Ми се допаѓа, интересно е! Но јас тоа не би се осмелила да го облечам. Прво што немам многу работи со дезени во плакаров, второ што сите ќе мислат сум ненормална и трето (најважно) ја немам таа храброст! Сепак сметам дека при мешањето на принтови важно е тие да се комбинираат во однос на боите, а тоа значи боите на принтовите да бидат слични или барем складни, да си одговараат. Сепак максимумот на принтови кои би изгледале убаво искомбинирани заедно е 2! Според мене нормално Еве нешто што мене ми се допаѓа! Преслатко!
ау морам да прокоментирам на темава..Морам.. ! се работи за другарка од клас.. се појавува пред некој ден у школо (по оцени кога бевме нАли) со следниов аутфит : -џемперче во плава варијанта во анимал принт некој леопардски неодреден -морнарско маиче со тегет-бели риги -ташна кафена со некои буквички као демек марка и е некоја и кога мислев дека се е готово дека мојот кошмар завршил... погледнувам надолу и забележувам балетанки во цветен дезен апла шарен
Дефинитивно не за мешање принтови.Не ми изгледа некако вкусно,ко безвеза облечена.Никогаш не би носела.
Целосно точно. И да, не се меша секој принт со секој. На моменти изгледа очајно лошо. Сакам да мешам принтови, ама моите дома толку гледаат како коњи само право што се уште ме сметаат за фрик и луд моден дизајнер бидејќи еднаш излегов облечена во некој bohemian style. Толку ми се гади од тие коментари ненормална, што си облекла. Мразам луѓе кои се држат стриктно до кодексот на облекување од 20ти век, 90тите години кои се очајот на светската мода. Прада Првото ми се допаѓа, второто пак ич. Burberry Prorsum, Stella McCartney, Proenza Schouler & Prada. Првите две, последните 2 не. До сега најчесто го разбирав умот на Миуцидиа, но ова не можам баш да го поднесам. Pollini, Prada, Dolce & Gabbana & Dries Van Noten. На сите им давам да. Особено ми се допадна таа колекција на Прада. Прекрасно нешто.
Ми се случува да помешам стилови за да разбијам досада,но ако го пробам тоа со принтовите-ќе добијам спротивен ефект. Го избегнувам тоа што ми боди очи,макар да можеби некогаш во иднина би сакала да го пробам токму тоа,кај мене се е игра на хормони и расположенија.
Убаво изгледаат на друг, но јас не би носела. Не би се чувствувала пријатно како прво. А и да треба да се знае што со што треба да се меша, не само облечи прво што ќе фатиш.
апсолутно се согласувам комбинацииве каде што има мешани принтови ни изгледа супер само во модните списанија додека во живо не баш. лично никогаш не мешам различни принови ако е горе шарено доле е едноставно или обратно ист е случајот ако пример носам фустан со штикли нема шанси анимал принт фустанче со такви штикли ташна накит но но
Мене баш ми се допаѓа како оваа комбинација и стои на Лима, воопшто не изгледа пренатрупано и невкусно.
Не мешам принтови, иако не велам дека нема да го направам тоа. Се што изгледа фино на око, може да помине кај мене. Не сакам некои претерано различни принтови, но нешто што си одговара да.
хммммммммм, бев против мешање на принтови но сепак мн ми се допаднаа следниве комбинации би ги носела
Не знам дали мешањето принтови да го наречам без врска или смел потег. Јас не сум за такво нешто. Ако носам нешто шарено, само тоа ќе биде шарено.
Не сум за мешање на принтови. Ретко некоја комбинација ми фаќа око, и ми се допаѓа кога ја гледам на девојка која умее да го носи тоа. На себе не би ставила. I mean... wtf? Доколку станува збор за нешто посуптилно може и да помине... А инаку Блер си е Блер, и Блер си е на филм, и таму носи врвни дизајнерски парчиња, скроени до совршенство со најскапи модни додатоци. И некако на филмското платно има смисла. А не - некоја која се ставила во сукња од 5 метра шарено платно и маичка на риги горе, опнала хипстерски очила и ајде - да ви ја претставам умешноста на мешање принт. Кај нашите девојки не ми се допаѓа од проста причина што 1) ретко која умее да извади целосен добар аутфит 2) ми изгледа евтино, кичесто и циркузантско.
Не благодарам. Сакам необични комбинации но, шарено со шарено си гледав секој ден додека бев дете, од соседното ритче кај што растев и не ме инспирира Не знам, јас сум минималистички тип на човек. Ако влезете кај мене во гардероба и разгледате што имам, ретко да најдете шарени работи, онака чат - пат. Претпочитам повеќе еднобојни работи отколку повеќе шарени работи. Досадна сум знам ама кубизам ми е у крв Го гледам првиот пост на темава, ај шуќур конечно почнав да ја препознавам цурава, која и да е. Таа ли е? Блер ли е? Простете немам поим ова сериоскиов не сум го гледала ниеднаш. Како и да е, дали е Блер или не знам како се викаше вторава мома, Блејк Лајвли, јас не гледам ништо убаво на тој нејзин шаренокожест аутфит, простете. Ммм, ај не!
Хм. Не, не сум пробала. Ми стои пренатрупано, кичесто. Но, можеби некогаш ќе дојде време да смешам некои принтови. Ама, се разбира, нешто прифатливо за човечко око, не сакам натрупано, ниту како кловн да изгледам. Нешто по малце чудно, но сепак едноставно и интересно. Има повеќе блогерки кои мешаат принтови и делува навистина убаво и интересно. - Воопшто не е нападно туку многу интересно. Ми се допаѓа.