Ама зошто да доаѓаат и да седат кај вас? Нека дојде да го види на пола саат и потоа и велам извини ама морам да го надојам/ пресоблечам и си одам во спална. Од старт им е дозволено многу затоа си земаат за право да кажат сешто и да се мешаат. Што им се потресувате толку, веднаш кажете им се што мислите дека не е во ред, како може тие да си кажат без пардон така можете и вие.
Кај нас вчера се одвиваше турска серија "Лошата снаа". Мм не беше уште вратен од работа, требаше да одиме да пазариме и се договоривме да се симнам да го почекаме на улица и да одиме. Јас спремна се симнувам од кај мене по скали и ете ти ја свеќи во двор и ми вика "Кај одите вака дотерани?" Јас и викам "ќе шетаме". И почна "немој мории дај ми го детето, нееемоој корона ШЕТА, одете ти и маж ти, остави ми го детето менеее, нееееемоооој ќе го разболите, ја ја гледам као и и викам "јас ако се разболам детево на кое му дишам во сурат нема да се разболи?" И следуваше уште 5-6 пати "немој мориии" као новороденче да и одземам на мајката. Ја предупредов да си влезе дома и дома да ги рони солзите да не и се смее народ надвор. Не попрати со насолзени очи и едно "дуќан на бабааааа" што веќе 2 години се прашувам што би значело.
Не знам луѓе, како читам сѐ си мислам дека сите се исти.. Свекрва ми откако дојде од село,( преку лето не живеат во иста куќа со нас, само преку зима) мисли дека таа треба да му е мајка на детето. Дури ако ќерка ми неколку саати не ја побара или не слезе кај нив доле,ете ја целата загрижена у стилу готово па ти ја заборај баба, ете ме бркаш, јас ќе си одам и сл.. Јас треба да се породам со второ каде и да е па ете и вика на ќерка ми.. Ма што бегаш, мајка ти ќе си има бебе, ти морасо баба да седиш.. Кој ќе те чува? За јадење да не зборам...Трча со цело чоколадо по скали а дете седнато да руча. Ја изгубив таа битка, се изнервирав и го отворив цело чоколадо на малава и бурно изреагирав као еве ќерко најади се благо наместо леб. Као да се сети женава. Зошто ако и речам директно спремна е да ја напушти куќата и никогаш да не се врати, а реално ни треба нејзина помош, особено сега со ново бебе дома. И после неколку вакви дешавки мислам дека конечно фативме ред. Кај нив одење само откако дете ќе се најаде, напие и пресоблече под моја контрола. И околу воспитување и е кажано во кој дел прави грешки. Факт е дека се не може да контролираме. Кога ќе ја земе доле знам да се исклучам и да си пијам кафе на раат, да се туширам раат и сл... Уживам во времето со себе. За тој еден саат или два не сакам ни да знам што прават. Се откажав од идејата дека можам сѐ да контролирам. Нож со две острици е работава. Сепак со вака воспоставени граници мислам дека ок функционираме. Мојот авторитет го имам воспоставено и врз детето и врз нив, па ќе видиме. Ако нешто оди на штета на дете, се знае... Чао малена....
Ако ние дозволиме баба да се меша во воспитувањето на нашето дете јас мислам нее до бабата. Моите почитуваат наш збор, од на мм страната исто мада таму е друга прича ама ок ми одговара. Е сега без кичма сме епа нема сакам баба да чува бебе а да не се нервирам .
А етрвата да му вика на твојто дете Кога ќе дојде сестричката ти ќе си спиеш со нина, ќе си играш со братучетчето? Она сама не може со нејзиното дете да се справе, на неполни 2 месеци го остава по цел ден и ноќ кај свекрвата за да одморе, а не па и со мојто да се занимава. Аа да, на малата некогаш и вика мајка ти не знае. Ама тркалцето се врте. И нејзиното ќе порасне
Јатрва свекрва било кој може да викаат што сакаат, ама ПОСЛЕДНИОТ збор е на мајката. Така да, нема зашто да се нервираш кој рекол, што рекол, не те пратам претпоставувам чекаш второ бебее, како и да е, ќе си ги чуваш и двете, немаш потреба од помош од никого, а најлошото што може да му го направиш на детето по доаѓање на свет на негово братче/сестриче да го праќаш да спие некаде за ти да го чуваш бебето..
