1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мешање на бабите во воспитувањето

Дискусија во 'Дете' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

  1. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.858
    Допаѓања:
    21.138
    Пол:
    Женски
    Не сум принудена да ја чува, ама дете си бара промена, сака да оди кај нив без нас, порано не можев никому да ја оставам, дури ни на мајка ми зошто неќеше да седи со никој и имав проблем, не можев да здивнам.
    Сега седи, па се поопуштивме малце и на себе да се посветиме.
    Не е често зошто не дозволувам, ама ете доволно да ме напне со глупости.
    @Mantub нема ни да чува, ете среќа у несреќа што сум дома и си ја чувам...
    Ама за зорт, не иде да ја прескокнам баба е..
    А реално и од тоа преоблекување може да се разболи дете.
    А не беше луѓе таква, навистина. Мн ок размислувања, погледи на живот, да не речам не беше затуцана некоја ич.
    Сега буквално ко да и се оттргнати мислите буквално за се.
    И кажа мм, учи ја, не и дозволувај се, коа идете у продавница само 1 нешто ќе купиш, пример сокче и доста, не ја учи на се што ќе сака да земе...
    И се е да, во право сте, дете од мало се учи, кога ќе порасне иначе ќе имате проблем.
    Значи се се ќе помислиш има разбирачка, и на крај ништо не се почитува.
    Дури и свекор ми и збори, и тоа пред нас, а и мене ми има кажано, стално ја опоменувам, ама џабе.
    Детево сака да јаде само, она запнала она ќр ја храни, и сеа свекор ми пред мене и вика,абе голема е остај ја, и треба да се осамостали,она вика па ми е жаљ...
    Може се ситници ама сметам дека кога се работи за воспитување и не се баш ситници.
    Забранив телефон и таблет, таа и дава.
    Па малце било...
    Па и било жаљ коа сме и викале не може..
    Па ако бе малце она... нека ја..
     
    На Makedonka007 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  2. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    А зошто да не може да ја прескокнеш?
    Решениево на проблемов е едноставен, не трошам ни 5 мин мислење дали ќе оставам дете со некок за кој не мислам дека му влијае добро.
     
  3. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.858
    Допаѓања:
    21.138
    Пол:
    Женски
    Најголема грешка ми е што дозволив да оди таму и да седи сама, пример 1 во 2 недели, мислев малце ќе одморам и ќе средам психа...
    Не мора да чува, ама ај викам на дете му е преку глава од мене, да смени и она малце.
    Да биде малце со баба и дедо, ама ете сега и тоа пак ќе се смени ако нема разбирачка.
     
  4. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.118
    Допаѓања:
    18.321
    Пол:
    Женски
    Свекрвиштана мислат дека ако ги исчувале своите деца пред 30 и кусур години, дека сега све знаат. Така ми вика моево свекрвиште они знаеле дека деца исчувале... На неразбрани луѓе не можеш да им објасниш колку и да се трудиш, едноставно убедени се дека они се во право. Човек учи додека е жив само свекрва знае све.
     
    На Makedonka007, srekice, Frosty! и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Aurelija

    Aurelija Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2020
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Значи, мајка ми веќе ги премина сите граници, ми се меша постојано во одгледувањето на децава.
    Таа е во пензија, ја ангажирам за чување додека сум на работа,ама кога сум јас со нив,постојано се меша, не дава совети туку наредува. Веќе почна да ми се разнишува бракот ради неа. Не третира сите како деца. Команда за се и сешто. Зборено ми е милион пати, џабе!
    Сега почна со приговори дека сум го запоставувала едното дете за сметка на другото. Која мајка може да прави поделба на децата??? ненормална, луда работа.
    Дали има некој во ваква ситуација?
    Да напоменам, живееме одделно.
     
    Последна измена од модератор: 18 ноември 2020
  6. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Карактерот во тие години нема да и го смениш, особено ако тоа нејзино наредување и поминало неколку пати кај вас.
    Решение е да не ја ангажираш да ти го чува детето, јас барем не би се изложувала на тој стрес и себе и бракот со цел да ми е полесно, градинка или дадилка би ми било опција
     
    Последна измена од модератор: 18 ноември 2020
    На poppie, srekice и Spidy им се допаѓа ова.
  7. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.027
    Пол:
    Женски
    Мајка ти веројатно поминува низ една фаза во животот каде себе си се става во прва улога најчесто е околу 60те години таа фаза. Не помага ниту разговор, ниту кавга. Едноставно како си замислила така си прави и на секој збор упатен кон неа знае да направи драма со плачки и лутење.

