Мешање на бабите во воспитувањето

Дискусија во 'Дете' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

  1. 2manydjs

    2manydjs Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2010
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    11
    Lioness имаш среќа што не живеете во заедница, навистина сум без коментар, исто и кај мене имаше слични работи од страна на свекрва ми, а највише се нервирав како може нејзиното да има толку големо влијание, упорно се трудев да ги исправам работите и на крај кога ми пукна филмот им забранив на сите да се мешаат, работите што јас не ги дозволувам не смеат ни они, мене лично не ми е сеедно дали детето ке ми биде воспитано или не, не ми е смешно кога ке чујам вулгарен збор од мало дете или кога ке видам како се треска од земја, ја навредува и тепа мајка му. После многу расправии за најразлични ситуации го постигнав тоа што го сакав, имаше период на почеток кога за било каква беља ме употребуваа мене како закана од тип сега ке те кажам на мајка ти, чек да ја викнам да види што правиш, али буквално не реагирав како да не сум тука, па не сум јас цајкан, ги оставав самите да се справат и они да му кажат на детето што е добро, а што не. За градинка исто имаше коментари, па дури и маж ми подлегна на тоа, али за ништо до сега немам попуштено, се работи за мое дете и знам што е најдобро за него и секогаш моето го терам до крај. Идеме на гости 1-2 неделно не сакам да го скратам детето од таа љубов, верувам дека е многу битна за емоционален развој, али тоа што ми смета си го кажувам и ич не му се мислам, што вика мајка ми нема за муштерии да ги изгубам :D
     
  2. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.013
    Понекогаш се во право кога не бранат.. :!:
     
  3. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    6.790
    не би можело да се реши дека е мешање бидејќи и тие се членови на фамилијата и играат улога во воспитувањето на детето . И самите се свесни дека неможат да одат предалеку па затоа не му ускратувајте во старите години да неможат да го подучат на нешто внучето , да му дадат пари понекогаш ( а вие се грижите дека се расфрла со нив ) .. јас баба ми ја сакам многу и ме научила на многу работи , како помала сум и викала мамо , до толку што сум била приврзана за неа ..
     
  4. beticka

    beticka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2010
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    22
    се сложувам со се што кажавте сите до една ,се разбира најголемиот авторитет и пример на секое дете е родителот,и се разбира семејството во кое спаѓаат-дедовци,баби,тетки, вујковци и чичковци. една поговорка вели „додека бев снаа,леле што биле лоши свекрвите,кога станав свекрва: ама снаите биле огин“,мене ми е несватливо некој од семејството да не го сака детето -поготово бабите и дедовците,ама пусти жени ако не ја искомплицираме до даска неможе,па така водиме тивки или јавни војни ,малку повеке трпение и не заборавајте -па тоа се нашите родители :!: :!: :?: :?: :?: :*
     
  5. Eleonorastrumica

    Eleonorastrumica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    196
    Јас сум пораснала со брат ми во градинка до 6 години.потоа сами се гледаавме дома,на тато мајка му и татко му беа починати,а другите баба и дедо не сакаа да не гледат можеби и зза подобро,не ме ставиле нејзино име зш сум родена на нејна дата,па кога сум се родила имало голема војна,секаде се мешаат бабите тоа е факт,и така она не дошла да ме види,инаку брат ми е крстен по тој дедо и него понекогаш го земаа викенди и го гледаа ,мене не уште поарно кога бев мала се лутев зошто ме делат,но мојот татко имаше една поговорка што нон стоп ја збореше гледај мајка ти и татко ти да те сакат и колку можат да ти овозможуваат она што ти е потребно да го имаш,а другите кога сакат и што сакат нека ти дават,инаку покушуваа да се мешат во воспитување на брат ми но не успеа,исто се мешаа и чичко ми и стрина ми ,они тогаш немаа деца и ни правеа големи проблеми,зошто мојата стрина така знаеше да не наврти против мојата мајка декаа таа не не сакаи ред други работи,затоа има секакви ситуации не се сите луѓе исти,имав братучет што порасна кај баба му и ептен се сложуваа со мајка му немаа такви зафрканции ,секој човек е различен со различно гледиште и различни чуства
     
