Стварно сакам да ја почитувам, мајка му е. Не е фер да сум лоша. Ама и на мајка ми и скренувам внимание. Штом се работи за бебето неможам да чекам сами да се сменат нештата, затоа и реагирам. Забележав дека бебињата иако мислиме дека не разбираат, тие многу чувствуваат. Кога ја држи и и вика "плачкеее, прдлеее" дете се смрштува и почнува да плачи. Затоа реагирам убаво да им се зборува, не лигавење со бебешки јазик, туку убави зборови.
За 3 часа во неделата не вредат нервозите. Нека си збори, тоа им е работа, ти само игнор. Ако веќе ти ја чува и се прави мајка како во многу од случаите, тогаш треба да се реагира. И на некој ептен недоличен коментар исто, но за еднаш неделно јас би игнорирала и би му спомнала на мм кога следен пат ќе искоментира нешто што не е на место, да и’ каже. Јас еднаш имам изреагирано со мојава за поголемата. Ја чуваше, и тогаш беше детево во фаза само мама мама и плачеше по мене нонстоп. Влегувам еден ден од работа, слушам уште од надвор плаче детево мама мама, и како влегувам, свеки и’ вика аман веќе, доста со таа мајка ти, што ќе ти е мајка ти, ќути ајде Кога ме виде, се стаписа. И’ реков уште еднаш на мое дете да не кажала дека не му треба мајка, оти детето ИМА мајка и нормално дека ќе ја бара. Од тогаш ни а ни б, нема зуцнато. Зборот ми е, за вакви работи и коментари, нормално дека ќе реагираш, ама за тоа што и’ рекла кога станала не се заморувај да се оптоваруваш. Баби се, стално ќе зборат, наше е да филтрираме и изреагираме кога треба. За нешто што не е толку значајно, мт е тука, он треба да и’ каже
леле кога му зборат на бебето со "бебешки јазик" "здЛаво" збори му убаво на бебето бре, попаметно е од тебе не знам што е поентата со прекршување на јазикот? Ај нека ми објасни некој
На секој коментар се вчудоневидувам повеќе. Буквално секоја е оригинална во својата глупост. Мојата има една навика да каже нешто преглупо, некој совет од 12ти век што докажано е штетен, и кога ќе и кажеш дека нема да правиш така затоа што не треба така и таа ова го вика - Јас за подобро велам, зошто се грижам. Значи она за подобро вели, автоматски тоа што го правиш ти е полошо и не се грижиш толку како таа што се грижи. Да се прашував јас само на слика ќе го гледаше.
Ама си велиш баби се, се радуваат на внучиња. Да не ги оддалечуваме, брзо растат, овие пак стареат, ајде нека ги. Ама стварно се претерува во повеќето случаи. Неможе мислење од 12ти век да е за подобро на детето, а ние лошо да им мислиме. Бог да чува значи. Многу сакам да имам добра комуникација со неа, ќе ми помогне ваљда кога ќе ми ја причува, ама не бре. Ова вака ако продолжи, тешко
Со тек на време ќе оглувиш за голем број „глупави“ коментари. Сега е се на максимум со мало бебе. Тебе те пукаат хормони, нив ги пукаат радостии и сакање некогаш дури и да помогнат, ама наопаку им излегува, Плус рачунај во нивно време советите биле од рекла/казала и на новаат мајка и помагале комшии/стрини/тетки со претходно искуство и совети. Сега е ново време, ама они тоа не го знаат. Како ќе расте дете ќе се навикнеш ти да игнорираш и да тераш по свое. Едноставно не вреди да се нервираш за нив и крај. Ќе реагираш само ако директно пробуваат да ти воспитуваат дете. Коментарите кон тебе ќе ги ставаш на игнор. Зашто не се вредни да ги мислиш. Во себе ќе се насмееш, налутиш и ќе си речеш еве ја пак оваа со глупости и крај. Е кога треба ќе заржиш малку за да се знае кому каде е местото. Е сега нивната помош многу вреди, барем кај мене. Да не се бабите ништо работа не би можела да завршам ( и покрај градинка), зашто така работам. Плус и се наоѓаат ако сакаш навечер да си имаш свој живот и знаеш дека детето го оставаш со некој кој го сака. Затоа и им ги игнорираш глупостите. А глупости има. Еве пред некој ден свекрва ми која дојде да ми помогне со чување после градинка на сред состанок ми улета во соба (а од дома работиме периодов) за да прашува за што блуза да му купела зашто сакала да му купи за таму некој си повод. Неа и е сеедно кога ќе влезе да праша за некоја ситница. Што да и правам. За да можам да сработам ќе и ги трпам испадите.
А бе тоа фамозно игнорирање никогаш не помага, зошто да игнорираш наместо да си поставиш граници. Ај сите во животов што ни се качуваат на глава ќе ги игнорираме. Наместо јас да научам да ја игнорирам таа може да научи да ќути кога не е прашана. Има родители што сами си ги чуваат децата и немаат потреба од бабите така да нема зошто да ги игнорираат.
