1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Метеорски дожд

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Јаневски, 14 август 2017.

  1. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    1.909
    Пол:
    Машки
    Извор: http://sitel.com.mk/vecherva-15-minuti-pred-polnokj-poglednete-kon-neboto-i-zamislete-zhelba
    ----
    Вечерва 15 минути пред полноќ погледнете кон небото и замислете желба

    Уште вечерва можеме да уживаме во спектакл кој ни го приредува небото. Ќе бидеме сведоци на метеорски дожд, а ќе биде најсветлиот забележан некогаш.

    Според некои наводи, ваков спектакл на небото ќе видиме дури за 96. години.

    Вечерва излезете во 23 часот и 45 минути на прозорец или на тераса и погледнете во небото и замислете желба. Таа ќе се исполни според верувањата.
    ----

    Јас веќе си замислив желба.
    Баш ме интересира дали ќе има нешто.
     
    На BlackAndWhiteSwan му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    1.909
    Пол:
    Машки
    Изгледа нема врска, биднало веќе вчера. Истражувачко новинарство. :headbang:
    Извор: https://www.mkd.mk/50703/makedonija/skopje/meteorski-dozd-nad-skopje
    ----
    Метеорски дожд викендов над Скопје

    Вечерта помеѓу недела и понеделник над Скопје ќе „паѓа“ метеорски дожд. Скопското астрономско друштво и годинава ги повикува заинтересираните граѓани да дојдат на плоштадот „Македонија“ во Скопје и заеднички да го проследат дождот од Персеиди.


    Најдобро време за набљудување е после 22 часот, а околу 2 часот по полноќ глетката ќе биде идеална.
    ----

    Затворај темата, канта.
     
  3. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.494
    Допаѓања:
    9.552
    Пол:
    Машки
    Вчера беше, ама и денес ако си надвор од урбано место можеш да видиш некој метеор.

    А според кои верувања г-дине Јаневски? Тие метеори си вртат околу Сонцето исто како што и нашава планета си врти и ете еднаш годишно си се среќаваме во нашите вртења и тие си влагаат во нашата атмосфера и толку. Нема ни магии, ни чуда, ни волшебнички што исполнуваат желби ни ништо.
     
  4. Matotheja

    Matotheja Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.110
    Допаѓања:
    9.037
    Пол:
    Женски
    Видов еден во Скопје вчера. Многу јасно се виде.
    (Не си замислив желба. Дали сум трудна?)
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.
  5. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.290
    Допаѓања:
    17.258
    Пол:
    Женски
    Нема врска тоа дека тек после 96 години ќе има следен дожд :D ова со годиниве е дека наводно дури тогаш повторно ќе има метеори кои доаѓаат од ова соѕвездие од кое дојдоа сега - Персеј, ама наводно :)
    Баш пред некоја година имаше исто вака густ дожд, само доаѓаше од друго соѕвездие, и ми текнува дека тогаш многу појасно и во поголем број се гледаа метеорите, бидејќи месечината не беше полна како овој пат.
    Инаку за до крајот на годинава би требало да има уште неколку :)
     
    На BlackAndWhiteSwan му/ѝ се допаѓа ова.
  6. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.126
    Допаѓања:
    13.695
    Пол:
    Женски
    Јас вечерва видов крај 9 саат. :)
     
  7. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.210
    Допаѓања:
    56.836
    Секоја година ги гледаме Персеидите. Плус оваа година ем "дождот" беше со послаб интензитет, ем е полна месечина. Лани биле дупло појаки, на пример, ама... За 96 години :rofl: да бе да :wasntme:
     
  8. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.494
    Допаѓања:
    9.552
    Пол:
    Машки
    Да не беше атмосферата на Земјата (во таа големина), немаше воопшто да се радуваме на метеорските дождови, туку сите ќе живеевме во длабоки бункери, а Земјата ќе беше секојдневно бомбардирана од метеори и ќе изгледаше како сирење, поточно како задната страна на Месечината.

    [​IMG]
     
  9. BlackAndWhiteSwan

    BlackAndWhiteSwan Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    3.215
    Пол:
    Женски
    Прочитав дека до 24ти ќе трае дождов. Пред две вечери видов нешто налик метеор околу три саат сабајле. Или може халуцинирав од ненаспаност :)
     
  10. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    3.651
    Допаѓања:
    7.432
    Пол:
    Женски
    Sekoja godina na pocetok na avgust go ima meteorskiov dozd. Ne e nisto novo.
     
    На theowndemon и DAngel им се допаѓа ова.
  11. Kolumbo

    Kolumbo Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2015
    Пораки:
    761
    Допаѓања:
    2.365
    Пол:
    Машки
    Sekoja godina ima meteorski dozdovi, koi se slucuvaat vo odreden period, no i meteorski dozdovi koi se slucajnost.

    Vo poslednive godini najspektakularen bese (ako ne se lazam) m. dozd Leonidi vo noemvri 1998-ma godina, koga i brojnosta i nivnata svetlina bea impresivni.
     
  12. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    11.100
    Допаѓања:
    141.573
    Пол:
    Женски
    Мислам лани или оломнани беше Крушево се качив над градот, неосветлено и тоа овој период, околу првите две недели на Август, и уживав. Често така во темница кога сум надвор од град лежам и гледам небо, но овој пат беше феноменално.
     
    На mesecar му/ѝ се допаѓа ова.
  13. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.484
    Допаѓања:
    23.342
    Пол:
    Женски
    Јас на авион на ноќно небо се радувам ко дете на точаче , не пак на метеор . Можете само да замислите колку сум окезена :rofl:

    Шала на страна .
    Јас вчера околу 2 часот видов 2 метеори .. случајно излегов на балкон со золва ми да испушиме по една цигара и ми вели : " Еј што беше ова ? Метеор ? " велам : " Да , метеори се " . Не ми е ништо ново , како мала почесто гледав вакви појави ( веројатно бидејќи " спиев " на улица како мала ) , но тогаш ги гледав од друг агол , а сега пак различно гледам на нив . Што сум разбирала на 9 години јас за метеори ? Ништо (facepalm) битно ми било да ги гледам и да замислувам желби (facepalm) дете бе :D . Сега не мислам желби . Ги гледам и им се восхитувам на убавината :D
     
  14. PeperutkiVoMene

    PeperutkiVoMene Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2015
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    241
    Пол:
    Женски
    Секогаш ги пропуштам овие настани
     
  15. mesecar

    mesecar Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2020
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    481
    Пол:
    Машки
    Следната недела 11/12 ќе биде најинтензивен метеорскиот дожд. Дали некој/а има набљудувано или знае место за набљудување во близина или околу Скопје далеку од градските светла, а со оглед и на забраната за движење во шума и кризната состојба, можеби имате информација за организирано набљудување?