Здраво. Дали знаете каде можам да си купам пилешко месо што не е со хормони и антибиотици клукано, без гмо храна хрането ?
Стек печен еднаш месечно.ослич пржен месечно.свинско многу ретко не сме љубители 1-2 пати годишно кременадли.од телешко само во гулаш 2 пати месечно.сакаме пилешки паризери во пици или ладни сендвичи.
Како моиве мажи дома. Еден период слабо јадеа месо. Ама кога почнаа почесто, не застанаа. Манџи мора со мевџе. Некогаш не ставам месо во нив (не ги јадам со месо) и кога ќе видат ми викаат - Нема да јадам. Не си ставила месо.
Тоа да прашаш само некој што одгледува стока и живина директно во село некое да се распрашаш по маркетите верувај многи тешко и сумљиво.
Баш се у право. Истово ја го практикувам. Манџа не е манџа без месо и точка. Вие другите немате вкус очигледно. Не знаете што пропуштате.
Не сум љубител на месо. Сакам чиста манџа. А и кога има друго за ручек мора да има мевце. Маж ми често ми вика - Направи нешто со месо. А помалото ми вика - Мамо, купи денес месо?