1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мешање на бабите во воспитувањето

Дискусија во 'Дете' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

  1. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.101
    Допаѓања:
    37.575
    Пол:
    Женски
    Во контекст на цитираното погоре. Па потчинетостќе биде и ако не се венчаваат во црква и покрај тоа што едниот партнер е верник и има желба за венчавка во црква. Мора баланс да има. Не може секогаш едниот да попушта за другиот да не се осеќа потчинет. И обратно
     
    На K7M10J, Schkolska, VDT2906 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Nevenche26

    Nevenche26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2019
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    2.476
    Пол:
    Женски
    Потполно се согласувам. За се во животот е потребен компромис, ако вистина љубовта во еден брак е обострана, секогаш ќе постои компромис. Еднаш од едната страна, друг пат од другата.
    Не велам дека треба да најдеме партнер па да си го обликуваме по наше, туку не верувам дека се нашле двајца луѓе кои имаат исто размислување буквално за се. Ако е во некој брак/врска така, односно себично се држиме исклучиво до нашето, значи дека другата страна постојано е потчинета и попушта за секој избор, е тогаш колкава е љубовта на тој што стално е по негово кон другиот што стално попушта?
    За се е потребен компромис и ако понекогаш се прифати нешто што не ни е по ќејф незначи дека ќе сме газени цел живот. Ако си поставиш јасни граници за воспитување деца, за бајачки за незнам што, некој од страна може цел живот да труби и на тоа ќе си остане, а стално и сегде има такви.
     
    На K7M10J, Autumn_, VDT2906 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.027
    Пол:
    Женски
    Самата дискусија започна од црно бели ставови. Примерот со двајца верници во мешан брак е баланс. Ние разговаравме за верник и атеист. За верба во суеверие и не верување. Како две спротивни страни на оската. Налик брак на доктор на науки со некој со четврто одделение да се убедуваме дека се среќни заедно на долги релации. Може да се релативизираат некои работи да звучат поприфатливо, но во вакви релации каде има начин на живот едноставно е невозможно.
     
    На The Unicorn, Alishan30 и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  4. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.027
    Пол:
    Женски
    Токму така и обратно пропорционално е потчинување. И да не се венчаат би било нефер. Затоа и прашувам како е можно да се заедно воопшто кога имаат различни аспекти на поглед на свет.
    Размислувам сега гласно, можеби онаа потчинетост подоцна доведува до жестока кавга со свекрва за истите работи кои навидум “биле небитни” кога двајцата имаат различни погледи? Зарем не се проектира таа состојба во релацијата со неговите родители?
     
    На forumce му/ѝ се допаѓа ова.
  5. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.101
    Допаѓања:
    37.575
    Пол:
    Женски
    Не знам. Јас не познавам пар кој има баш исти погледи во секој аспект од животот. Ниту јас и мм сме такви, па ете функционираме 8 години.
     
  6. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.027
    Пол:
    Женски
    Ни јас. Ни со различни. Познавам со слични.
     
    На K7M10J му/ѝ се допаѓа ова.
  7. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.101
    Допаѓања:
    37.575
    Пол:
    Женски
    Со слични и јас познавам. Тоа е друго веќе
     
    На K7M10J му/ѝ се допаѓа ова.
  8. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.027
    Пол:
    Женски
    Тоа ми е поентата :)
     
  9. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.636
    Допаѓања:
    7.555
    Пол:
    Женски
    Значи најмногу ме нервира реченицата :
    -" Ти па кога си гледала деца да знаеш ?"
    Еве извини ти дека две си одгледала исто ко 200 да биле .
    Доктор не знаел таа знаела две изгледала :headbang:
     