    Што би те советувала во ваква ситуација. Ти си зависна од мајка ти бидејќи ти ги чува децата. Користејќи ја таа позиција она автоматски ја земала и улогата на шеф сале и дома кај тебе. При тренинг на куче има еден назив кој се користи: Ако ти не станеш лидер, кучето ќе ја земе таа улога. Тоа ти се случило и тебе дома. Принципот на тренинг на бебе, куче и луѓе е ист. На сите им е потребна рутина. Што треба да направиш? Да се ослободиш од зависност за да можеш да ја земеш лидерската позиција. Тоа не мора да значи дека треба друг да ги чува децата туку да и ставиш на маса шаблон. Најдобро е со цртеж: Ова си ти мама, а ова сум јас. Ова се твоите граници со црвен фломастер, а ова се моите. Сепак мајка ти не ти посакува лошо, ниту има некое си долго време пред себе за да отвориш војна. Најдобра варијанта е да ја наметнеш својата улога.

    И ставаш обврски околу децата:
    - појадок во толку саат, цртани од до, спиење.
    Си идам јас од работа ти си одиш дома.

    Во однос на партнерот отворена поддршка пред мајка си. Не се молчи и лути, туку во очи веднаш се пресекува. Мама замолчи доволно е. Оваа тема да не ја слушнам повторно. Овде ќе биде како што јас ќе кажам. Само јас во мојата куќа. Или така или никако. Јасна сум мама?

    Користи кратки и отсечни реченици. Не влегувај во објаснувања така се губи смислата. Многу е полесно со мајка. Мајка никад не може да ти се лути на начин како што другите можат. Но мора да си го знае местото. Тоа требало до 25 години да ви е решено. До тогаш треба да се расчисти со позиции во семејството. Почит да, но не и “мама” над глава.

    Со свекрва мора сопругот вака да пресече. Кој има проблем со свекрва.
     
    На Elen4e_sonce, Осе, buba4e89 и 26 други им се допаѓа ова.
  8. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.192
    Допаѓања:
    10.813
    Пол:
    Женски
    И јас имам таква мајка. И реков во моја куќа мои правила, ако не ти се свиѓа ене ти ја вратата. Ако ми прави проблем, го праќам детето во градинка, и не само што нема да го чува, нема ни да го види. И да видиш како си легна на брашното.
    Само строго и отсечно.
     
    На resenska, Aurelija, haruki и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Madonna

    Madonna Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    148
    Како бе така...Ене ти ја вратата.Кај ви ги чуваат децата, уште ене ти ја вратата.Уште па бесрамно си го пишуваш тоа тука...вие ко уште да имате 5..6 години, таков емоционален развој сте покажале со постапката.Ова е голем показател дека мајка ви е во право.знае со која балавица си има работа, затоа и се поставила така. Без лутење. Ако не сте задоволни од чувањето на детето си има дадилки ( па поставувај камери дали го шлапа, или го треска од земја), или ако немаш пари дај го во градинка (па таму една недела у градинка , 2 боледување земи си).
    Ауууууууу живи смешки, кај и го чува детето уште вратата ќе и ја покажува.
    Ја да сум била на местото на мајка ти ќе сум излегла, па крши си глава, коа многу знаеш.
    Ем ќе си уживам со пријателки, шо сакам да праам , место да се тресам дали паднало, јадело, настинало.
    а ти најди си дадилка, или дај го во градинка.
    Кога си незахвална и не си свесна за нејзината вредност, ќе ти пати детето и ти со него.
     
    Последна измена: 20 ноември 2020
    На eliesaab, An-na и Larahappy им се допаѓа ова.
  10. Madonna

    Madonna Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    148
    Апсолутно си во право. Нема жал ми е ова она..
    За доброто на детето усогласен став треба да имаат таткото и мајката, а бабите и дедобците тука воопшто немаат право да се мешаат.Затоа што после тоа се создаваат неразбрани деца, размазени, е после па истата таа свекрва ќе вика, ааааауууууууууууу колку е невоспитано.
     
