1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мешање на бабите во воспитувањето

Дискусија во 'Дете' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

  1. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    За воспитување на керка ми сум задолжена исклучиво јас,мм ретко се меша,он е подетинест и многу и допушта,а тоа секако не е добро за детето,после распрденко ке биде(така викаат кај нас) :lol:
    Свеки уште на јатрва ми децата кога беа мали знае дека не смее да се меша во воспитување или да ги брани кога ги кара мајка им,така да со неа немам проблеми околу тоа...
    Е сега мајка ми знае понекогаш да коментира, да ја брани, да ја разгалува,да и допушта на глава да и се качи пошто прво внуче и знаете како е....ама јас одма реагирам и пресекувам,се знае јас ако дозволам нешто да прави тоа и ке биде.
    Или пак свекор ми знае во 21часот да и даде чоколади или некои грицки....ааааа не не јас тука фино лепо на културен начин ке му дадам до знаење каде му е местото.
    и така си се научија сите дека јас сум таа што знае што е добро за моето дете
     
  2. ivana89sara

    ivana89sara Активен член

    Се зачлени на:
    24 април 2013
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    3
    svekrva mi na pocetokot probuvase da se mesa demek zosto sme ja karale ja branese no sekoj pat ko ke stanese da ja odbrane i stvav do znaenje deka ne treba da se mesa sekoj treba da si znae kade mu e mestoo i toa e moe dete i samo jas i mazot mi imame pravo da odlucuvame vo vrka so nego
     
  3. Angel4eeee

    Angel4eeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    336
    Пол:
    Женски
    Ja да ви кажам...
    Да не беше баба ми Дена ја денес нема да бев она што сум. Таа ме разбираше и караше за се,за денес да не правам грешки и нејзините правила си ги почитувам и денес. Многу ја сакам многуууууууууууу. :inlove: И мојте ме воспитувале не викам не ама баба ми си ја сакам многу и неа не можам на ништо да и речам не. Ке го спомнам и татко ми,тоој ми ја даваше цела енергија и подршка за да успеам во животот и сеуште ми го пружа истото.
    Затоа мислам дека е подобро да се мешаат и бабите но не секоја,не се сите баби паметни како некои,дури и на некои вопшто не треба да им се дозволи според мене :^)
     
  4. pepus

    pepus Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    156
    Е ова ќе биде предизвик моите д ане ја разгалат ,а свекрва ми имам чувство дека ќе и се однесува како она да е задолжена за воспитувањето ( пример седиме кај нив на кафе точно пред 3 дена и ја држи и детево само мрда , зашто си е такво пргаво ) и она ивика леле ко ќе проодиш ќе фаќаш секаде па ќе те тепаме бам бам бам . Јас и се вртам ии викам вие нема да ја тепате , тепање и плашење туѓо дете не , не може , нема удирање ,ако ја удрите ќе се лутиме . Мм до мене си седи и си ќути како и секогаш . Со мајка ми е лесно ќе и викнам и толку, ама со свекрвами очекувам потешко да иде мада мислам дека ќе си дојде на место .
     
  5. DjinTonik

    DjinTonik Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    110
    Бабите се за тоа - да ги разгалуваат внучињата ;) На пример мене мајка ми ме воспитувала цел живот и сум ја слушала, мама што каже тоа е закон... а ако го прашувам тато нешто тоа ке биде "тато кај е мама?" ... но многу често ме чувала баба ми и она значи претеруваше во разгалувањето до толку што кога ке спијам кај неа или она кај нас и поголемка јас а она ми облекуваше пижами и јас не сакав да станам, и она ме влечеше ајде раче, ајде ноже, ајде газот подигни го и мајка ми само ке прокоментира "доста више ја галиш", и сето тоа мене денеска ми останало како сеќавање дека јас уживав и бев бескрајно среќна кога ке ме земеше баба ми од градинка зошто знам дека се ке ми биде допуштено, но не израснав во разгалено дете, мајка ми имаше поголемо влијание од сите и ме израсна во стабилна личност. А денеска мајка ми се му попушта да детето на брат и, он е доста помал од сите внуци нејзини и му удоволува и му прави 300 кефови, и јас и викам ете ти се се врака, ке видиш колку ке го галиш моето дете кога јас ке го карам :lol:
     
    На karenin му/ѝ се допаѓа ова.
  6. TSS

    TSS Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2013
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    396
    Моментално најмногу што ме вознемирува е тоа што моето синче одамна го одбив од пиење млеко во шише...но мојата свекрва уште го мази и му дава да пие во шише...тоа страшно ме нервира :envy:

    [​IMG]
     
