Мм не знам дали да го сместам овде, ама секогаш води сметка за својот изглед, секогаш е подшишан, избричен, намирисан, многу посреден е од мене мене ми е убав така кога е среден...Секогаш си бира складна облека ... Мене не ми пречат воопшто... Ботокси, третмани такви чуда не посетува ... ама секогаш бира убави квалитетни парфеми
Кога го прочитав насловот ми се виде метеосексуалци и си викам Ајдеее, што нема да им текне. Нешто као "се палат" на гледање метеоролошка прогноза Па ми текна на оние дедовците на Сител што ја презентираат временската прогноза, бљак!
Искрено, сѐ правам од наведеното во првиот пост на темава, само што за разлика од Дејвид Бекам и останатите метросексуалци, јас се трудам да изгледам ко да не се замарам до толку.
Изгледа се однесува на сите мажи што се грижат за својот изглед, бидејќи ете и Дејвид Бекам го нарекле за прв пат, тој по мене не е многу мажствен ама пак е така маж кој има семејство, стабилен брак, голем фудбалер и модел. Инаку мислам и можеби го измислиле терминов за да ги оправдаат феминизираните машки кои всушност се геј, барем тоа сега е јасно, само мал женствен потег и се знае.
Грешиш,препрочитај ја официјалната дефиниција. Метросексуалци има од сите сексуални определби,ти се допаѓа или не.
Пред поќе од 10 години прв пат го слушнав терминов или го прочитав, ехе во времето на Бекам. Од тогаш слабо. Како патување во времето ми дојде темава.
Ахам, епа добро, тоа го прави терминов уште поглуп и непотребен и ми личи само како етикета. Мислам дека секој треба да се грижи за својот изглед и да посветува време на себе и секој ден да се разубавува само за себе и за никој друг.
Најголема дрскост во денешницава е да „предудиш“ дали е правилно некој да е метеросексуалец, како изгледа, што прави, на што троши пари, како се однесува и какви избори има. Секој треба да прави онака како што му е пријатно во сопствена кожа, без разлика дали општеството смета дека е премногу геј за да е хетеро. Нема што да ми смета дали се шминкал, депилирал или што и да е. Негов личен избор што мене ништо не ми мења во животот. Би била во врска со таква личност доколку се заљубам и ми е физички привлечен.
Убави се на поглед. Секој нека прави како сака, мене не ми пречат воопшто. Не би ми сметало. Во одржувањето на врска друго ми е поважно освен изгледот.
Не би била во врска. Шминкањето е за жени не за мажи. Но не ми пречат како такви. До одредена граница и ми се прифатливи. Прифатливо ми е да бидат дотерани, средени, но да не наликуваат на жени туку на мажи. А ако се среќни нека тераат. Нивни живот, нивни правила, нивни начин како ќе го водат.
Мене ме привлекуваат мажи што се шминкаат и лакираат, односно што не се во границите на типична маженственост, ама ако ептен е опседнат со тоа како некој wannabe нарцисоиден инфлуенсер, би ми сметало.
Не ми сметаат, воопшто. Ама не би била во врска со некој кој посветува многу време на изгледот. Ќе се испозаколиме, пошто јас сум ко скитник 99% од времето
Шопинг со мм ми е многу тежок, све сака да проба и совршено да му стои, што значи се трошат накај 3-4 саати само за него ама не претерува во поглед на цените. Депилација еднаш годишно, градите за на плажа, убаво да се исунчал - ОК, нека, само да не ме тера мене да го деплирам у 5 за 12 Фарбање неколку пати до сега со греј фикс додека да успеам да му објаснам дека е секси со бели влакна. Еве го сега, си седи мирен, гордо си ги носи Ама никако не може да се помири со залистоците и пред секое излегување (до продавница, пред зграда) мие коса и ја мести цели 15 минути. У главно, сака да биде среден. Впрочем така и паднав на него во поглед на физичка привлечност. Се додека не ми застанува пред огледало у исто време со мене, ОК сме
Доколку е во граници на нормала не би ми сметало за во врска. Сакам средени мажи, што се грижат за себе секако. Но, да оди на масажа против целулит, да става вештачки нокти и слични работи мислам дека би ми... Инаку онака општо не, кој како сака ако му одговара, нека си прави што сака со изгледот. Имам и другари вакви. Ништо чудно, терминот одамна е познат.