Ти мила немаш проблем. Кај тебе хормоните се во прашање. Некаде после годината ќе си дојде на свое место и се ќе изгледа поинаку
Па зашто го доиш пред неа? Ти го доиш, она ќе ти зјапа во цицка, ајде марш таму, кажи и ќе го дојам бебето излези од собата, или ќе си отидеш во спална да си го надоиш.
Ова е преточно. Јас до 10м да направи се ме нервираше, се карав, плачев... Сега кога ќе ми текне срам ме фаќа
И јас мислам дека и не е така голем проблем.Сега во моментов ти пречи и што постои жената ама ќе ти помине,ќе се сталожат хормоните. Еве пример големиот син е на гости кај моите неколку дена.Пред некој ден отишле да пазарат,било утро осум или девет сабајле.Верувале или не му имала облечено маичка на прерамки,пижама,тренерка,и дебела јакна,баш зимска јакна.Доле исто пижами,и тренерки.На глава капа.Кога ми кажа сестра ми,ми дојде да заплачам,најискрено.Маж ми вика ок јави и се и кажи и со убаво смирено,зошто се изнервирав вистина.И прашувам ок да беше минус надвор еве што ќе му облечете? Ние никогаш не сме ги облекле повеќе од маичка на прерамки и еден пар тренерки.Дури и капи ретко носат.И она ми објаснува како надвор било ладно,утро било,значи нема во нејзината глава е наштелувано како е ладно и детето ќе измрзне.И реков те молам соблечи го детето и никогаш повеќе да не го облечеш така. Е да беше свекрва ми,со мојов карактер што го имам ќе преќутев,ама ќе се нервирав,ќе го праќав маж ми да се кара.А она веројатно не би ме ни послушала што би и рекла.Ок они не ги ни гледаат,небитно. Се додека не ти се меша да му бута на детето со сила во уста,или па недај боже скришно ок е.Кога ќе дојде време за воспитување ќе реагираш.И онака сама си ја чуваш. Ја да сум како тебе сега кога ќе ја држи ќе си излезам на тераса на кафе и ќе кулирам,место да слушам што зборува со бебето.
На тараса кафе, сок и заклучи се. Или оди топла бања направи си речи и три саати нека и збори што сака. Јас и би си испаднала да имаше кој да и збори. Негде подалеку од станот.
Мајка ми го прави ова, не знам зошто толку ги тунтаат и облекува хеланки под тренерки и не се разбира, одма реагирав и ми вика доктори сме ваљда знаеме повеќе од тебе. Јас сум прилично сталожена ама дете да се поти ради нивна лоша циркулација не иде, па малку и на карање ја истеравме. А коментари скроз игнорирам, свеки какви глупости тресе ехее, и читам овде на гости кај баба требало да раскрева играчки мислам дај олабавете на гости е, да се работи за секојдневие разбирам. @Alishan30 не го тормози маж ти, што да и каже? Како да се изрази, како да зборува околу бебето? Стварно е до хормони работата.
Ха ха ха сега сфаќам зошто сум толку зимурлива и вечито нестоплена.Гарант и мене така ме тунтала @FreeMind Лелеле ако сакаат и хорор приказни нека им раскажуваат само да ги причуваат,душа да земам.Сега кога големиов го пратив на гости една недела сфаќам колку бил полесен животот со едно дете
Сите баби ги тунтаат децата. И некои колку и да ги игнорираш, и после година, две пак си тераат по свое. И не сите се грижат и им мислат најдобро на децата. Или они си мислат дека тоа е исправно. Еве два примери од свекрва ми која го чува малото на девер ми. Во еден ист ден. Доаѓа кај нас. И сечам торта. Она јаде, ја зема малата и бута од торта во уста. И викам има ореви, кикирики и цимет внатре. И ми вика ако, нека проба. Ништо не и е. Се треба да јаде Свекор ми се исплаши. Детево за десет минути почна да се црвенее и да кашла. Среќа свекор ми ја подбра, да не прави веќе така. После во 20:30 вечерта, ја става во количка да ја носела кај нив. Живеат на десет минути пешки од нас. Надвор смрди, магла. И мм и вика каде одиш бре. И му вика "Ништо не е, јача имунитет" Тоа дете е оставено од мајка му на чување. Во сигурни раце нели Сум рекла, има исклучоци. Ама ако не им речеш отиде возот низбрдо.
За мојата во овие 3 год имам мн да раскажувам ама немам сила. Сега кога се качува да ги види децата,тс на ми попува,и ги оставам двете,заминувам на тераса,пијам кафе и дишам длабоко. Последниот пат деца ми беа средени,не се вратив цел саат,а таа имала мн.битна раб.онака се качила на кратко. Еве 10 дена од тогаш не е качена