Јас им ја истурив крстената вода еден ден во коритото на малата. Целата вода. И наеднаш го решив тој проблем. Ако нема вода, нема да ме замараат 40 дена Јас со адети не се замарам. Свекрвата ќе ми купувала бурми, реков не носам и ич да не се троши. На 40 дена требало во 3 куќи, ние бевме во две зошто ме мрзеше да одам во трета. Ако ми одговара мене, може да се согласам на адет, ако не ми одговара може да си бркаат работа. Нема што да ми кажува некој што треба да правам, особено не околу детето.
Мене не ме замараа, они си ставаа, мајка ми и свекрва ми, и маж ми. Мешања од тој тип немало, ни за бурми, ни за венчаница, ни за 40 дена (кај моите отидовме само), а јас излегував две недели по пораѓај. Адети никакви не ни предложија. Само миење очи со крстена вода и носење бенкица на баење, затоа што не се согласив да оди синко лично. Сугестии има од двете страни ама на крај правам како ме учи паметот, па не им замерувам.
@FreeMind Мојот е со модифицирани сваќања. Не зашто сум влијателна, него виде колку е часот. Еве денес. Пред малку бевме кај свекрва ми. Им реков дека поднесов за градинка. Ауу се наљути госпожата. Не кажа, ама и де гледаше во понашање. После ми вика "Среќо, да не се лутиш, ама дали зборува нешто детево" Викам да, збори. Да сме го носеле на бајачка бе Така се решава она. Како да ја поправам. Џабе, таа е таква и крај.
Мене одувек ме интересирало како функционираат парови кои немаат слични гледишта на нештата. Ќе те земам за пример ако дозволиш. Како стапиле во брак атеист и верник, либерал и традиционалност, мразач на кучиња со љубител на животни, итн. Која е заедничката тема на живеење? Да се покориш под она во што не веруваш за мир у куќа? Еве се обидувам на пет минути да влезам у таква кожа и не ми оди одма гледам ринг и два пара нараквици. Не верувам во суеверие и онака си вадам од шкаф бенкиче да му го испее бајачка и и го облакам Не верувам во црква влагам со три свеќи дете крштевам со три попа. Си земам дома куче иде ми го шутира јел влакна имало на кревет и се смеам и му викам еј шубо го пуцна. Не ми одат заедно работиве освен ако едниот не се потчини на другиот и прифати суеверие, религија, насилство. Пак заклучокот е за мир у куќи ќе ја наведнеш главата подолу - научено од дома / патријахално однесување кое се пренесува и на деца. Детето учи од своите родители како се потчинуваат, во што веруваат и така продолжува до свое созревање каде или ќе застане на свој став и ќе разбие се или само ќе стане фотокопија. Пример како можам јас да и бидам снаа на среќава свекрва и? Еве да речеме јас и деверот на среќава за што ќе си збориме? Настрана да тргнам добар, убав, работлив. За што јас и тој ќе разговараме и ќе се насочуваме и поддржуваме?
Се знае како функционираат. Ќутат и се тешат дека сите мажи се такви ко нивниот. Се жалат по форуми и кога ќе им кажеш - Добро, како стигнавте до брак, деца, кај ти беа очите, ќе ти речат - Е што според тебе да не треба да се разведам, вие за секој проблем, совет давате за развод. Не бе, не се разведувај. Трпи си и не жали се. Не зборувам за темава да не се пронаоѓа никоја, туку за општо на форумов што имам читано. Современа жена никогаш не завршува со прост маж. На современа жена нема ниту првично да ја привлече таков маж. На прво заедничко гледање со мајка му ќе видам што однос имаат двајцата. Преку тоа како зборува за мајка му ќе видам со каков си имам работа. Некогаш жалењата на форумов се ко некој присилно да ги тера на нешто. Тие ништо не можат, готово касно е. Сосила никоја не била натерана да се мажи. И уште се лутат кога ќе им кажеш дека тие се тие што треба да ја превземат контролата над својот живот, а не да чекаат свекрвата да се смени или мажот да го "научат" . Кого ќе го учиш бре, олкаво магаре јас ќе го учам. Епа учете се цел живот.
Добра си ти штом си дала бенкица За такви работи не смеат да помислат не па да ми кажат. Да давам облека да ми ја мкнат по бајачки и после на бебе да му облакам?