    На Nevenche26, Milkiway, Aurelija и 2 други им се допаѓа ова.
  10. K7M10J

    K7M10J Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2014
    Пораки:
    1.305
    Допаѓања:
    3.368
    Пол:
    Женски
    Не сите живеат заедно со свекрвата, ама ако сака, ќе најде начин да се умеша. Мојава преку трети лица се меша што ви е. Ти зборам ќерко сети се снао работава. Како е за жалење дека не ги видела внучињата сега. Ама коронава не е одсекогаш, од март месец е. Пред тоа корона немаше. Не сме зависни од нив, ниту ни помогнале да се осамостоиме. Одамна знам јас колку е саат. Не се исти внучињата родени од снаа и од ќерка, така ми кажаа пред да се родат децава и тоа е ок. Само ме нервира дека самата се убедува, а и другите, дека ги сака моите деца. Јака на зборови, слаба со дела. Условна е нејзината љубов, го докажа тоа одамна. Сепак иако мм го знае тоа, на моменти му влијаат нејзините зборови, мајка му е . Ја сака. Не се работите црни и бели. Башка што ставовите на човекот во текот на животот може да се сменат.
    Не треба да се меша суеверие и религија. Ако човек е религиозен не значи дека е заостанат. Адети...ако ми е убав го применувам, сепак секој народ си ги има, дел се од идентитетот. Сега ако мислите дека европските се кул, а нашиве адети селски заостанати...нешто не е во ред. Па и туѓи адети, ако ми се убави, зошто да не, чест ми е ако ме поканат да учествувам...
     
    На srekice, Autumn_, Larahappy и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.636
    Допаѓања:
    7.555
    Пол:
    Женски
    Колку се напнав значи невозможно.
    Роднини ќе заминувале за Германија аман заман да дојдеме,не се знае кога ќе дојдеме пак да се видиме а сакаме да ја запознаеме,е ај попуштив што попуштив дојдоа и тие имаат мало годинка и 3 месеци. И сега малата не е учена на луѓе баш поради пандемијата ,почна да плаче а нивното па се криеше само што ја смирив влегува госпоѓа свекрва се поздрави со нив и се врти да ја земела малата да и ја дадела на гостинката да виделе што ќе правел нивниот син:^)|(
    Кога сум ја погледнала да можев со поглед ќе ја убиев.
    Ја зема ја провртка фала богу не и ја даде на таа ,само ја доближи.
    Ми ја врати и мм ја зема од мене јас да ставам за пиење ,таа замина за од кога си отидоа да дојде да се кара. Што било тоа како сум ја изгледала ко сериски убиец, јас сум и ја забранувала внука и (а претходно така нешто се скаравме пак заради мешање |( ми се закануваше дека немало да ја фати) ама сега син и беше тука па жртвено јагне де. Не била будала да ја дава . И реков ти не си да одлучиш дали ,кога и на кој ќе ја дадеш. :!: се дере јас ќе ја земам кога сакам а не ти да ми забрануваш од мене ја земаш на мт ја даваш. Со кого се споредува не ми е јасна бе ,да не ја правеше случајно:@. Таа е ќе ја земам ,јас е ќе те гледам и така ,на крај мм ја избрка кај неа во соба да си оди. За денес од сабајле да се понаша ко ништо да не било (wtf)
     
    На Minnie-e му/ѝ се допаѓа ова.
  12. LadyLollypop

    LadyLollypop Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2019
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    5.405
    Пол:
    Женски
    :clap:(y)
    Нема потреба да се нервираш поради тоа што мт и ја покажал вратата. Штом имаш поддршка од него, не ти може ништо и не вреди да губиш нерви беспотребно.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.636
    Допаѓања:
    7.555
    Пол:
    Женски
    Ама да знаеше дека е дома немаше ни да почне.. тука е проблемот виде дека го нема и затоа почна ( надвор беше на цигара).
     
    На pianogirl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. LadyLollypop

    LadyLollypop Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2019
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    5.405
    Пол:
    Женски
    Без разлика дали е дома или не, тој те поддржал и верувам дека секогаш ќе биде на твоја страна. А таа што сака нека прави, не и давај до знаење дека допираат до тебе нејзините постапки. Детето е твое и на маж ти. Ако нешто направи што ти смета, ќе му кажеш на мт на фин начин, па тој нека се разбере со неа.
     
    На Mnik, cresa-jagoda, Nevenche26 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Поддршка Права

    Поддршка Права Активен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2022
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    34
    Секој родител треба сам да си го воспитува своето дете , никако мешање на баби , дедовци , тетки. Само мајката и таткото имаат право за воспитување на тоа дете до 18 годишна возраст.
     
    На Mnik и Осе им се допаѓа ова.