Здраво дечки Од причини што почна сезона на одмори и општо е убаво да знаеме, за каде се ни е потребна меѓународна возачка дозвола, следуваше да ја отворам оваа тема и секако чекам искуства дали некој бил застанат од полиција некде, дали правеле проблем ако немаш возачка дозвола или воопшто не ти ја бараат и сл. Ајдее.... навалете со искуства и прашања....
Јас лани бев застанат во Софија и спасив глава со 20 лева. Го подмитив цајканот. Тогаш бараа во Бугарија меѓународна дозвола, а јас сум ја имал во кола кога ме запреа но неможев да ја најдам и за џабе го јадев 20 лева. Сега како што знам важи во Србија, Бугарија, Албанија, Црна Гора, Словенија, Италија и Шпанија.
Здраво баш денес маж ми вадеше.вака сеа одиш во Амсм ќе пополниш формулар дека сакаш да ти се издаде меѓународна дозвола ќе носиш лична карта и возачката дозвола со себе што ја имаш и две слики од тие малите(едната ја задржуваат а другата ја ставаат на меѓународната дозвола)таму ке си платиш 950денари и ќе ти ја дадат одма во рок од 5 до 10 мин.
Јас колку што сум запознаена дека важи е 2години конкретно ти кажувам за Австралија таму ќе одиме и јас ќе вадам другата недела,а после 2години треба таму да полагаме некои прашања за да ти дадат нивна а за часови да земаш не е потребно...ова за Австралија а за друга земја незнам најубаво прашај си коа ќе одиш.Поздрав
Дали за обновување на меѓународна возачка дозвола треба пак да носам сликички? Или на старата ќе ми стават некој нов печат и дата?
Ама моите се на размах од 5-6 год. На едната дури и не личам на себе. Ај ќе се сликам у четврток со роденденската фризура Бар на еден документ да личам на човек
Дали меѓународна возачка дозвола може да се извади во другите градови или неопходно е од АМСМ од Скопје?