Самата тема кажува- дали постои место од некој филм каде би сакале да живеете. Го гледав филмот "Under the Tuscan sun" и би сакала да живеам во Тоскана, поточно во местото каде живееше жената. Многу ми се бендиса и куќата и местото Spoiler Ако има ваква тема, канта
Северна Каролина, од Sleeping with the enemy Spoiler Додека го гледав буквално уживав и плажата, водата, куќата, се беше мелем за очи Хемптонс, од Revenge серијата, по можност во куќата на Емили Spoiler
Куќата од стакло во истоименит филм Тhe glass house Неможам да најдам контретно слики, но секој кој го гледл филмот му текнува колку добра куќа беше тоа. Spoiler И јас се солгасувам со фемина90 за куќата во Хемптонс на Емили од серијата Revenge или пак во куќата на Викоторија, иаку оваа не Емили е поскромна и поубава за мој вкус Spoiler Kуќата на Грејсонови, подобро кажано замокот Јас одсекогаш го сакав стариот стан на Кери, не новиот огромниот со Биг во филмовите, туку стариот oд серијата, малиот стан со рерна која и служеше за складирање Spoiler Станот на Шивон во Ringer, еден однајубавите станови во било кој филм или серија до сега. Посебно најината соба за облека, е до сега врвот. Spoiler
Како мала сакав да имаме иста куќа како онаа на Бренда и Брендон од Беверли Хилс. Посебно го сакав тоа отворчето на влезната врата. Spoiler A сега нема да ми дојде лошо куќата на Наоми од новите продолженија 90210, оваа старата ја надраснав. http://1.bp.blogspot.com/_SGX4M27w_k8/S ... ding+4.png И куќата на Нолан од Revenge е одлична, сон. Сакам огромни прозорци, односно стаклени куќи.
Еј и мене одма ми текна на филмот со кој членката ја отворила темата, баш симпатично куќиче. Јас би овде, местенцето од Пријатели дефинитивно нема раскош, ама има некоја гостопримливост, има душа. Spoiler Сега ич не ми текнуваат други, ама интересна тема, ќе се надополнам.
Од Spread, куќата на Саманта, едноставно преуба куќа немам зборови. Spoiler и куќата на Едвард од Твајлајт Spoiler
Ааааа имам најубав прв избор! 1. Куќата на Ѕверот од The Beauty and the Beast! Бев маѓепсана од библиотеката уште од првиот пат кога го гледав цртанот. По можност ја земам со се’ послугата од чајничето, свеќникот и часовникот. 2. Куќата на Хајди, не толку од филмот колку од моите замисли кога ја читав книгата... спиењето во сено, печеното сирење, овците, тополите... Spoiler 3. Куќата од Little Women Spoiler 4 И последен избор (засега, ќе се сетам на уште) ми е куќата на Dawson oд Dawson's creek. Баш ми е семејна и топла. Spoiler
Јас би живеела во куќата на Серанови-Los Serrano во Мадрид и би сакала да ја имам нивната таверна..Толку топли и убави места за живеење,создавање дом и споделување на убави моменти..тоа е чудо..
Било која куќа од Очајни Домакинки во Вистерија Лејн. Линет и Том Скаво Габриел и Карлос Солис Сузан и Мајк Делфино Бри Ван де Камп
Ливинг, каква коинциденција! А мислев дека сум единствена заљубеничка во дворецот на Ѕверот. Јас сум си вечно дете и ниту една куќа, палата, замок, што и да е не би ме привлекла толку како дворецов од цртаниот филм на моето детство. Библиотеката, градината, трпезаријата со распеаните кујнски елементи - ма го обожавам! И секогаш го прашував на татко ми - Тато, кога ќе реновираме дома, ќе ставиме таква голема библиотека, нели? Нели? Нели, тато, ветуваш ? Лудо дејче. И да, ветувам дека кога ќе дипломирам, ќе си направам една ваква во станот/куќата, барем слична, ете не мора да биде огромна (со тешко срце го кажувам ова), барем да биде нешто во тој стил.
1.Желба голема имам да живеам на планина, во пусто местенце, мирно, опкружена со природа, оваа куќа ми е совршена.Инаку е од Самрак и е единственото нешто што вреди во филмот. 2.Куќата покрај езеро од филмот Непоканет 3.Преубавата модернистичка куќа од Spread
Прво на што се сетив е куќата од Сам дома. Spoiler Додека куќи каде навистина посакувам да живеам се овие две. Куќата кај што престојуваше Камерон Дијаз во The Holiday беше совршена. Винтиџ куќичка каква што посакувам, пренајубава! Spoiler И куќата од филмот “Something’s Gotta Give” Spoiler Тие се тие, винтиџ куќички, со дворче, со зеленило, не е битна големината туку душата на куќата. Неќам замоци, неќам огромни куќи, мразам куќи со стакла. Сакам куќа со дрво, со килим, со камин, со кујна која те примамува да готвиш, со библиотека, со катче за одмор, со спална со завеси и многу јастучиња, со цвеќенце, со толку мали сувенирчиња низ неа да таа куќа ја чуствуваш како дом. А не е секоја куќа дом, дефинитивно.
Роси бре, ми го зема зборот од уста! Прво што ми текна беше преубавата куќа покрај плажа на Дајан Китон И многу сакам куќи во неправилен облик, а оваа беше баш таква. Си се замислував како си пишувам овде Mи се чини дека Something's gotta give го имам гледано милион пати само заради куќата Исто ми се допадна и куќата во планина на Jason Statham во The Mechanic. Ама не можам да најдам некоја добра слика
Расионерке, знаеш колку ја мислев куќата од Холидеј, знам дека имаше еден филм со Камерон во кој куќата ми прирасна за срце и не ми текнува кој беше и не ми текнува.Фала ти. Значи и јас ја додавам таа на листата.Со душа е некако.