Се молам да се качи па да се издувам 2-3 часа ама цкја нема Сега сум во план да и ги оставам долунема кај да бега,ама ептем се дружи со комшиките,ми е страв од вирусов.
Леле сега кога ве прочитав срам ме фати. може и до мене е.ама не сум воспитана на толку мало дете да и викам "тетко, госпоѓо"сигурно и до моите хормони е. Но за да не правам скандали најдобро да не сум во иста соба додека и збори на неа. А јас ко некој полицаец само туку гледам како ја држи, и и збори. Многу сум лоша Имаме разлики во култура и треба да се навикнам и јас на нејзе, но и таа на моите хормони и барања. Бар додека сме во иста соба. За доење не планирам во мој дом да се кријам, нема тука ништо срамно. Се молат хормоните на Алишан да се смират, до кога треба да се вратам у нормала,м? 2 месеци сум породена.
Јас почнав полека од 10ти месец да се враќам на себе. После 14ти месец бев старата јас. Не си ти крива не се срами. Тоа е еден таков сплет не можеш против него. За сите пари си откачена Најлошо е што ти не можеш да увидиш колку си “заладена”, а сите околу тебе сфаќаат. Како на пример мажот ти веројатно те гледа со бледа фаца и си вика шо курац и е на оваа бе шо збори
Забележав дека не ме вика мм за селфи. И се местам упорно да се сликам со нив двајца. И кога се видов, гроги, бледа и со темни подочници, и го прашувам зошто не ми кажува дека сум ружна. Ми вика "еее ами да не се налутиш" Одтогаш јас си ставам пудричка и малку маскара кога правиме селфи
Може се хормоните, може не се Бебе и свекрва во комбинација 2 недели имав, среќа брзо заврши, преку такви работи не можам да поминам. Продолжи да си кажуваш што то пречи- не дека ќе се смени ама бар да не ти е тешко на душата. Јас на твое место не би рачунала дека таа баба ќе почувува дете, , јок.
@Alishan30 Алишанке хормоните качуваат на интензитет на нерви многу, ама па и не е се до нив. Ако и претходно ти сметало лигавешки и празни лупетања сеа уште повеќе. Јас немам проблем со свеки, ама и мене ме нервира кога и се обраќа на бебла. Едноставно се што ќе и каже ме нервира и тоа јасно ми е дека е до мене. И што е право, одам во друга соба за да не слушам кога ќе дојде, си наоѓам некоја занимација. Освен што жената некогаш ги зема работите здраво за готово. Летово на пример, ај по иницијатива на маж ја викнавме неколку пати со нас низ град. И таа тоа така си го сфати и после веќе се јавуваше нон стоп да праша кога и во колку саат, не чекаше некој да ја викне. И мене тоа страшно ме нервираше. Сакам во сабота да излезам сама со маж ми и детето не и со неа. Па плус таа да ја турка количката. На некој тоа му е сосем ок. Мене не ми е. Низ град секогаш гледам, ама секогаш значи бабата ја стегнала количката, а мајката се мафта до неа и околу неа и не ми се свиѓа тоа како изгледа. И пошто маж се туфкаше како да и спомне дека веќе се натура, следниот пат кога се сретнавме, се поздравив и отидов понапред со количката, тие двајца зад мене. И кога ми ја побара количката и се насмеав и реков не денеска, денеска јас ја имам. Толку беше. Без разлика колку е будалесто или сериозно, најубаво е да си кажете што ви смета, а не да преќутите. Како малку нервози и без тоа се има со мало дете.
И јас имав такви хормони на почетокот,па и тазе мајка за првпат,ама во комбинација со не добри односи со свекрвата,се ама баш се ми сметаше. Односите ни се тие,исти,ама ај барем не ми смета толку,и не плачам по 3 дена зошто му вика на синко "Лепотица бабина" . Може и гледаше дека ме нервира па намерно си викаше така. Сега и да каже или не реагирам или се насмевнувам чист да знае дека знам дека е со намера. Немала посоодветен збор,дека многу бил убав . Лепотан можеби Можеби за ситници треба да се премолчува,ама подобро е да се каже се директно и одма,зошто ако еднаш направат нешто што не треба,а не реагираш,сфаќаат дека така треба и после си тераат по нивно . Мојава своите деца не ги исчувала,чувани се од баба им,ама затоа на внуците од деверот "магистрирала педијатрија" и затоа се знае. И ако и кажеш нешто дека не е така или да внимава на нешто,одговорот е: Е де де,па јас колку деца сум исчувала,знам (а уствари поима нема) . А тоа дека ќе и кажеш на бабата што треба и не треба и ќе заминеш на работа,а таа ќе го чува по твои инструкции,само се тешите. Пак ќе си тера како знае,тоа е факт,иако пред вас ќе се прави дека се прави како треба. Со кого нема разбирачка,што сакаш прави,пак ќе нема. Има и баби и дедовци кои мислат дека тепањето е излезено од рајот,па да се доведе во ред или да слуша,ќе го потчукнат така малце,не го прават само дадилките. Ниту давам некој да ми го чува,ниту имам потреба. Сите го гледаат во мое или во присуство на мм.