    На Осе му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Madonna

    Madonna Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    148
    БРАВО!!!Така треба.
     
  12. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.103
    Допаѓања:
    10.414
    Пол:
    Женски
    А доколку свекрвата ти се понаша како газдарица во твоја куќа, и како она, да е мајка на твое дете? Исто би си молчела, и не би се нервирала? Ништо не би се жалела на маж ти?
     
    На poppie, cresa-jagoda и Spidy им се допаѓа ова.
  13. Madonna

    Madonna Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    148
    Страшно.Немам коментар.Што мајка е таа??
     
  14. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.192
    Допаѓања:
    10.813
    Пол:
    Женски
    Мајка ми не го чува детето, беше запишано во градинка пред пандемијата, сега јас и маж ми си го чуваме. Јас од неа не зависам, и не се ставам во ситуација да зависам зошто знам со кој си имам работа.
    Како и да е, со луѓе кои немаат осет, мора без осет да им се враќа за да сфатат. Не викам дека сум јас цвеќе за мирисање. Само не дозволувам некој да ми го ремети мирот, макар и сопствената мајка.
    Тој што зависи од бабите за чување деца ќе трпи и да му се мешаат. Јас не трпам. Ако не му се свиѓа тоа на некого, не мора да влегува во мојата куќа и решен проблем.
     
    На Aurelija, zuto, emkaemka и 10 други им се допаѓа ова.
  15. Madonna

    Madonna Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    148
    Тоа е друго.Тука треба јасно и гласно да си кажеш што ти смета, најкултурно, и дека очекуваш дека ќе се почитуваат твоите барања, нормално ако се издржани.
     
  16. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.103
    Допаѓања:
    10.414
    Пол:
    Женски
    Е исто е. Само она е мајка на маж ти. И не е твое да и кажеш, да се расправаш. (А свекрвите се понеразбрани од мајките на жените)
     
  17. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.006
    Допаѓања:
    118.166
    Пол:
    Женски
    А што кога син и вели ок и клима со глава дека ќе разговара со мајка му?
    И не разговара, туку следниот пат пак истата приказна со нејзини совети и наредби и глупави испади.
     
    На happygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  18. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.103
    Допаѓања:
    10.414
    Пол:
    Женски
    Ке си ќутиш пошто ти чува дете. Или ќе земеш дадилка :D

    Ке кажеш нормално. Јас се фатив за гуша, со мојата оред еден месец. Ја успивав малата и лежев до нејзе. А госпожата дошла, ме видела легната и ми искоментира "Се утепа од спиење!!"
    Кога сум ја подбрала. Сметка ли ми водиш и викам.
    И уште ми вика ДА.
    Мореее, марш тамо. Па уште плаче, глуми лудило. Се да си кажувате, никој не заслужува да му се ќути.
     
    На Freyja, Aurelija, kukla21 и 13 други им се допаѓа ова.
  19. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.006
    Допаѓања:
    118.166
    Пол:
    Женски
    Не, не ми чува дете, не менува памперс, не ја бања.
    Ја држи само во раце кога доаѓа да ја виде еднаш неделно.
    За тие 3 часа притисокот ми е 200, од глупавите коментари.
    На бебето му вика "стана ли ма госпоѓо" :@
    Чекам, чекам да спомне маж ми, ама и не дочекувам, па кога ќе ми се спојат плус и минус фино лепо си кажувам се што ми лежи на срце.:!:и не во завиена форма, туку како што си е:whew:
     
    На tina2018, poppie, Milkiway и 6 други им се допаѓа ова.
  20. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.103
    Допаѓања:
    10.414
    Пол:
    Женски
    Кажувај си со време. Да си знае што смее а што не. И јас кутев, па ми се качи на глава.
    Муабети од типот
    -На 4 месеци се јаделе
    -На 7 месеци моите оделе
    -На 9 неноселе пелени
    -На 12 веќе зборувале:rofl:
     
    На kukla21, poppie, Autumn_ и 3 други им се допаѓа ова.