^ Најдобрата метал група кај нас,секоја чест за вокалот на Кирил. http://www.youtube.com/watch?v=8qRVNyot34o ^ Песна што секогаш ме опушта,колку и да сум изнервирана за пет минути се враќам во нормала.
Стварно секоја чест за мислењата и одговорите. Иако просто сум изненадена Не очекував дека од женскиот пол имало многу што слушаат метал. Па искренено и се радувам И сите песни пратени се супер ама морам да ја пофалам Dedicated for life и морам да кажам дека Огнен Шапковски ми е идол Поздрав!
Незнам за вас ама како што Savatage ми го праат меракот, други никогаш http://www.youtube.com/watch?v=nzh9WEeRACE
Мачка и Ивана најдобри се нели?? И конечно му текна на некој да ја искористи куќата на стравот .. редно беше
Искрено и јас сум секако позитивно изненадена зошто денеска многу се изретчени слушателите на метал, панк и рок музика за жал .....Инаку повеке сушам рок и панк , но секако многу го поштувам и металалот , ги сакам Nightwish , Avanged Sevenfold, Hammerfall , Children of Bodroom ,System of a Down, Metallica, Black Sabbath, Iced Earth, Him итн .........
Колку ми е само мило шо не има вакви на форумов ја слушам и рок доста ама зависи од расположение. Сепак метал во душа ама не го врзувам со религија и такви ствари едноставно си слушам и си уживам немам ништо против други жанрови, само не ги слушам и некои (како турбо фолк ) не ги вбројувам во музика . Поздрав
Металот го сакам, но ми се чини оваа слика не е баш пригодна за тоа! Ова го прават само некои ептен блекери што се уфилмани! Еден Дио(нека почива во мир), Ози Озборн и мн други што прават метал се најпрепознатливи по своите крстови! Слушам хеви метал и рок, понекогаш сакам нешто смирено па ги слушам Моди Блуз или Јураја Хип, но почесто се “лекувам“ со Ози Озборн и Блек Сабат!
За жал во нашата ни Македоничка, сите оние кои не слушаат метал имаат предрасуди за таа музика и луѓето кои ја слушаат. Убедени се дека сите металци се со мрсни коси, неискапени,наркомани, атеисти и што уште не. Колку само нема врска. Јас скоро цел живот слушам метал, но сум верник, нити се дрогирам, нити сум мрсна. Слушам и рок, џез, класика, блуз, поштовам народна македонска музика и ја слушам, обичаи, традиции... Друго, оние кои не се запознаени со металот, мислат дека музиката се состои од вриштење и гитара. Не е точно. Има различни видови метал, ептеееен различни. Готик мислам дека би им се допаднал и на оние кои не слушаат ваква музика, хеви, симфоник, мелодик...во овие две има прекрасна музика, не верувам дека не би ви се допаднала доколку би слушнале. Па прекрасните женски гласови од бендовите, милина. Е сега се облекувам малку различно да, во готик стил, со чипки и корсети, косата ми е виткана долга до гз скоро, и забележувам како ме загледуваат како некоја чукната, али мене воопшто не ми смета. Така жени мои, немајте предрасуди прво запознајте го човекот, металците знаат да бидат големи уметници и романтичари.
си слушам се јас (освен турбо фолк ако се рачуна во музика ) и обожавам некој метал песни - стварно има некој преубај
Немам ништо против метал музиката. Лично ми се допаѓаат неколку песни, не е мој стил, но има квалитетни парчиња. Еве со што имам проблем - металци кои премногу се внесуваат во стилот и се опседнати со тоа и само со тоа, почнуваат да се занесуваат и да солат памет дека само металот и металот е возвишена музика, глумат даркери, а се плашат од темница, итн, итн... Ама од друга страна во секој музички стил се наоѓаат такви кои ја проповедаат само музиката која ја слушаат, ругајќи се' останато. Не ми се допаѓаат луѓе полни стереотипи и предрасуди, само врз основа на тоа што го слушаш. Апсурдно е. Поздрав до сите металки на форумот. http://www.youtube.com/watch?v=xEZhUeMaixk