  6. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    48.074
    Пол:
    Женски
    Обврските околу воспитувањето на децата се на родителите,а галењето на бабите и дедовците.
    Мене не ми се мешаат во воспитувањето ни мајка ми,ни свекрва ми.Иако знаат понекогаш да ми кажат, немојте да ги карате децата пред нас(мене),тогаш знаат премногу заштитнички да се стават на страната на детето и нормално децата пред нив си земаат поголема слобода.Колку пати само ,ке дојдат со некое барање,кое јас не би го дозволила,а децата ми викаат,баба се ни дава ти ништо.Но тоа е разбирливо и не е за лутење.Бабите и дедовците уживаат во времето поминато со внуците .Не треба де се лутиме доколку им се дозволува нешто повеќе да прават децата со нив(затоа со нетрпение ни викаат :Ајде одете негде со тато,да спиеме кај баба).Бабите на тој начин се враќаат во времето кога ние сме растеле .Тогаш како родители можеби биле построги со нас,и сега во подоцните години се многу попопустливи.Инаку моите деца секогаш ме прашуваат мене, дали нешто смеат или не,кога се кај бабите.
    Не треба да им се лутиме,па има ли нешто помило од најмилото на најмилото?
    Нормално се во границите на нормалата. :)
     
  7. ROSII

    ROSII Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    261
    Допаѓања:
    228
    nekade procitav,go prasuvaat nekoj Kako se custvuvas sega kako dedo,a toj im odgovara ,posrekno od sto koga stanav tatko,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,pa ova se ni kazuvaaaaaa
     
  8. Araksi

    Araksi Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    17
    Лично за мене чувањето од страна на бабите е за мене невозможно! Јас ни најмалку неможам да се осврнам да ми ја чуваат за да јас малку се одморам и здивнам. Мајка ми и свекрва ми се постојано на работа и до ниедно време така да тој луксуз за мене е невозможен. Колку ли посакував некогаш некој да ми ја почува за да јас се одморам и здивнам. ретко кога мм ке ја чува а јас да си излезам да се изудвам. Не велам не мајками свекрвами ја чувале но мноооооооооооооооогу ретко.
    Секогаш кога моево е со бабите и дедовците е пресреќна, едвај чека да си се изаигра со нив и неможе душиче да им се изнарадува.
     
  9. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.101
    И двете баби (мајка ми и свекрвата) се да ги грабнеш и да бегаш...и да се вратиш без нив...
    Кога најмногу требаат за чување на малата, нив ги нема...уствари тука се де, ама имаат работа...
    Секоја чест на дедовците...
    За мешање во воспитувањето, пробаа на почеток, но освен за работи за кои и јас сметам дека се правилни и за кои имаат зелено светло, за се останато се отсечно пресечени...мора така, инаку нема разбирачка...Во најскоро време планирам во градинка да ја носам, но не можам да и ги скратам бабите и дедовците од проста причина што ужива додека е во нивно друштво...
     
  10. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.801
    Има баби кои се повеќе од мајки. Браво за таквите супер бабички, какви што си имав јас. :inlove:

    Е, сега, најголем проблем на комшивката (истовремено другарка) и` е свекрва и`, која и` се меша во воспитувањето на детенцето.
    Кога мајката не е тука, му дава наскришно да јаде нешто (пр. чоколадо, а допрва е ручекот), го испитува кај било со мајка си, што рекла другата баба, навечер што зборуваат со татко му...итн..., го учи на погрешни навики (поминало маче во дворот, а таа му дала камен, му викала да го удри мачето, да бега од дворот), т.е. го учи на некои некултирни, агресивни постапки.
    Најстрашното, знае на детенцево да му зборува лошо за мајка му (мајка ти ништо не знае, чекај баба ќе ти кажи, направи...)
    Комшивкава секојдневно се жали, ама што да прави, при немање пари мора да и` го остави нејзе на чување.
     