  7. Eleonorastrumica

    Eleonorastrumica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    196
    Претежно малиот е со мене,е сега јас знам да го карам зошто многу е темпераментно,занчи се што има околу него го интересира и сака да го чепка ,да види што е ,но се не е за чепкање,пробувам да викнам некогаш,ако не ме послуша понекогаш и по раче има,кога сум кај свекрвата исто и таа му подвикнува и нон стоп ми вели не се лути ако некогаш му викнам или го го удрам по раче,јас нормално не се лутам,прво зошто го знам каков темперамент е и што тој што намислил го прави и ако не му викнеш или крајно ако не му ставиш до знаење дека не е за него почнува да плаче,да вришти и да пишти,за рзлика од свекрвата мајка ми повеќе му дозвлува некои работи,она демек јас нема да го удрам по раче тој и така ќе се разбере па лом и прави по дома,и еден пат го плесна по раче и одма ми вика па да не се лутеш ама веќе не иде така,викам не се лутам зш да се лутам ,некогаш не е се во зборењето,не сега да го утепиш викам од котек ама плеснување по раче или газе им е дозволено,мада јас и толку немам добиено ама си бев мирно се разбирав од збор ама ово моето си тера по свое ,што вели мајка ми ти како мала се плашеше од лавче малечко играчка,абе вика овоа жив лав да му донесат нема да се исплаши
     
  8. Calla14

    Calla14 Активен член

    Се зачлени на:
    25 април 2013
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    7
    По крв имам две баби,а во срце една.Мајката на татко ми никогаш не ме ни сакала па затоа не се не ни мешала.А за брат ми да не зборувам.Женава има толку старомодни сфакања..Било машко и помал затоа нека јаде колку сака,ти си поголема и женско и не чини |( .А пак другава моја златна баба,мајка ми никогаш немала проблеми со неа.И не само мајка ми туку и вујна ми.Кога ке ја искара братучетка ми и ке плаче баба ми не се меша и секогаш и дава за јадење тоа што треба.А за мене и брат ми никаков проблем.Баба ми и мајка ми се мн блиски и баба ми знае кога треба да се замеша,што треба да ни дава,а што не.Ех,да беа сите вакви баби..
     
  9. srna1

    srna1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    11
    драги родители, што мислите : Живееме со старите и детево е повеке со нив отколку со нас, татко му е зафатен и повеке не е дома, мене искрено ми пречи тоа. Мислите дека ке биде премногу раазгалено , ке прави какко повеке нему му одговара... Ми е страв дека нема да биде добро воспитано , дека во заедницата децата се размазени . Мислам повеке сум во зијан , одошто во кар од старите...
     
  10. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски

    Зависи од бабата и дедото. Во принцип нема баба и дедо што не ги исполнува сите желби на детето ( има и исклучоци) ама ако сте во заедница јас мислам дека и на нив ќе им одговара внучето да е послушно. Друго е кога го гледаат од време на време. Ако одиш и ти на работа убаво че им објасниш дека не чини да се размазува детето , за и на нив да не им се качува на глава.
    Мајка ми на пример ( и со моите и др.внучиња) е ок, значи не престрога ама па не им дозволува се и сешто, се знае што може да прават деца.
    Така да, зависи од нив, колку ќе сакаат да се вложат, да му зборуваат, да не му прават 'бабски' муабети.
     
  11. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    Мојата свекрва-баба на малата(иако не е некоја баба ама тоа е) иако живееме далеку пак се меша :o си се чудам како успева.
    Искрено она е таква жена сака секаде да ја има и кај што не ја собира,малата немала да дозволи да одела на високо школо,малата била женско па дома требела да седи,малата да ја облакам вака онака.............
    Она-ако јас сум жива нема да дозволам!.
    АЛООООООО кој ку*ац ти боли :fubar: баш ме брига дали ке бидиш жива или не али јас нема да дозволам ќерками да биде како тебе,најдоброто за неја јас одлучувам ич не ми е гајле што мисли или дали ке бидела жива женавапа да ќерками седела дома :x стварно кој ум има :!: ако има.
     
  12. oraiaeleni

    oraiaeleni Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2014
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    107
    И јас така мислам, дека си во голем зијан, колку и да на моменти сега ти се чини дека можеби тоа не е така лошо. Ако требало да бидат така подредени работите, бабите сеуште ќе раѓале и воспитувале деца. Квалитетно поминатото време со родителите е незаменливо. Освен ако не сакаш и самата бабите да му ги наметнат своите ставови, вредности на детето. Иако е можеби многу мало, децата се како сунѓери, секој збор, секоја постапка, допуштање или забрана на нешто се одразува на формирање на карактерот. Па дури подобро е еден дел од времето да го носиш некаде во гардинка или игротека каде ќе се дружи со врсници, ке научи нешто...
     
  13. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    И после 15 години за жал во се се меша (мајка ми :devil: ). Не можам асално да поразговарам со детето, а не дај боже да ја искарам за нешто што згрешила. Аман мори мамо до кога :@
    Двојчето не знае леб (за повеќе и не коментирам) да си пресече, зошто цел живот некој ја тинтра. Уште јадење во кревет и носи.
    Многу е тешко кога си во заедница, колку можете повеќе децата чувајте си ги сами или градинка (што ако мојата одеше).
     
