Неодамна видов еден ваков странец на инстаграм, жена му става клипови со него и ќерката. Многу женствено гласче, женствена појава, среден, налицкан, дури не ми се веруваше дете дека има, на геј ми личи. Не сакам до толку да се. Сакам мажот да ја има задржано мажественоста, тоа ме привлекува. Да се средува, но не да личи толку женствено и нежно.
Јас сум средена и сакам средени. Ама без шминката. Соодветна облека, фризура(и брада) на место, избањат, намирисан. Не мислам дека ваквите типови се феминизирани, напротив, не е маженствено да смрдиш на пот и да имаш кругови под мишки. Не мислам дека треба да се сместени во посебна сексуална категорија.
Терминот не значи ништо денес. Во 90-тите се користел за тие кои редовно се шишале и се грижеле за каква облека носат, ама тоа веќе опфаќа голем број на мажи денес. Како што знам, метросексуалци не било типично да користат шминка, само изгледале по-fancy од обичниот маж, кој ретко се шишал.