  11. dimoska

    dimoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    47
    Гледам различни мислења се разбира секој според искуството.Јас имам златна свекрва кога ќе речам некогаш дај боже сите свекрви да се како мојата сите за глава се факаат.кога да ми треба за децата за секунда е тука а живее 30 километри далеку.никогаш не се меша кога ќе ги искараме децата никогаш не рекла ела ми кај баба туку кога ќе и се пожалат нејзиниот збор е дека нема потреба од плачење и жалење и дека мама и тато треба да се слушаат.свекор ми малку е своеглав и еднаш ми рече децата пред мене да не ги карате ама тука изреагира свекрва ми и му рече кога ти имаше деца си ги гледаше како сакаше фала богу си имат мајка и татко нема потреба ти да се мешаш а ти си дедо ако сакаш поиграј си погали си ги ама кога ќе викнат мајка му и татко им ќе си ќутиш па немаше потреба да реагирам.додуша и мажот ми и разбран за тие работи не дозволува никој да се меша јас и тој како сакаме за децата и никој од страна не смеј да влијај оти ќе си го добие од него :)за жал како што гледам многу ретко има такви разбрани луѓе
     
    На Vetruska, soco, d.Darla и 3 други им се допаѓа ова.
  12. langida

    langida Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    13
    sekogas koga i da ja ostavam kerkata za bilo kade da otidam svekrvami nikogas ne me odbila taa se ke ostavi samo da si go cuva vnuceto.nemozam da se pozalam ama koga stanuva zbor za vospituvane sekako moze malku da se zameesaat am i ne da preteruvaat sepak tuka se majkata i tatkoto da si go vospitaat svoeto dete

    [mod-kirilica:tc11dfja][/mod-kirilica:tc11dfja]
     
  13. d.Darla

    d.Darla Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    160
    Мојата ем ја варди ем се жали, ама ај јас да не се жалам, секако голема предност е кога има кој да ти го чува детето, да беше нкоја платена жена на пример сигурно нема да ја гледа како баба и. А за воспитувањето ќе се караме јас мислам, со различни сфаќања сме ептен, на пример таа е навикната да и вика карај ја мама оти пуши цигари карај ја, а ајс не сакам такви работи на дете, карај ја тепај ја куклата не знам што, уште од мало на насилство потсвесно се воспитува.Ќе се прилагодиме некако само ако ме сати дека си имам зацртано како сакам да ја воспитувам и од нејзе се бара само да ми го прифаи барањето, ништо друго :) :)
     
  14. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Да не била мајка ми, од бабинската страна ќе сум бил наполнет со суеверија и верувања во магии, денес ќе се плашев и од ветрот...

    Немам баба што може да сподели мудрост или искрен совет за било што. Дефинитивно мислам дека мнозинстото треба да се изолираат од процесот на воспитување. Ама тешко тоа...
     
    На lolyta777 и AIT им се допаѓа ова.
  15. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    318
    Додека бев во брак често се случуваше свекрвата да ми го прави баш тоа со ќеркичката.... Јас ќе и кажам дека не може боса на плочки , и ќе се скарам ако треба за да ме послуша и она ќе дојде и ќе и рече "оди боса , баба не те кара" , или кога немаше да сака да јаде , а јас и кажувам дека мора , од некоја страна ќе се појави и ќе и даде чоколадо и ако треба цел ден само чоколади и смоки да јаде , само она да биде "добрата". Постојано ми го рушеше авторитетот :devil: а и детето беше збунето, зашто јас и кажував дека тоа и тоа не е добро за неа , а баба и и викаше дека се може.....
    Сеа кога сум кај моите со нив имам вакви конфликти , ама некако се изборувам 8) ...
    Ама џабе... сите баби се такви ...шетаме низ продавница со ќерка ми и мајка ми , и ќерка ми се фаќа за една играчка какви што две дома не ги погледнува, фрлени у соба и ми бара уште една... кажувам -не може ...иде до баба и (- бабичке може да ми го купиш ова) и со слатка насмевка , јас и кажувам на мајка ми ама она не може да и одолее и и го купува....

