Наспроти позитивните искуства со патувањата сите имаме и по некое негативно искуство од местата на кои што сме патувале. Јас конкретно место кое што ми остави најнегативен впечаток е Саранда. Никогаш Албанија не ми била на листата за патувања, но после патувањето на Парга од 10 дена сакавме да продолжиме уште неколку дена во Саранда, па непланирано испадна. Патувањето планирано од 5-7 дена, излезе едвај една ноќ. Што од смештај, што од плажа негативности. Плажата ужас, камења толкави, нозе човек да си исече, несредена, нехигиена според мене со плажите на кои претходно сум била. А смештајот бетер. Најпрво беше договорен смештај со поглед на море, убав стан, за на крај да завршиме во некој чуден стан, во кој имаше една соба затворено со изговор дека умрел некој човек и била за спомен на него. А после со тоа што погледот не беше ни покрај море, туку во некоја грда дупка, а згора на се цела тераса саксии насадена нелегализирана марихуана. Уште па и начинот на бањање, катастрофа. Немаше топла вода, немаше бојлер, туку греење на некој систем у шишиња и буриња на тераси и потурување за да се избањаш. Плус посетата од некоја стара жена на секој саат, да проверува да не сме влегувале во собата. А и цените во рестораните беа налупани до плафон за едно такво место. Никогаш веќе не би отишла на местото, ептен негативни и крипи сеќавања ми доаѓаат. Па, кое е вашето место кое најмалку ви се допаднало? Кое ви оставило негативен впечаток? И од кое сте најмалку задоволни и сте имале други очекувања пред да отпатувате таму?
Во Врњачка бања, хотел (вила) Александар, кога стигнавме и ги видовме собите изгледаа ок, кога влеговме прв пат мирисаше на непроветрено, но се надевавме дека ќе се излуфтира и ќе биде во ред, но и покрај тоа што вратата на терасата беше цело време отворена, миризбата на влага беше присутна, доаѓаше од тепихот. Страшно... Вењачка бања е преубаво туристичко место, ама хотелов беше утка. Ресторанот за доручек беше скучен, мал, воопшто немав чувство дека сум во хотел, а амбиентот ме асоцираше нешто ко да сум на попатно кафе во кафанчињата во Маврови Анови.
Не дека сум била кој знае каде, ама нај лош впечаток, Суто море. Ок си поминав ама ниту еднаш не се избањав. Грч ладна вода, со еден куп остри камења. Гужва да не можеш воздух да земеш и тоа во септември. Среќа само што бевме блиску до плажите. Ништо не видов да е толку добро колку што го фалат.
Ау, и Дојран го заборавив, за бањање никад не би влегла во тоа блато, коа ќе се сетам што се’ има во водата, бљак.
Да, за Дојран и јас ќе потврдам. На враќање од Грција застанавме на ручек таму и ај да прошетаме саат време, да спадне демек јадењето. Тоа толку досадно, па толкави комарци, цела бев искасана, лош мирис некој од езерото, а и видов какво прљаво беше. Не би издржала ни 1 ден тука, не па недела дена или повеќе. Не ми е во план никад веќе да навратам, доволно ми беа тие 2-3ч што го видов.
Сега кога го прочитав ова ептен се пронајдов. Исто имавме едно вакво искуство. Ние бевме во Ксамил, исто едвај една вечер издржавме и се вративме. Кога се вративме, читав мислења за Ксамил и Саранда, скоро сите се поделени. Има некои што се ептен задоволни, некои тотално разочарани. Не знам, можеби и ние го утнавме местото тогаш, ама дефинитивно спаѓам во втората категорија. Не би се вратила, пари да ми даваат.
и јас за за Дојран.. по глуп одмор не сум имала 4,5 дена само куксв да си одам дома. Плажите катастрофа, немаше каде да се излезе значи после 11часот беше штама. И кај што бевме сместени НИКАД више во живот таму не стапнувам, толку безобразна газдарица, штипки за алиштата не ни, даде, немаше ни 10 саат се насмеавме гласно и одма ми пиша смс ако може малку потивко. Иначе бевме сместени во Вила Роза и никому не му препорачувам да оди кај нив. Да напоменам и не избркаа порано.. со еден збор УЖАС
Се придружувам кон хејтот за Дојран, ќе ја додадам и Преспа. Мислам дека од престојот таму, во депресија бев до наредното лето. Верувам дека досадно им е дури и на оние во тамошните вечни почивалишта, е до толку. Надвор од државава немам лоши искуства.
А за Преспа немам лошо мислење со оглед на тоа што бев само на еден ден connect beach и беше супер, ситен песок, чиста вода прилично беше плитко, а, тие како креветчиња беа соон и јадењето одлично. Е сега можеби се сменило, жал ми е ако е така..