Грешка си ме сфатила. Јас воопшто не се нервирам, мене дури и ми е смешно. Нека си зборува она штом нема друга работа. Маж ми и даде до знаење дека детето со нас ќе си биде и ќе помага околу сестричката. Малата ни е спиела со друг до сега, а нема ни да спие, а поготово не кога ќе се роди другото бебе.
@PeachGirl малку како да се сама тешиш дека имаш некој авторитет и контрола врз нив, ама знаеш дека немаш, штом не знаеш што се случува кога детето е со нив. Не ти се допаѓа што прави свекрвата ама си молчиш за да ти се најде оти ќе имаш второ... И после кој е крив ? Значи свесно не ти се допаѓа нејзиниот однос ама свесно сакаш и помош од неа. Оние што немаат свекрва или немаат помош од неа да не раѓаат второ испаѓа? Тебе ти пишав оти последна даде мислење ама сами сте си криви, ем помош ем лоша била помошта...
Мене ми викаат роднини на мм "џабе сега сама си го чуваш, кога ќе родиш второ само ќе ти бега доле кај баба му и ќе го запоставиш, ќе е љубоморен". Зошто побогу друг да ми го чува детето и зошто вакви затуцани размислувања. Јас ако не сум способна сама да си ги гледам ич не раѓам.
Немој бе уште неродено детето, да кроите планови за помош од нив и после они ви се криви што се наметнуваат. Може ќе ти треба помош првите недели, ете два месеци, саат два во денот, ама кога ќе пркне дете, јас би си ги гледала и двете, сама со маж ми. Прво детето ќе ти се осеќа запоставено, а тоа не е убаво. Јас би ја вклучувала во секоја активност со новото бебе. Дај ми влажни да му сменам пелена пример, ај да го бањаме, ај мама да го заспие па ќе си играме, ај да шетаме и слично. Претпоставувам детето ти е мало, кога ќе спијат попладневна дремка ќе гледаш да им ги искоординираш и заедно ќе легнете, ти ќе одмориш, маж ти кога ќе е дома заедно со него ќе се организирате. Немој бе да се ослонувате на нив до тој степен, си земаат за право да им зборат што сакаат. Имам една другарка пример ми е за ова. Свекрва и порано душата и ја вадеше, со првото некако проголта и ја почува дур заоде во градинка, сега за второво е без работа, бебето има скоро две години. Знаеш свекрва и во овие две години колку и ја има чувано поголемата? Три пати. Итоа тие три беа по саат/два првите 40 дена. Све сама, маж и од јутра до сутра работи. Знаеш свекрва и колку го има видено второто внуче? Секој ден по 5 мин, ако се качи свекрва и, и оваа не и ја ни дава да ја чепне. Секој пат кога ќе и рече ама зошто, оваа и ги вади на нос работите од минатото и пререкувањето дека и го чувала девојчето 3 пати дур се вратила во нормала. Мене другарка ми ми е пример за се.
Па уште кога ќе ги слушнам да речат, им го исчувавме детето, ко божем мајката и таткото неспособни се нешто, па некој друг треба да го "исчува"... Да, има и мајки кои очекуваат помош, па после им смета, а има и баби што се наметнуваат неповикани...
Има и такви што за свекрвата се најлошо зборуваат, а пак им оставаат бебе по цел ден и ноќ, и на спиење и на шетање. За да одморе, оти била изморена од детето. Тоа е веќе злоупотреба
Мојата неповикана се наметнува, кога ќе сум почнела на работа таа ќе го чувала детето, убаво било со бабичка да расте. Не фала . А за ова им ги исчувавме познавам примери што баш буквално им ги имаат чувано децата и израснато, од финансиска поддршка, купување од основни потреби до се останато, до зимање-носење во школо, зимање со нив на одмор... Младите буквално малечките од 5 месеци им ги имаа предадено на баба и дедо. И уште младите им се жалат колку било тешко со деца, колку обврски имало, што мислам не е во ред и тоа. Ако сакаш помош треба и да го цениш тоа, а и ако сакаш да помагаш не треба да се фалиш дека си помогнал, ама па и неповикани ако се канат и тоа не е во ред според мене..
