Го слушам овој жанр долго време и топ ми е, не сум ограничена-слушам и реге, транс, рок, класика, днб, ска панк, а српско и сл. ИЧ!
Апсолутно најкреативниот музички жанр што постои, не залудно се вели само високо интелегентни луѓе можат да поднесат да слушаат подолго време метал или класична музика. Слушам метал повеќе од 12 години и порано бев ептен навлечена на овој правец и пратев новости, концерти, свирки, спотови.... СЕ! Сега сум пасивен љубител, слушам само стари и проверени работи, но најмногу заради недостигот на време да поминувам на нет да пребарувам нови бендови и да симнувам музика. Спојлер Во срце сеуште сум тврдокорна металка иако на изглед не делувам така
Не бев фан на овој вид музика и буквално неможев да ја смислам! Но, со тек на време се привикнав бидејќи дечко ми е заљубен во металот, па почнаа да ми се допаѓаат некои песнички и така иде тоа
И јас слично така почнав да слушам, порано не можев да го смислам па се запознавав со кул друштва и ме заразија, сега во крвта ми е...
епа вака шо мислам за металот,Па тоа е бе луге нешто многу глупо и одвратно,тоа за мене е музиката на која се трест некапени луге ваоооо мрсни коси ха ха ха ха
Ја почитувам МЕТАЛ музиката.. Секоја чест на тие што се одлучиле да слушат ваква музика. Инаку од групите најмногу ги сакам Sonata ARctica.. Dark Moor Avenged Sevenfold.. System od a down.. Guns n Roses.. Bon Jovii.. Skillet.. Dimmu Bogir ..
Кога ќе прочитам вакви непоткрепени со факти и да не речам, ама ај ќе речам- глупи мислења и ставови косата ми се ежи...Мрсната коса нема врска со метал музиката, металците не биле капени...смајилштосе крсти. Јас сум почитувач на одредени метал групи, ај молим те погледни ме во модни критики и кажи дека не сум капена. Музиката била глупа и одвратна дали некогаш си слушнала ама целосно да ислушаш една метал песна, музиката со се` аранжманот и текстот..ај слушни па после коментирај. Мислам дека воопшто немаш музичко образование и од изгледот на поедини фаци кои биле во твое опкружување не можеш да генерализираш и да донесуваш општи заклучоци. Разбирам дека ова е само форум, ама немојте бре да вреѓате нешто што не го разбирате а уствари и не сте се потрудиле да го разберете. Поздрав и секое добро. Другпат скокај па кажи оп.
О побогу металците не виделе вода, тие само во кал се капат, се шприцаат позади училишта и надувани лупаат по што ке стигнат. Се крстам, абе се крстам сеуште на толку површни мислења, па тоа кој ги искажува е тоа највеќе ме иритира.. некој што не слушнал ни една песна, не ги знае изведувачите, не ја знае таа значајност што ја има овој жанр на музика. Него, не ми беше поентата некој да оправам во темава, ниту наметнувам мислење, ниту разубедувам некого. Метал да, слушам, не се‘ и не сум до толку задлабочена, повеќе можам да кажам дека се пронаоѓам во гранџот. Симфонискиот метал што го гаат Апокалиптика ми се допаѓаат многу, ме допираат до срж‘, длабоко влагаат во мојот мозок и ги будат сетилата за слух, активно да работат. Групи кои љубам да ги слушам се Cradle of filth, Slipknot, Pantera, Childern Of Bodom, Lamb of God и т.н. Порано и те како сакав да ги слушам Металика и ги мислев како Lords of Heavy Metal, но видов дека има и подобри од нив, станаа многу искомерцијализирани, a сепак да напоменат дека неоспорно е дека се вбројуваат во едни од најдобрите. http://www.youtube.com/watch?v=x97f-_y93a0 http://www.youtube.com/watch?v=HL9kaJZw8iw&ob=av2n http://www.youtube.com/watch?v=F7mQp7oAjm4 Се реинкарнирам на песнава! Едит. Дa напоменам дека не мора да значи ако слушаш метал дека и така ке биде твојот стил на облекување. Мислам.. на 15 години не сакам да се зацрнувам, ниту да постанувам атеист. Доволно ми е тоа што слушам да ми се допаѓа.
