Мешан брак

Дискусија во 'Свадба' започната од Andjelek, 14 јуни 2011.

  1. Andjelek

    Andjelek Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2010
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    6
    Тој е Хрват јас Македонка со странско држављанство + живееме во Загреб.. Моите живеат во странство - неговите се тука.. Можете да замислите како ќе изгледа нашата свадба. Се веривме пред еден месец и планираме да се венчаме во Македонија... а пошто ниеден од нас го нема македонското држављанство ќе се регистрираме сега тука па следната година ќе се венчаме во црква во Скопје + ќе ја имаме прославата во некој ресторан.
    Е сега иако мајка му е пола Македонка она е не е баш запознаена со нашите обичаи што се тиче тие бочви (кои според мене се малце.. хмммм.. не ми се баш најомилениот дел од свадбите) и сето тоа а глупо ќе ми биде да и кажувам дека она сеа мене ќе треба да ми купува ова она а ја неа вака така.. Моиве пак сакаат така потрадиционална свадба... стварно незнам што да направам и како да го решам ова да бидат сите задоволни. Сака кумовите да се едни негови пријатели од Македонија ама не е запознаен со сите тие обичаи... Стварно незнам како да го решам ова.. неможам ни премногу да барам од него веќе се сложи сето тоа да биде во македонија + не му беше проблем да се венчаме во Православна црква и да ги крстиме нашите деца во истата...

    Идеи?
     
  2. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    И јас сум скоро во иста ситоација и се надевам дека колку-толку ќе ти е корисе мојов пост. Најпрво ва бовчи-времето одамна им помина, додуша кај кого како,ама најважно е да им дадете поклони на кумовите (најдобро нешто они сами да си одберат облека,чевли, некоја уметничка слика..итн) и на деверот кој најчесто е 1 братучед од страна на мајката на невестата и од кај зетот исто. За другите најблиски може нешто минимално за одбележје. Од обичаи, бидејќи и моите идни свекор и свекрва не живееле во мк и не знаат, треба да дојдат со музика по невестата,деверот од страна на невестата и братот ако го има да стојат пред врата во собата каде е невестата и да чекаат да дојдат ок кај зетот деверите и кумот и да ја „купат„.Од кога ќе влезат ставаат пари во чевелот од невестата и таа треба да го турне со изговор дека и е тесен до 3 пати.Ја даруваат со накит свекорот и свекрвата невестата,а таа треба да им бакне рака. Исто и на кумот и кумата.Други обичаи има полно, ама поретко се практикуваат во денешно време. Кога ќе почне прославата, првото оро го води кумот со бокал вино, потоа пивнува и на крај на орото излегува надвор и го крши бокалот. Тоа и ние ќе правиме од обичаи.Се надевам дека бев од помош. Ако треба уште нешто слободно пиши ми. Секое добро и со мн мн мн среќа
     
  3. Sparkles27

    Sparkles27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2017
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    923
    Пол:
    Женски
    Темава малце да ја активираме ние мешаниве:D Јас сум србинка по мајка. Во македонија се преселвиме пред 20 год а маж ми е чистокрвен србин born and raise Нема некоја разлика, но секако околината многу влијае на карактерните и културните особини. Српска свадба си правевме и еве веќе 4 години во брак сме супер си функционираме. Во Скопје си живееме, но патуваме еднаш до два пати месечно кај неговите. Свадбата ни беше на пола пат во Ниш и беше весело и без некои посебни обичаи. Значи се е ствар на договор меѓу младенците битно да се има љубов и разбирање.:inlove:
     
    На mira.mira му/ѝ се допаѓа ова.