Мајка ми одлично го спрема месото, манџите се превкусни, кога го пече одлично го погодува, а тетка ми повеќе е по некои специјалитети, па знае понекогаш и таа да спреми нешто. За среќа сите сакаме месо, а и сите во ист ден не сакаме.
Отсекогаш ја закачкаме мајка ми, во врска со месото. Баш пред некој ден, кога имаше направено ориз, со 4 копанчиња. Се запрепастивме. Обично става со по едно-две. Еднаш кога имавме ненајавен гостин, имаше само едно копанче. И никој не се осмели да го земе. Остана. Кога ќе купи 500 грама, мислам дека на 20 дела го дели. Најискрено, не знам колку пати неделно јадеме месо. Не го ни чувствувам во исхраната. Најчесто го јадеме како мелено месо. Во полнети пиперки, мусака... А искрено, не сум ниту љубител на месо. Мене и така ми се превкусни јадењата на мајка ми. Го сакам само како стек и во полнети пиперки.
Што се однесува до мене месо би јадела 2 до 3 пати годишно и по можност скара,ама мажот мој не седнува на маса без месо така да кај мене дома се готви скоро секој ден месо,ако не се готви месо мора да се јадат сувомеснати работи.мило ми е што керка ми е истерана на мене и не е љубител на месо
Сите јадеме месо, најчесто свинско или пилешко се готви. Јас лично повеќе го сакам пилешкото, ама и телешко ми е убаво. 3-4 пати неделно имаме месо на трпезата.
Многу ретко јадам, еднаш на две недели, некогаш еднаш месецот, и тоа само пилешко . Свинско немам јадено со години , со исклучок летово во Грција кога ме натераа да пробам свинско гиро
Моите дома се обожаватели на месото, па во неделата 3-4 пати има месо подготвено. Секако, јас и сестра ми сме изроди и си правиме салата. Така да, секогаш има вишка месо.
Кај мене дома само јас не јадам месо, па најчесто сама си спремам нешто за јадење, или сите јадеме нешто вегетаријанско Порано се јадеше повеќе месо по дома, последниве 2-3 години моите јадат само пилешко.
Јас можам да не каснам месо и тоа со месеци .. не сум толку по месото , повеќе сакам посни манџички а кога јадам месо , омилено ми е стек и риба ( пастрмка и скуша на скара ) мераци
Во моето мени скоро никогаш. Не јадам месо освен понекогаш во сарми или п.пиперки. Моите јадат секој ден, ставаат и во манџите мои што не ми смета. Најчесто го јадат пржено ии печено, свинско или пилешко.
Секој ден јадам месо, и тоа најчесто во чиста форма бидејќи не сакам манџи. Омилени ми се телешко мелено и свинско, а пилешкото ми е малку специфично бидејќи се потребни многу зачини за да ми биде вкусно. Сакам и сувомеснати производи. Ако во одреден ден не јадам месо, тогаш го заменувам со риба.
Јадам месо скоро секој ден, пилешко и свинско,а мелено поретко најмногу исто и риба еднаш во неделата обавезно