[QUOTE="hello-kitty.90,@ Ниту давам некој да ми го чува,ниту имам потреба. Сите го гледаат во мое или во присуство на мм.[/QUOTE] Исто. Ибтоа во присуство на двајцата. Ние сегде ја носиме со нас. Ја на фризер, они двајца пред дуќан. Јбг, тоа е. Ми текнува кога требаше да идеме на прв педијатриски преглед. И ја викнав со намера да чуе и да и дојде памет. Докторот во Ремедика се убаво и објасни. Кога, она си врза во крпче ко свеки на @Yowannty дека на секој преглед треба да доаѓа. Одвај ја откачивме
Добри сте. Никогаш во 4 год брак нит ми паднало памет да шетам со неа, нит да ја носам по мене на гинеколози и педијатри. А сме во скроз добри односи. Мене многу грда слика ми е ко ќе видам трудница на преглед со мажот и свекрвата. Што има потреба од свекрвата на преглед? Боже господе...Ко овие двајца деца, па мора некој да ги носи
Ја татко им не го носам на прегледи, сама ги носам. Се што ќе каже докторката а него не му одговара - не слушнал. Пример: адаптирано млеко да не даваме без два саати размак. Па на тоа бабите поддршка, како така ќе чекаш, ќе му даваш се додека плаче. Коса ми има побелено од мешање на баби кога ми е болно дете, од народни лекови, до се што е слушнато а не разбрано. Па јадеше ли? Јадеше ли? Јадеше ли? Нема да оздраве ако не јаде. Од каде сила ако не јаде. Ете ослабено е одма. Крвната слика како му е? Аааа одма антибиотик, како мпжеле да не ви дадат? Баш ме интересира дали и други мајки трпат психичка тортура при болест на дете, да не се распишувам за наоѓањето на точната причина заради која е болно детето, каде е згешено (јас) која во кој момент го приметила и кои лекови (покрај задолжително антибиотик) треба да се препише.
И мојана Мочко па Мочко Никад мојте така не му збореле Татко ми си прај нормален муабет со него мајка ми исто само му збори и тоа се ѕвери ја слуша Оваа Мочко еден Мочко еден и пишти само Уште не ми е на нерв дека го прај тоа 2м растојание во раце не смее да го зима Ама ова маживе бе и мојов само клима со глава Да добро и толку Теле.
И тие во небрано, на кого попрво да угодат зборам, зборам устата пена ми фати. Тој само вика добро и на добро останува
Ама некад мм ќе одвали нешто во стил: Да го разбудиме бебето вечер нема да спие. Мене сумливо од кај него му текнало тоа Викам бебе е остај го ја ќе седам вечер со него. Немам намера да го будам. И бебево стварно спие не станува. Отварам кај него во моб (редовно си прочепкуем ради свеки не ради швалерки ) И ете ја свеки порака: Мочкото нема ноќеска да ви спие будете го што ќе прајте Добро, добро
мојата ме праша дали сакам да дојде во породилна сала додека се пораѓам. Да ни била поддршка и мене и на мојов. Си се насмевнав и ѝ го изигнорирав прашањето. Имам многу досетки да пишам на темава, ама се воздржувам.
Таа скроз отидена е бе! Новороденче да го будиш... И мојов ми иде со сугестии диригирани од неа, одма знам кој му сугерирал.
^^Мојата доаѓа само кога син и, е дома. Само пораки му пишува на месенџер за бебето како било. На камера го тера да ја пуште да ја виде. Само на него. Мене не ми пишува, ниту ништо. Подобро ми е така
Хахаха леле истите свекрви да не ги имаме Скроз исто само се допишуваат по месинџери ќе помисли чоек кузнае таму со која се допишува тој со МАМА Одма се приметува машко кога ќе лупне нешто такво како на пример да сме набавеле водоотпорен чаршав а ја подлоги користам и ете ја мама со чаршав за бебе ни купила
Полесно ми е кога знам дека не сум сама. И други имало како нас. Јас скришно го ѕиркам месенџерот и има: Како е бебето? Јас кога ќе ја видам? Се за мене спие. Дома ли си да дојдиме?