    Исто и за малиот слушнале божем машко па не смеел многу да плаче, не било убаво....
    Абре ако плаче од бес до утре да вика не попуштам :shake: ....
    Неколку пати му попуштија така и после секој пат беше поупорен и подолго плачеше чекајки го моментот кога ќе ни попуштат живците и ќе биде по негово...И која лекција му ја дадоа??
    ( Ако нешто сакаш треба да плачеш доволно долго , односно се повеќе и посилно и ќе те послушаат сите).....
    Ги учам дека за било што во животот ако ми кажат со убаво може и ќе се договориме, ама штом ќе вриснат да плачат и се дерат јас тивко ќе им кажам дека ништо не слушам кога викаат и дека е за џабе , погрешен начин дека избрале , дека така ништо не добиле ........и има ефект....
    Ако знам дека плаче за глупост или за нешто што не е добро за него , нема попуштање....Ги натерав и они да го трпат и да видите како сега си свати и детето дека не добива ништо кога ќе заплаче, па и побрзо се смирува :angel: ... Се чудат како сум можела да трпам... :wasntme:
    Па подобро денес да истрпам помалце отколку утре повеќе......... :!:
     
    На pamelche, blond, MacenceEna и 5 други им се допаѓа ова.
  16. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.905
    Пол:
    Женски
    Мене ми се мешаат во исхраната на ќерка ми, просто полудувам, особено во зимскиов период. Така беше лани, еве сега гледам дека пак поминуваме низ истото-дежа ву.
    Имено на стариве досадно им е и по цел ден само нешто јадат и грицкаат-семки, смоки, наполитанки, чоколади, колачи, тортици итн. итн. ништо хранливо....чкљ храна која дебелее. За нив ми е гајле, ама се вадам од такт кога и на ќерка ми и нудат и и` туткаат.
    Само што завршила со редовниот оброк (доручек, ручек или вечера) не поминало половина час тие (а и малава со нив) пак нешто што мелат. Ми го поправија детево три кила, како топче е (таа и онака беше крупна за нејзина возраст, овие три кила беа капак).

    Со оглед на тоа дека не сакам детево за некоја година да ме колне дека сум ја испуштила од раце и сум дозволила да се здебели па да мора диети да држи, и реков дека мора мене или татко и` да не` праша пред да јаде нешто.
    И сега ваква ни е дома ситуацијава
    -мамо, мамо.... дедо/баба ми рече да те прашам дали може наполитанки да јадам (се еден поглед просто те убива од жал да и` речеш не може :( )
    -јас/мм-не може, седи тука или
    -може, ама само едно. |(

    И не и` дозволуваме да оди кај нив во соба.
    Ај свеки ја тера да не` праша, ама ова старово (свекор ми) од збор не се разбира, и` вика-кој ги прашува нив, земи дедо, јади. :^) :@ Ни го руши авторитетот пред неа.

    И сега ние сме лошите, џандари изигриваме.... дури детево го имам затекнато скришум како џвака набрзинка да голтне, па да дојде кај нас во соба. Шизам. :@

    И така фино лепо, ја седнав ќерка ми и` и објаснив дека само се грижиме за нејзиното здравје и затоа не и` дозволуваме се` да јаде, и кажував дека може да има проблеми со срцето, дека нема да може да трча и дека лесно ќе се заморува, дека повеќе ќе се поти, па на сред играње ќе мора да оди дома да се пресоблече, па другарчињата може нема да сакаат да игра со нив на пр. брканица ако е спора и не може да ги стигне и сл....колку-толку ме разбра. :)

    А и стариве си добија воспитна, ама од мм, негови родители се, тој нека си се расправа со нив. :!: Малку се навредија, ама искрено баш ми е гајле, подобро сега тие да се лутат, отколку за некоја година детево да ми стане гојазно и таа мене да ми се лути. :)
     
    На pamelche, Bozica1980, LilBaby и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.403
    Допаѓања:
    143.047
    Лолита, и јас имав сличен проблем, само среќа не живееме заедно, па се сведуваше само на периодите кога се гледаа со баба им и дедо им, иако ако не се тие, ќе дојде некој друг на гости, ќе им тутне благо, еднаш дневно се случува како и да е.

    Иако ќерка ми никогаш не била полничка, не сакам да јаде глупости, наместо да јаде наполитанки треба да јаде јаболко, па и јас го направив истиов муабет со неа, и запрепастена бев какво влијание имаше кај неа, иако тогаш беше мала, мислам дека имаше околу 4 години. Почна да јаде благо многу малку, исто и грицки (сепак благото беше најголем проблем), затоа што не е здраво. Ќе касне чоколадо, не дека не јаде воопшто, ама еден ред, најмногу, и запира тука. Многу имаа влијание и оние книгите од ОХО, мислам дека се викаше „Зошто треба да се храниме здраво“. И на 5+ ги има, истото што е напишано во книгата, сигурна сум дека ги знаеш.

