Колку сакате облека со металик сјај? Најпознати се сребрениот метал и златниот. Иако не заостануваат и црниот и другите металик сјаеви. Ова е еден од трендовите за следната сезона. Се носи се од чевли, до чанти, панталони, јакни... Би носеле? Имаме ние најчесто мислење дека металниот сјај е кичест. НО ако е умерен тогаш сметам дека може да изгледа некој и повеќе од добро. При комбинации со метален сјај мора да се внимава на другите детали, да не се претера и да се изгледа ко лампион. Јас се заљубив во половина од фустаниве што ги поставив, ах и чанти секако, па и балетанчиња со cap toe металик, па и јакнички. Вие би носеле?
Мислам дека воопшто и немам баш вакви парчиња и не сум по ова, ама би носела ако ми се допадне зошто да не. Се зависи од моделот на што и да е, дали облека, чевли или аксесорис А и да напоменам, мислам дека ваквите парчиња се со низок квалитет, брзо се излитуваат и избледнува бојата, онака ко излижани се по неколку носења сигурна сум дека сфаќате на што мислам, или барем оние што ги имам јас гледано наоколу
Кога ќе видам нешто металик на некој, визуелно ме одбива од прва. Отпосле во зависност од комбинацијата, може да ми се допадне. Иако имам еден фустан, купен многу одамна, јас не би носела металик фустани. Премногу ми е. Некоја варијација со шљокици или дискретни светки би поминала. Затоа па, аксесоарите ми се допаѓаат. Тенка е границата за металик чанта да изгледа кич и невкусно, најмногу зависи од самиот модел и сјајот, а чевлите ми се допаѓаат премногу. Здолништа со металик елементи би носела, а панталони во ниеден случај.
Ама има од металик до металик сјај огромна разлика. Јес да е вкус ама овој фустан со металик сјај ми е фантастичен од Херве Леџер. Oвие најлон фустани ми се срање благо речено. Mи се допаѓаат и џемперчиња кои имаат малку посјаен конец. Инаку нешто што најмногу ме потсетува на металик е тоа е Џенифер Лопез Најгрдото нешто металик се дефинитивно бикините
Имам еден плик со златен металик сјај и го обожавам. Се сложувам со старфиш дека со аксесоарите скоро и да нема некоја грешка. Интересно е да имаш некој додаток со металик сјај кога се друго ти е онака избалансирано со боите. Фустан не знам кај би носела, купаќите што ги постираше Роси, дефинитивно не
Да, претерано кич е металик бикини. Металик сјај ми се допаѓа исклучиво само кај аксесоари и cap top чевли
Чевли,каиш,паричник(имам металик розев) се единствено нешто што јас би го купила и би имало металик сјај.Гардероба до сега не сум видела што ми се допаднала,премногу кич ми било.
Да, за маталик нокти! Патем, некоја да не знае каде може да ми направат ваков маникир? Ме густа мучо!
Ова е мислам најдоброто од металик сјајот. И плик чантичка да, аксесорис се сложувам дека доаѓаат предвид, ама пак зависи што. Ма од се зависи што, а шминката стопроцентно ми е нешто најдобро.
Има интересни работи кои може да се комбинираат а притоа и лесно. Сакам металик бои особено на есен,незнам зошто но тие бои на есен ме асоцираат. Ваљда бидејки ми изгледаат како еден вид „затворени бои“ . Од Мајли фустанчето е 5 а и на Џенифер се прекрасни. Таа е кралица на металикот