Јас сум растена и воспитувана поинаку. Три сестри сме. Ние сите со мајка ми и татко ми имаме другарски однос. Се шалиме, смееме, караме. Јас кога сум во право си кажувам, не е важно што татко ми е постар па мора да ќутам. Кај мм е обратно. Они биле тепани ко мали и имаат стравопочит кон родители од што мораат,дс речеме. На мм му се свиѓа односот што го имам јас со моите, и сака и нашата ќерка утре да му е најдобра другарка. Он се понаша многу поинаку откако е родена. Бајачка нит видела, ниту ќе види. Господ е еден, и во него само верувам. Свекрвата ќе си збори, џабе е. Таква е. Може да се истепаме денес, утре таа пак ќе дојде ко ништо да не се случило. Дури и пофина ќе биде. Верувајте, знам дека е така.
Да не заборавиме дека многу деца се изгледани од баби. Како мм на пример и среќа невидена, жената била многу поинаква од свекрва ми, па уште од мало го учела на некои работи и му посочувала дека сам треба да размисли што е исправно, а што не, дур свекор ми дремел по кафани, а свекрва ми се грижела прашина да не падне на земја во текот на 24 часа, 7 дена неделно. Па уште мојава си се фали дека нејзе децата и ги изгледала свекрва и. Јас иако не ја познавам благодарна сум и до гроб што го воспитала вака, да бил воспиитан од мајка му, немаше да ми е маж или ќе бевме разведени.
Знаете каде ја гледам јас себичноста кај свекрва ми? Еве ке ви кажам еден пример. Свекрвата го чува другото внуче, кое е една година. Ние сме со девер ми куќа лепенка. Свекрва ми живее на десет минути пешки. Она седи до 19 часот тука, и ке го успие детево. И било страв сама да оди и девер ми ја испраќа или носи со кола до дома. Зависи. Притоа, само дете што спие, оставаат во креветче, заклучува дома и го остава. Па п.м. Отиди сама бре, нели ви е страв што може да се деси бре. Али не, нејзиниот интерес е на прво место. Ако си малку совесна ќе речеш, сине седи дома со дете. Јас сама ќе одам, макар и темница да ме изеде нели? Не бре.
Тоа е на прво место неодговорност на родител, детето само да си го остави да спие дури ја носи мајка му. Пак не зависи од свекрвата. Ако девер ти не ја носи и ќе мора да си оди и покрај тоа што и е страв, следниот пат ќе си оди порано.
Во овој случај и двајцата се одговорни. Он ептен е приврзан за нејзе. А и она е таа што треба да пресече. Не е само до родителот.
Ништо не очекувам од свекрва ми јас, затоа што НИШТО, не може да направи ако маж ми не дозволува. Се' е до родителот на детето (девер ти во случајов). Тој е возрасен маж со фамилија и кај ќе му е крајот ако чека другите да се сетат за секој негов проблем. Сам треба да поставува граници. Ама пошто е приврзан со мама, сега таа јатрвата нека ја чукне главата како се омажила за човек што со цел памет го остава само детето дома за да ја префрли мама. Пошто тој сигурно не е од вчера таков. Пак на крај, заклучокот е, не е проблемот стравот на свекрвата да си оди дома, проблемот е приврзаноста на деверот. А ако жена му и покрај тоа, се омажила за него, не ми е јасно со кој памет после зборат против свекрвата. На маж ми не му текнува дека може опасно да е детето што го остава дома, ама свекрвата ми е крива.
Јас т.е. ние компензираме. За ставови кои не ни се исти ги прифаќаме, јас едно, маж ми друго. Така балансирам, не би дозволила да наведнувам глава во секоја прилика. Всушност само ова е проблем. Прифатливо ми е затоа што е безболно, и на крај пак нема ефект врз синко. Ама ете, нека поминат со вода, не ми смета. За воспитување, јадење, ортопед и слични работи не дозволувам да биде така или онака, ако не го делам мислењето. Тоа има директно влијание, крстена вода не. Точно е се што кажа, ама јас го воспитувам синко како мислам дека треба т.е. му ги пренесувам моите ставови и така ке продолжам во иднина. А за различни ставови и гледишта, не е така како што стекна впечаток, сите други полиња се одлично уредени и функционираат. Бенкица спакувана во зип кеса.