    Е сега синот е друга приказна. Колку и да му кажувам, никако да престане - може да изеде 100 грама чоколадо без око да му трепне. Многу сака палачинки, па баба му обавезно му прави кога им оди на гости, па уште му праќа и за дома, да не случајно не сенајал таму. А тој знае дека ќе има палачинки, па не јаде речиси ништо за ручек.

    Јас порано многу се нервирав за мешањето на бабите во воспитувањето, ама на крај сфатив дека сепак за детето најмногу „тежи“ зборот на родителите, во нив има најмногу доверба. Ова особено станува очигледно кога малку ќе потпораснат децата.
     
    На blond и lolyta777 им се допаѓа ова.
  18. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.801
    Ние имавме една комшивка - баба (Бог да ја прости) и секогаш како дечиња кога ќе игравме на улица, доаѓаше, ќе не собереше на куп и почнуваше да не плаши со разни магии, суеверија, страшни приказни...
    Дома не кажувавме ништо (бидејќи старата жена во црно ќе не затворела во затворот и изедела за ручек :fubar: ), ама истовремено многу се плашевме од нејзините муабети.
    Дури и во средна школа држев натрупани стравови навечер од нејзините приказни.
    Никогаш не сфатив зошто и која беше поентата да ни го прави тоа, и чистите мозоци да ни ги полни со :x се` и сешто.
     
    На EleMental му/ѝ се допаѓа ова.
  19. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.983
    Допаѓања:
    108.449
    Пол:
    Женски
    Мене денес ме изнервираа многу свекор ми и свекрва ми :@
    Прво зборат ааа никогаш да не го карате детето , такво дете нема толку добро итн а денес керка ми земала едно пенкало од масата ( а масата полна со пенкала ги купила свекрвам и и така ги оставила) и да и го земе она почна да плаче , а свекор ми кога и се развика на керка ми ,сите занемевме , а оно уште толку се расплаче. Искрено незнаев што да речам да се расправам со него или да си кутам , досега сум немала никаков др. проблем. И детево не сакаше да го види , па ајде викам си одиме дома земав да и облечам јакна и она продолжи да плаче , и свекрва ми ааа коритсаки што и направи , зашто плаче почна да вика , и ми ја зема од раце. и што излезе сега дека јас и направив нешто а тие ја расплакаа. ее Божеее.. :@ ке експлодирам
     
  20. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.342
    Или објасни им ја ситуацијата како и што било или едноставно откачи ги и кажи им дека му се спие на детето па затоа е кенкава.
    Што го земе во раце земе па сигурно кажала и ,,мила на баба, не плачи,, :devil:
    Таа реченица ја слушав и јас и ме вадеше од контакт па плус и го земе во раце, и еден ден во афект реков ,,да да да само тој е дете на овој свет, нема други деца. Тоа дете има мајка и татко и на нив е НАЈМИЛ и го зедов од нејзините раце,, :D Изгледа ја подзамислив со мојот одговор па повеќе не ја слушнав таа реченица и се научи да не се меша кога го караме без разлика дали јас или татко му.
    Златно правило кога еден го кара сите други треба да молчат за да свати зошто се кара.
    Кај мене пак беше обратен случај што буквално се се дозволуваше да се пипне па и скрши. И ден денеска кај баба му е најслободен затоа што прави што сака. И реков ,,не му дозволувај се, затоа што еден ден на глава ќе ти се качи,, ама изгледа тоа не го свати.
    После некое време го носи во раце и целата потресена, љута, вришти од нервоза и почна ,,тоа направи, тоа, тоа.....,, Смирено и реков е ако де, утре и куќата ќе ти ја бутне па жали се. Зошто не го прави тоа кај мене ?!? И веќе и беше јасно.
    Можеби е лошо што неможев на паметен начин да и докажам дека некои работи не одат како што мисли па допуштив да ги свати откако ќе ги почувствува. Сега и е јасно и нема никаков проблем и имам голема подршка од неа.
     
    На Lavender, soncenceto.matea и koritsaki им се допаѓа ова.