1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Меѓуетнички и меѓурелигиски врски во Македонија

Дискусија во 'Канта' започната од Barron, 3 јули 2015.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Barron

    Barron Активен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Машки
    Колку честа, т.е. ретка, појава се овие врски? Познавате ли некој што е во ваква врска? Колку од овие врски стануваат озбилни и прераснуваат во бракови? Постои ли некоја официјална статистика на темава?

    Discuss.
     
  2. nat17

    nat17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2014
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    138
    Пол:
    Женски
    Да познавам а една од нив сум и јас. Имам дечко од друга вера турчин е..заедно сме 1година и 3месеци
     
    На HarleyQuinn, Sanjichka007 и Barron им се допаѓа ова.
  3. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.467
    Допаѓања:
    39.688
    Пол:
    Женски
    Има многу вакви врски, но мал број завршува со брак.
    Кај нас тоа не е сеуште доволно прифатени и најчесто таквите врски се осудуваат. Но, освен тоа, по некое време кога ќе помине некоја фаза на летање во облаци, разликите јасно се гледаат. Дали парот ќе успее да ги намали тие разлики и да направи некаков меѓусебен компромис тоа зависи од нив, но мислам дека е тешко со оглен на тоа дека секој е растен со одредени верувања и обичаи и многу е тешко да се сменат.
     
    На Feather, Tanjamm, Nausicaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.581
    Допаѓања:
    155.746
    Пол:
    Женски
    Познавам многу мешани бракови во смисла со различна религија не само етничка припадност (нели некои можеби се атеисти, не сите се верници и сл.) и сериозно мислам дека сериозно се среќни парови. Покрај сите осудувања од страна на фамилијата (кои се бројни, имам пријател кој е плод на мешан брак и често онака го имаме како тема зошто ме интересира), покрај сите осудувања и оцрнувања од страна на соседите, пријателите и секој обичен граѓанин кој не те познава ама слушнал дека ти не си со некој кој е од исто етничко и религиско потекло како твоето, тие се сакале, нивната љубов успеала, успеале да бидат заедно, да створат семејство, да воспитаат деца, да им дадат слобода да веруваат во што сакаат, но да им дат основа.
    Дали поддржвам меѓуетнички и меѓурелигиски врски? - Да.
    Кратко, ама слатко, сум била во една. Верував дека моите ако дознаат веќе од дома нема да излезам или ќе ме мажат по брза постапка. Зошто? - Таков менталитет.
    И не сметам дека ова е ретка појава, како врска, која не препраснува во брак, мислам дека меѓуетничките и меѓурелигиските врски се многу чести, ретко која ќе прерасни во брак, можеби оние кои ќе бидат само силно поврзани, ама веќе до следната генерација верувам дека поинаку ќе се гледа на ова. Познавам многу кои биле во ваква врска, некои се срамат, некои гледаат отворено на тоа, па баш затоа мислам дека веќе нашите деца ќе бидат поотворени на темава.
     
    На Feather, nat17, HarleyQuinn и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Barron

    Barron Активен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Машки
    @Emotional123: Според мене, разликите не мора да бидат проблем/пречка, ниту да има потреба да се менуваат личните верувања и обичаи. Доколку се почитуваат и не се наметнуваат, истите може да бидат дел од темелите на кои се гради и одржува врската.

    Личните ставови, надежи, верувања, потреби, итн. се лични и такви треба да си останат. Оние коишто го разбираат ова се однесуваат со меѓусебна почит и немаат потреба (суштински) да се менуваат за да се согласуваат и успешно да коегзистираат.
     
    Последна измена: 5 јули 2015
    На Feather му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.467
    Допаѓања:
    39.688
    Пол:
    Женски
    Точно, не мора разликите да бидат проблем, но за жал најчесто се, барем од тие примери со кои сум се сретнала. Секако дека има исклучоци, во моето семејство имаме таков пример, снаата ни е македонка, таа ги задржала своите верувања, но ги почитува нашите и ние нејзините. Имаат слога и хармонија дома.
    Од друга страна еве пример девојка македонка со дечко муслиман, го претставува пред луѓе како македонец и обратно. Тоа е само почетокот, а зборуваат за брак.
     
  7. Igrata

    Igrata Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2013
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    306
    Пол:
    Машки
    Сум била неколку пати, забава си е забава ама не би правел фамилија.

    Ме интересира другите како го сваќаат тоа. Пр. нема да ти биде жал дека ти си првиот после векови и векови што се откажува од генетската линија? Замисли си колкава линија на луѓе и твој предци постоеле за да ти денес постоиш и си тоа што си.

