Кај нас мислам дека мешањето принтови е контроверзна тема. Дел зошто не знаат да искомбинираат дел зошто многу лесно може да се направи утка. Вие девојки што мислите и дали практикувате да мешате принтови или играте сигурно? Еве и некои слики
Јас не би мешала. Ем не ми се допаѓа како стои ем ќе направам некоја утка. Само на последнава слика кај Блер ми се допаѓа
Мене ми се допаѓа и лично би носела но сепак ако се добро испомбинирани како на пример начинот на кој се носи Блер ,едноставно го обожавам
Вакви принтови слични прифатливи се, точкест со цветен, или риги/линии со некој друг дезен. Ама на пр. анимал принт со цветен принт ?! Замислете зебреста чанта со цветно фустанче и чевли со змиска кожа. Не изгледа убаво
Ние ги сакаме комбинациите на Блер, зашто Блер го носи принтот и таа го меша. А истата девојка кај нас во град да ја видиме ќе речеме кловн. 99,9% сум сигурна дека повеќето тоа ќе го речам. Јас сакам да мешам, јес да преретко го правам тоа ама сепак пробувам. Обично кога ќе измешам дома мајка ми ми вика дека сум како циганка (без навреда на некој ромска националност), исто и сестра ми, а јас си се свиѓам. Јас па мразам класични досадни комбинации. Досадни се едноставно! Еднаш баш поставив слика со пепито сако, цветна ташна, цветни чевли и дреч блуза и во глобала имаше критики дека не сакаат мешани принтови. Али секоја критика беше очекувана Ние сакаме на некоја позната личност да гледаме принтови, на некоја наша девојка си помислуваме јао кловн нема дома гардароба да си искомбинира, а на себе не ставаме за да не не гледаат чудно. Иако не се меша секој принт тоа дефинитивно
Физички невозможно е да вакво нешто биде приемчиво за еден многу функционален,чувствителен,а сепак не толку моќен орган ко окото.Прво кога ќе го видам,ме мрзи да го перцепирам парче по парче,па го гледам ко една огромна мрља и недефинираност,толку,чао мода,чао оригиналност. Убавината е во едноставноста. А за Блер оддамна се изјаснив,не ми се допаѓа. И не судам на луѓето по облеката,ама откако ќе ги запознаам се трудам да им ги врзам карактерните особини со облеката и зошто е тоа така.Кога на себе би ставила се ова,сигурно во моментот сум била неодлучна.Вкус е вкус,ама ова е претерано и една од непишаните правила кои ги научив од мала од мајка ми,ако носиш шарено горе,не носи доле и обратно!
Не би мешала принтови од причина што ми изгледа премногу кич и шарено. Горните комбинации се донекаде прифатливи иако јас лично не би носела нешто такво. А мешање на анимал принт со цветен, тоа ми е веќе претерано.
Ни јас не би мешала, ич не ми се свиѓа, премногу шари! Сметам дека во една комбинација е доволен еден принт.
Jaс често си правам експерименти. А, и ги следам модните трендови, и ова мешање е ИН оваа сезона. Како што кажа росонерка, секојдневието е досадно. Вака си внесувам свежина, иако се пазам да не претерам, и да не изгледам како кловн, секогаш се ми е убаво за гледање.
Не ми е таков стилот, повеќе комбинирам 2 до 3 бои, или шарено со еднобојно.. Ова премногу ми е кич и невкусно
Јас од принтови само цветниот си го сакам! Затоа, не мешам разни принтови. Како прво, скроз ќе утнам. Како второ не е по мој вкус.
Да ја ставам пак? Спојлер ... некои креации дефинитивно треба да останат само на модните писти. Ми се допаѓа во ептен ретки случаи, пример неколку комбинации на Блер или ова што сепак е посигурна варијанта. Треба многу храброст за да измешаш нешто, но и добро око, а дека на повеќето нема да им се допаѓа - тоа сигурно. Јас дефинитивно не би носела некоја мешана комбинација. И чудно би ми било да видам во живо Не ќе знам каде попрво да гледам, кај што не догледувам, ефект на калеидоскоп ќе се добие
Не мешам никогаш, но еве некои што ми се свиѓаат, од тие што сте ги постирале. И тие што не сте ги постирале: Не е нешто, ама ми делува откачено.
Јас не можам да поднесам фустанот да има повеќе бои, а не пак на мене да ставам анимал принт (за кој се изјаснив дека го мразам и никогаш нема да го облечам) и тоа од повеќе животни и цветен дизајн! Значи не! Тоа е премногу шаренило за мене. Можеби супер би ми стоело, не би направила утка, ама едноставно не сакам еден куп бои собрани на мене. А освен тоа, некои парчиња облека со анимал принт се едноставно поелегантни од некои други со, да речеме, цветен дизајн. Треба добар вкус за облека за да се искомбинира тоа, а не само слепо следење на модата.
Јас лично, многу бев против тоа да се мешаат различни принтови. Ама сезонава некако слатко ми стана, не мешам многу често, ама може да се случи некое деталче како венче со различен принт да ставам на мене Еве нешто што ми се допаѓа
Не е по мој вкус. Некако ми нема некоја целина и многу шаренила не сакам и голееем противник сум за цветиќи.