Воглавно не мешам принтови, освен ако нешто стварно ми се допаѓа и има смисла. оваа комбинација ми се допаѓа, но дефинитивно сум против мешање на животнски принтови. ?!?
Не сакам машање на принтови некако неубо ми стои а и јас нема да ги погодам во комбинирајнето и ќе изгледам смешно затоа подобро без нив
Мешање принтови до одредена граница..На пр. цветниот принт ми е ептен убав ако се знае како да се комбинира.Инаку не мешам јас принтови.Ептен ретко
можеби некои принтови да , но кога ќе видам некоја која носи тигересто зебресто и какво се не на неа ми се дига коса!!!
Мразам мешање на принтови. Изгледа ептен ефтино, колку и тоа да е добро. Изгледа како последните останати парчиња во последната останата продавница во светов, некоја девојка да ги земала и ги натнала на себе.. Ептен никакво, според мој вкус.. Но за вкусови не се расправа.. На некого ако му се свиѓа ќе го носи тоа У последно време ме нервира кога ќе видам некоја девојка обллечена во парчиња микс од леопард принт и флорал принт Ту мач фор мај вкус.
Стварно некои комбинации се чисто промашување но не значи дека секогаш самата помисла води кон катастрофа. Според мене баш во тоа е стилот! Да успееш да искомбинираш парчиња облека кои на почеток изгледа непоимливо да бидат заедно но со малку добро око и креативност заедно да се доведат до една убава и интересна комбинација. Така да јас сум за мешање принтови, ако внимателно се избира бидејќи многу јасно бибер во секоја манџа не оди. Тоа е стилот- пробување на нови нешта, инспирација и креативност како и иновативност. А на крајот на краиштата: Кој не ризикува не добива!
Би носела зошто да не, само ако е нешто добро искомбинирано. Јас лично не би се нафатила да мешам принтови бидејќи ќе направам утка - милијарда посто! Затоа, ако некој ми предложи интересна комбинација со измешани принтови, би носела секако.
Никогаш не сум мешала, затоа што сум викала: "уф, тоа е грдо тоа е ептен кичесто, не одговара" . Ама сега мислам дека ако добро се искомбинира, би изгледало убаво. Ама како викаат : "Ризик на шизик". Ако не се обидеш, нема ни да видиш што ќе испадне. Зависно од стилот.Секоја чест за оние што знаат да комбинираат, да бидат креативни и да експериментираат со боите и принтовите..
Не би мешала принтови. Би изгледала како уличарка облечена во шарени партали кои ги пронашла на улица.
Нема шанси. Не сум дотолку експерт за ова, да излезам облечена во нешто сосема разлилчно едно од друго ќе изгледам како уличарка.