здраво дали треба да се има меѓународна возачка дозвола за да се изнајми кола по островите во Грција или пак може со новата?
Новата дозвола важи само за Македонија, за надвор, строго со Меѓународна. Постапката за вадење е едноставна, за 10 минути се завршува работа и важи 3 години.
Меѓународна возачка дозвола се вади во секое здружение на возачи каде што се регистрираат возилата. Потребни ви се две слики и 850 ден.и нормално возачката дозвола.Се вади одма за 5-10мин. Важи 3 год. и потребна за секаде во странство за мирно да си спиете и мирно да си возите.
Важи, само мислам дека може 6 месеци да возиш со неа, после мораш да полагаш за да добиеш тамошна дозвола.
Не се случило да ни побараат до сега во странство, ама не е на одмет да се извади, за секој случај и мирна глава.