На вакви разрушени односи со свекрва не знам како може да стане збор за воспитување од “баба”. Имам впечаток дека само на Балкан се овие мелодрами. Само таму имаш јатрви, девер и свекрви во среде брак. Она за кое балканот се чука во гради: ние сме блиски сите, цел ден куќа полна, кога и да кренеш тел има некој итн ви е најголем проблем на постоење. Разрушени релации кои се надградуваат само со чмаење и јад низ годините. Она што требало да биде јасно од сам почеток оставено на традиции и патријахални (убиствен систем за жената) убедувања да премолчиш. И штом дојдат децата бес насекаде. Јас се прашувам како е воопшто возможно да живеете без поставени граници кој каде до каде смее да оди со лични прашања и загрозување приватност. Но зависноста е опасна замка. Токму таа непрекината папочна врска ве дави. И цел живот функционирате удавени, наместо да ги користите придобивките од големи фамилии. Има врска и степенот на развој секако. Колку поразвиени родители толку поубави релации внатре во семејството. Има разлика од свекрва која ти го мие детето со пеена вода заб кога му искача до свекрва која се смее на тоа. Ама пак сами си ги бираме. Тој син со такво опкружување каков може да биде? Со исти сфаќања или модифицирани ако си повлијателна. Најчесто се затупени како нивните и против ваша воља и верувања се подложувате на подсмев и интелектуално разградување со ставање пеена вода до 40 дена. Не дека нешто ќе му стане на детето од водата туку самиот чин на понизно прифаќање на глупости ве носи на еден уште понизок левел каде сте немоќни да се борите. А се тоа се прекинува со еден збор, со еден добар избор и тн. Многу ми беше смешен муабетот од колешка овде постара баба на 4 внучиња кога раскажуваше дека кога идат нејзините деца се сместуваат во хотел јел она не е мама хотел. Иако биле на гости за викенд сепак не дозволувала приватниот мир ни ден да и биде нарушен. Навидум забегана работа и ладна, но одлична суштина. Колку си посебичен толку ти е подобро во своја кожа.
@FreeMind за некои работи е доцна, за жал. На почеток од врска не ти текнува да збориш за крстени води а подоцна не можеш да раскрстиш за едно миење по очи затоа што другите работи се добри. Уште ако сте заедно од деца, не бива.
Во моето друштво сите раскинавме по една таква врска "од деца", од 5-10 години заедно. Една и веридба растури. Бива и тоа, ако малку од малку отвориш очи. Ама ако верувате дека нешто ќе се смени зошто сте потпишале во матично, се лажете. И менува само на свекрвата, да си земе повеќе за право да ти се пика во животот.
Не не, јас немам проблем со мешање. Било какво, ни во брак, ни во врска со воспитување. На крстена вода мислев. Од сите околу синко, само јас не верувам во миење со крстена вода.
И мене ми се мешале ама од едно уво влегувало друго излегувало . Мајка ми прави така свекрва ми прави така добро викам и пак си терам по мое .. ако ги ставам на ум ке треба да се нервирам
Here I am Раскинав 5 годишна врска, не конкретно ради мајка му ама голема причина беше таа и нивната чудна врска мајка - син. Немаше место таму за мене, за ниедна до душа. Не можев повеќе да поднесам муабети околу потчинетост на жената, ќе удри - ќе преќутиш, баење, врачарки, магии, комшики на кафе од сабајле, трачарење итн итн, сега се ежам кога пишувам. Да не почнувам за тоа дека син и од 30год го мрзеше да работи, па она му даваше 500 ден дневно да може спортска да уплати и кафе да пие. Е таа вештерка сега шета со новата снаа и внуката, додека син и е со другари по цел ден, па можда и го поддржува во ќотекот што снаа и го добива секој ден.