Го слушам. Брат ми беше металец (сеуште е) и заедно со него сго заслушав. Но, јас во последно време слушам често, но не колку порано. Но што е важно, го сакам металот Од 10 години, покрај брат ми и Едно време бев death metal- ка. Демек Кридл оф Филт, нешто такво. Во црно облечена цело време, пентаграми, триста чуда. Тоа беше само ГРД ФИЛМ кој не продолжив да го живеам После тоа искуство, не сакам да претерувам со металов во поглед на облека пример
Па дефинитивно не е мојот стил на музика, некако не се пронаоѓам во него и не ми е задоволство да го слушам... Многу ми е тешка музикава некако, не е за секого дефинитивно. И не, немам предрасуди кон оние што слушаат, лично знам многу такви што слушаат ама по изгледот нема да ги препознаеш никогаш. Против сум само ако се претерува, тука мислам на она-слуша метал и носи само црна облека, или пак слуша метал и ги мрази сите други жанрови. Кој што сака нека си слуша, секоја музика си има своја убавина...
Последниве два дена отупев со оваа, балада што вреди да се слушне. Па текстот па... http://www.youtube.com/watch?v=r8ugXZw9yXk
Сум испуштила да кажам дека најомилени беднови ми се Theatre of Tragedy и Tristania. Ах овој готик метал колкава моќ има :up: http://www.youtube.com/watch?v=lLKG1uwWlPE http://www.youtube.com/watch?v=K99sIfm7 ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=BwdtfuKk ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=pGZBc2sRqKY http://www.youtube.com/watch?v=eGz2ayRG-no
Саватаж Кој звук го вадат бреј, одамна не ми текнало да ги слушам, ама дефинитивно денес ќе го потрошам денот за нив Треба малку да излезам од тој рок фазон што ме фати овие неколку година-две. Ми треба по агресивна музика за да ја извадам негативнава енергија, а со рок уште толку депресија ме пука. http://www.youtube.com/watch?v=3ZpXmJ9V ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=m2TVLq8U ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=fr9OgXid ... re=related
Многу е лошо тоа што кога некој слуша метал, упорно ги негира рокот, блузот, џезот и класиката, незнаејќи дека тоа се всушност корените на неговиот „метал“ кој го слуша. Иначе да, слушав порано, сеа ретко, поише сум по гранџот, as you can see.
Рок ми е омилената музика а метал...па преагресивно за мој вкус но има некои песни кои ми се допаѓаат.На пример слушам некои песни од Систем оф а даун,Металика,Евансенс (или тоа повеќе како рок ќе му дојде). Мојата омилена http://www.youtube.com/watch?v=L-iepu3EtyE
Зошто сите мислат дека металците се небањати суртуци со долги коси,прљави алишта,смрдат на вино и дома се сечат и со крвта цртаат по ѓаволски слики? До толку ли сте конзервативни мајко му стара? х) Шала на страна,еден од двата мои најомилени жанрови на музика,го слушам скоро секој поджанр на метал,али најмногу ме бендисуе пауер,треш,техникал дет и мелодик дет метал. У вези омилени бендови,иам цел список,почнувајки од Металика,Годсмек,Лимп Бизкит,Споун оф Позешн,Најл,Бехемот,Стормвориор и моите омилени,Блајнд Гардијан! http://www.youtube.com/watch?v=CZ_VFJn2kJM Настапов ме вади од чорапи секое слушање,таква енергија,таква посветеност на публиката неам чуено и видено никаде. За обожавателите на било кој жанр на метал,посебно на пауерашите,под итно кој не видел =)
VALHALLAAAAAA ! xD малце да ја оживееме темава еве и ја ви оставам неколку песнички http://www.youtube.com/watch?v=RhjDujPkFNc http://www.youtube.com/watch?v=DBx9h-6vV4o http://www.youtube.com/watch?v=mesr2siegRg http://www.youtube.com/watch?v=zuwW9IVwZ0U http://www.youtube.com/watch?v=Wpfz5Vnr-_A и сите останати од death
Ја обожавам девојкава http://www.youtube.com/watch?v=RRrfLMOGMrM http://www.youtube.com/watch?v=R_WuXOP8oDg Еден од многуте омилени бендови http://www.youtube.com/watch?v=tc8gy3CJU1Y http://www.youtube.com/watch?v=iPW9AbRMwFU http://www.youtube.com/watch?v=OoQrwKJtv_c
Е де, речи го, и јас се прашувам исто веќе одредено време. Слушам метал одамна, и ќе кажам, инспирирана од претходно прочитан пост, дека иако сум тежок металец со примеси на рокерче во душа, ќе кажам дека уживам во добро блуз или џез парче и не го негирам квалитетот на музикава - факт е дека ужасно добро релаксира. Да се навратам на металот - поомилени бендови ми се Skid Row, Alice in Chains (ако можам да ги вбројам тука), Slipknot, SOAD, Black Sabbath, Iron Maiden - this is it, обично нивни песни си вртам на плеј-листата. http://www.youtube.com/watch?v=v_09wFxoaeQ