    На bubamara12345 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. oraiaeleni

    oraiaeleni Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2014
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    107
    Па и на сопствената мајка ако ги надмине границите кои сум ги поставила околу воспитувањето во конкретниот случај-секако дека ќе најдам дипломатски начин да и кажам до каде може да се меша. Нешто како: знам мамо дека ми го посакуваш најдоброто, знам колку не сакаш, и сакаш се да биде добро ама мислам дека за детето е подобро тоа и тоа. Не велам дека е лесно кога си во заедница, но уште потешко е кога ќе си ги загуби човек границите.
     
  15. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    ААаа лесно е да кажеш, оди нејзе кажи и веднаш се избацува со некој контра аргумент кој не држи вода.
    До карактерот на човекот е. Ама нели ми е мајка и со неа живеам, по малку ќе урлам по малку ќе премолчувам, чунки они се постари и се знаат , а ние ништо не знаеме.
     
  16. oraiaeleni

    oraiaeleni Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2014
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    107
    Во нашиот народ, а и на Балканов владее мислење дека нели, не може на главу ти седим-на браду ти с***м, односно, без разлика колку години имаш се додека си под мој кров (поддршка, помош) ке биде онака како сакам јас. Луѓето се како бодликави прасенца, потребна им е блискост но ако премногу се доближат се бодат (незнам кој го рекол тоа). Поставувањето граници е пред се знак за лична зрелост, самопочитување и не значи помалку љубов за другите, за мајката, свекрвата. Е сега кај нас е менталитетот таков па одма се вреѓаат ако им се спротивстави некој, запаѓаат у транс, зајдуваат...Затоа реков, дипломатски. Не велам дека е лесно, ама е изводливо, ама тука човек треба е да е начисто со себе прво, што добива а што губи ако покаже малку независност, макар во овој поглед. Убаво е да им оддадеме признание на старите, да, навистина е така мамо, да побараме совет, да им покажеме дека се уште важни и најдобро знаат ама пак водата да си ја навртиме кон нашата воденица. Е сеа, секоја револуција е повеке или помалку болна, ке падне некоја солза, ама тука се гледа зрелоста (да не се излезе од такт, да се пази како тоа ке се изведе, пред се-да знаеме што сакаме да постигнеме) (Во случајот на срна, навистина мислам дека срна1 е во загуба, таа губи дел од детето, губи квалитетно време минато со него, таткото ионака е отсутен...).
     
    На stylishh му/ѝ се допаѓа ова.
  17. bubamara12345

    bubamara12345 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    610
    Најлоша варијанта за воспитување на едно дете е да се меша бабата. Со тоа само се наштетува на детето и на неговиот развој кон нормална личност. Денешниве баби си земаат секакво право да се мешаат во се што е можно.
    Кога мајката ќе го прекори детето и му укаже дека не е во ред неговата постапка и нормално дете како дете ќе почне да плаче. Тогаш на главна сцена влегува бабата и одма почнува да ги сили работите и да биед во улога на заштитник на детето од ,,лутината,, на неговата мајка. Потоа настапува со зборовите:
    -Дојди ми кај баба, злато на баба. Остави ја онаа мајка ти, будала е. Таа ми те карала тебе итн... И тоа одма доведува до контра ефект и детето со текот на времето нема никаква контрола, никаква граница и не си знае каде му е местото.
    Ова е најфатална грешка што најлошо се одразува кај детето. Ова со свои очи го видов и не можев да верувам што гледам.
    Затоа на сите мајки им препорачува да не дозволат некој да им се меша во воспитувањето на нивните деца.
     
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.
  18. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Мене баба ми ме израснала и јас би дозволила моето дете да го воспитува баба му, па тие имаат повеќе искуство од нас, баба ми често ми даваше совети. И секогаш кога моите ме караа за нешто таа ме бранеше. На мајка ми мајка секогаш ме бранеше од мајка ми :lol: ама тоа тие не го прават злонамерно, тоа го прават затоа што не сакаат нас. Јас бев многу блиска со баба ми по цел ден си зборувавме бев ме заедно затоа што не се видувавме често, и мислам дека таа повеќе ме разбираше отколку мајка ми. Можеби не беше реална, секогаш беше од моја страна и кога грешев што не е добро ама ме разбираше повеќе.
     
  19. bubamara12345

    bubamara12345 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    610
    А мајка ти од туку така те караше?
    Сите сме биле деца, сигурно имало повод за таквата корекција од мајка ти кон тебе. Бабите твои те земале под закрила, а мајка ти била улава што те карала. Според тебе баба ти била добра личност, а мајка ти лоша зошто те карала кога ќе си направела нешто што не треба. :D
     
    На Daleron му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Да бе ние мајките сме лошите вештерки, а оние караконџулки од баби светици.
    И ќерка ми си ја сака баба и многу, не за друго туку што во се и попушта, а јас живци искинав.
    Еј на времето таа баба моја мајка ме пуштала до 21 часот, а сега вели за 15 годишно дете, остај ја де (до кај 12) на улуца ништо не е сите деца се собрани. Нормално детето добива сила. :@
     
    На bubamara12345 му/ѝ се допаѓа ова.