Би те сфатила ако станува збор за различни ставови на пример не сакам да ми влага никој со патики дома, во моја куќа не се пуши, чорапите се фрлаат во корпа итн и на тој начин да постојат компензации и балансирање на односи. Но ова не е став туку начин на живеење. Ако си суеверен тоа автоматски повлекува не само бенкица на баење туку и постапалки на млада месечина (последно ми испадна и баш таман за пример): Сакам да кажам самото верување повлекува доживотно отстапување или во мој вокабулар слушање и правење глупости, бидејќи суеверие има за секој ден. Црни мачки, на свадби церемонии, на деца крштевки, на име, на слави, заби под перница, клинови и остала лепеза на изуми. Потоа самото суеверие повлекува силна религиска заслепеност која влага во нова врата од лудило. На тоа се накалемени и адетите, обичаи и остали општествени норми. Затоа ми е несфатлива целата таа релација. Зошто тргам од себе ако ти ми земеш бенкица и јас ти речам ај бе нека ја испее нема да цркне од една бајачка ти утре ќе дојдеш со друга белосветска идеја, бидејќи е ланчана реакција благодарение на верување. Како што јас верувам дека светот треба е слободно место за живеење ослободено од раси и религии, така и овие луѓе живеат со свои верувања. Два концепти на живеење кои немаат ништо заедничко меѓу себе. Не може да има баланс бидејќи нема што да се балансира има само прифаќање. Ти прифаќаш да живееш суеверно како резултат на тоа што останатите карактеристики ви се исти, религиозни, љубители на животни итн. Сепак имате повеќе заеднички ствари отколку што изгледа на прв поглед. Некаде прочитав едно девојче напиша јас сум атеист, а мажот ми верник и поради него се венчавме во црква. Ова не е баланс ова е потчинување на една воља наспроти друга. Или е само празни зборови. Јас како атеист не сум венчана во црква и дете не ми е крштевано зошто не верувам во тоа. И не можеш да не пикнеш внатре бидејќи тоа е спротивно од моето верување. Не би требало да одберам партнер кој е религиозен и потоа да изјавам дека јас не верувам ама ете се венчав. Искача дека јас имам проблем со себе нешто Доволно ја изверглав. Ќе се испратам сама од темава
@FreeMind всушност само ова е. И мене ми е тешко да разберам. Други магии не применуваат. Сугестии можеби ама во пракса ништо. Не дозволувам. Бенкица и крај. А они би и повеќе. Не обрнувам внимание. Не можам да се замарам. Само на крај пак сите гледаме дека нема ефект од баењето, па мене ми е смешно, а и трагично. Морам да кажам дека само на форум наидувам на истомисленици за бајачки, сите околу мене веруваат. Не само роднини, туку и останати, кои водат скоро два паралелни животи, бајачки и атеизам.
Фри како успеа волку смирено да објасниш? Ја коа ќе чујам бајачка, клинови и врагови неможам да се воздржам. @MilaSs12 џабе пробуваш да објасниш како крстената вода и бенкицата на бајачка ти се ОК зашо се безболни. Си ги прифатила зашо веројатно ги оправдуваш. Компензација за мое дете?? Ни под разно! Не ми реплицирај, ја ставам на игнор темава. Просто, неможев да преќутам, а би кажала и поише...
Малку е претерување ова дека некој некому се потчинува, ако прифати нешто за доброто на врската. Јас на пример знам неколку мешани бракови, каде што едниот сопружник е една религија другиот е друга. Ако на едниот му значат некои делови од религијата тоа и се применува дома. Ако на другиот му се допаѓа нешто од неговата религија и тоа се применува. Не мора се да биде исклучиво едно на друго. И супер функционираат. Славата различни празници, децата се свесни за празниците и за можноста да си одберат религија или да си бидат атеисти и слично. Во човечките релации ништо никогаш не е црно бело. Ако некој ја нашол формулата за среќа нека си биде среќен. Ако имаат повеќе сличности од разлики и знаат како да се справат со разликите без тоа да се одрази на квалитето на врската и нивната лична смиреност и среќа тогаш е ОК: Ако правиш нешто за некој друг да биде среќен и знаеш дека тоа се глупости и ги игнорираш тоа не те прави полош човек. Според мене многу е полошо да се караш и оправаш за глупости со другите. Да се разбереме и јас сум против бајачки и надрилекари и глупостите што одредени луѓе ги применуваат, ама не значи дека ако некој прифати нешто понекогаш тоа ќе биде катастрофа за неговата личност и интегритет.