    Од првото постоење зад карпатите, верување во старословенски богови, до битки со нашите соседи германите и викинзите, освојуваш факинг џиновска територија и наеднаш заклучуваш дека пеперутките во стомакот ти се најбитни.
     
    На eloves му/ѝ се допаѓа ова.
  8. HarleyQuinn

    HarleyQuinn Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    861
    Пол:
    Женски
    И јас имав дечко турчин. He was an asshole :D
    Се трескав што се трескав, најдов нов за два дена. Ама ајде, да не одам оф-топик. :)
    Прв ми беше од друга вера и тоа ич не ни сметаше и на двајцата, така да, додека траеше врската си беше топ, сега тој што испадна дупе испадна ама јебига, тоа не е ни до верата ни до етничката припадност туку до самиот човек.
    За тоа како моите прифатиле нема да кажам ништо, затоа што и самата не кажав, едноставно доаѓам од семејство кое е срушено до темел и не ни имам некаква блискост со нив ниту пак мислам дека се доволно присебни да прифатат нешто вакво, и реално иако имам само седумнаесет години сум премногу дистанцирана и од семејството на мајка ми и од семејството на татко ми така да тоа не можам да го искоментирам. Неговите мене многу добро ме прифатија, семејството му беше топ, се најдобро и најубаво мислам за тие луѓе :)
    Се е до човекот и до самото семејство ама сепак мислам дека баш македонците се поуназадени од таа смисла, на пример на повеќето македонски семејства би им пречело зет/снаа од друга веросиповед отколку на турците босанците или не знам кои снаа/зет од македонска.
    Како и да е мене ми е сето тоа глупаво ако има љубов си има љубов и крај, што има врска од која вера или етничка припадност е човекот.
    И да, ако најдам некој од друга вера и ептен го засакам човекот и долго одиме и се е супер би се земала со него па и вера би сменила, можете да ме осудувате колку сакате ама искрено верата и ништо не ми значи бар според моите погледи (агностик сум) ако постои бог постои само еден бог и најважно е да немаш зла душа, а не дали си христијанин или муслиман.
    @Igrata не, не би ми било жал ама воопшто. Не знам дали тоа е од причина што воопшто не сум емоционално поврзана со предците и имам емоционално незадоволство од сопственото семејство ама не гледам причина да си ја убијам сопствената среќа ради некои традиционални верувања, можеби сум себична, sorry not sorry.
     
    На crimson, eloves, N.Kety и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Igrata

    Igrata Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2013
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    306
    Пол:
    Машки
    Мислам дека доста е традиционално човек да си ја бара сопствената среќа над се, знаеш да биде како вода и да може било што да помине низ него. Ваљда треба да си по футуристичен да гледаш опширно, знаеш како мулти-факторна равенка. Од друга страна сум често у грешка така да ;)
     
    На eloves му/ѝ се допаѓа ова.
  10. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    Дека ќе те гледаат чудно, нема да те прифатат и ќе те озборуваат, да.
    Дека ти сам треба да одлучуваш за сопствениот живот, исто така да. :)
     
    На eloves и HarleyQuinn им се допаѓа ова.
  11. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.043
    Пол:
    Женски
    За да опстои една ваква врска на нашиве простори, треба јаки нерви, разјаснети / без предрасуди семејни односи, безрезервна поддршка и почитување помеѓу партнерите. Без ова, осудени се на пропаст.
     
  12. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.500
    Пол:
    Женски
    имам една другарка што е од мешан брак мајка македонка татко албанец , мн пати биле нејзините пред развод но изгурале некако , таткои не дозволуваше да се дружи со македонци не ја оставаше да оди по цркви , мајкаи се противеше на тоа често настанувало конфликти , имаја пари и све али секогаш другарками се жалеше , иако мене не ми смета религија и сметам дека е заостанато тоа да биде пречка ако некој си се сака , мн мразам такви дескриминирања !
     
  13. ebola

    ebola Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2014
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    263
    Пол:
    Женски
    Мислам дека се ретки кај нас, а тие што ги има, јас што ги знам, се кријат од родители, пријатели. Што ми е многу тажно. Би требало да ја делат среќата со блиските, а не да ја чуваат. Али Македонија.
    И друга работа што ја имам приметено е дома кога ќе им однесат странец муслиман, тогаш ги гледаш нејзините ах, он е супер, не е од тука, да дојдете да го запознаете! Ееее....
     
    На theowndemon и HarleyQuinn им се допаѓа ова.
  14. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Несакам нешто да речам па да згрешам,но јас мислам дека нема ништо по моќно на овај свет од љубовта...
     
    На nat17 му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.