Не знаев дека има тема за ова, јас сум баш nerd за овие работи. Инаку вечерва е главното кога треба да се видат најмногу метеори, но има еден проблем - месечина. Ќе го ограничи бројот на метеори кои можат да се видат, дури и да гледате надвор од населено место. Секако дека најдобро е надвор од населено место, но моментално немам можност за жал. Порано сум одела да гледам, а и в село зад куќата нема многу осветлување па е совршено. Во станов сега среќа сум на не толку светло место, ради дрвјата кои се наоѓаат напред, па се надевам колку толку ќе успеам да видам нешто вечерва. И со 2-3 ќе се радувам.
Ништо не можам да видам, многу се лоши условите. Кај и месечина па и облаци никнаа. Ќе поседам уште малку но немам надеж, а сакав барем еден да видам. Среќно на другите што следите.
Рано си гледала Видливоста е од 00 до 1 часот, и од 3 до 6. Видов јас околу 5-6, убаво и видов, ги видоа и тие со мене. Треба некое време да гледате во небото само, да се навикне окото на таа светлина. Инаку мала е видливоста генерално ради положбата на месечината која оваа година ја намалува видливоста за повеќе од 80%
До кај 12 и нешто чекав, потоа и облаци многу покрија од небото. Ќе пробам и утре после 12 баш, се надевам подобро ќе е од денеска.
Не знам дали беше метеорски дожд, ама према меморијата шо ја имам - беше. Одамна, во некој "друг живот", во темница, на планина. Вчера вечерта доста долго бев надвор ама ништо не видов. Шо ради "светлосно загадување", шо ради месечината. Месечината која, еве неколку дена ептен ми е лична морам да бидам искрена.
Пикот беше вчера и завчера, ама ќе трае скоро до крај на август, така да надвор од град би требало да видиш. Отидовме на Козјак вчера, ништо не се гледаше доле што од светлосно загадување, што од месечината. Дури и со дете отидов, превозбудена беше. Видовме 5, 6, ама пожарот на Јасен се разгоре, па ветрот донесе чад многу, камен ладно, па накај 0:30 си го фативме патот. Во подобри услови верувам прекрасно би било.