Меѓуѕвездие (Interstellar) [2014]

Дискусија во 'Филмови' започната од Annabeth, 9 декември 2014.

  1. Annabeth

    Annabeth Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2014
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Ги надмина моите очекувања. Предобар е! Филмот е од режисерот Кристофер Нолан и се работи за тим на истражувачи кои тргнуваат во потрага по погодна планета за спас на човештвото.
    [​IMG]
     
    На smajlii му/ѝ се допаѓа ова.
  2. smajlii

    smajlii Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2014
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    242
    Пол:
    Женски
    Јас многу сакам да го гледам филмов, бев пред некој ден ама немаше карти, викендов одам обавезно :) а мои другарки што беа кажаа дека не бил добар, долг бил и незнам што, ама јас одам секако
     
  3. Annabeth

    Annabeth Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2014
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Скоро 3 саати е, ама вреди да се гледа ;)
     
  4. barbiegirl.24

    barbiegirl.24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2014
    Пораки:
    804
    Допаѓања:
    4.455
    Пол:
    Женски
    Мора да го гледам деновиве.
     
  5. mistilloue

    mistilloue Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    4
    неможам да го најдам онлине .. го има на putlocher но резолуцијата не е добра и слабо се разбира зборувањето.. некој го има најдено ?
     
  6. Dzes88

    Dzes88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2014
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    60
    Пол:
    Женски
    Многу позитивни критики слушнав за филмов. Моментално го симнувам од kickass.to , би требало да е добра снимката. :)
     
  7. vetre

    vetre Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2013
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски
    Одамна некој филм не ме држел толку во неизвесност. Го гледав пред некој ден со брат ми и можам да кажам дека секоја минута од тие два ипол саати вреди. Буквално ме остави без зборови . Патем можете да го гледате на кинотека.мк
     
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.
  8. S.J.Parker

    S.J.Parker Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    1.086
    Допаѓања:
    7.349
    Филмов е предобар, јас и сакам и не сакам вакви филмови, но овој ме држеше прикована за столчето цело време (y) Уживав гледајќи го а има вистина во него, како ги злоупотребуваме ресурсите на природата, ништо чудно да таа да ни врати за се :!:
    ПС Добро би било да има продолжение за планетата на која што има живот :D
     
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.418
    Пол:
    Женски
    Ретко гледам филмови, ама кога гледам, само квалитетно. :D
    [​IMG]

    Еден од оние ретките научни филмови кој ќе ми остане во сеќавање. Малку е тежок за разбирање, многу луѓе не го сфатиле. Требало малку повеќе да ги насецкаат работите во филмот, не сме сите физичари да го сфатиме на прва.
    Затоа и сега уште еднаш ќе го гледам.

    Долго време одбивав да го гледам кога видов дека трае 3 часа, ама вчера го изгледав. И да ви кажам, ни за момент не ми беше досаден.
    Мене филмот и те како ме трогна па цело време си плачев, женско како женско. :rofl:

    Добра приказна, ми се допадна глумењето. Ана ми беше прекрасна, како и секогаш добра глума.
    Се' во едно, еден прекрасен филм што дефинитивно вреди да се погледне. Особено го препорачувам на оние што се затрескани во астрономијата, како мене.

    10/10
    [​IMG]
     
    На boomsleng и mims-89 им се допаѓа ова.
  10. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.036
    Допаѓања:
    48.398
    Пол:
    Женски
    Апсолутно ништо не го разбрав исто како да сум на час по енергетика или нуклеарна физика, ама се скапав од плачење уште пд самиот почеток, таа семејна поврзаност, надежта, исчекувањето и спасувањето, борбата со времето, глумците се надминаа себе си
     
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.
  11. boomsleng

    boomsleng Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    668
    Филмот е одличен! Не е потребно да бидеш експерт од областа на астрономијата (астрофизиката) но самата приказна, текот, темпото како се развива оддава впечаток, сосема е јасно дека се работи за исклучително дело. Изборот на актерската екипа, кинематографијата, костимографијата, специјалните ефекти, приказната а пред се режијата го вбројуваат филмот во еден од најдобрите во последнава деценија.
    Кристофер Нолан ја потврдува репутацијата на еден од најдобрите режисери на денешницава кој во континуитет го покажува својот талент, својата неизмерна љубов и посветеност кон создавањето на врвни кинематографски остварувања.
     
    Последна измена: 16 јули 2025
    На Аргентина * и elimkd им се допаѓа ова.
  12. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    5.258
    Допаѓања:
    10.317
    Пол:
    Женски
    Гледан ми е одамна, треба пак да го гледам. Се изнаплакав со таткото и ќерката.

    Ги имам гледано сите филмови на Нолан, со исклучок на неговиот дебитантски Following. Некои од нив мора да се гледаат повеќе од еднаш, голема посветеност покажува во развојот на приказната и треба потсетување на деталите кои го чинат целокупното дело, односно впечаток.
    А овие sci-fi јас ги сметам како важни теми за нашата иднина :D :tmi:
     
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.
  13. pance24

    pance24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2024
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    149
    Пол:
    Машки
    Еден предобар филм... Изгледан ми е 4 пати и никад здосаден.
     
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    5.258
    Допаѓања:
    10.317
    Пол:
    Женски
    Ќе испадне како да ти ги крадам изразите, а мислењето го испратив пред да го прочитам твоето. Се согласувам 100%-но!
     
    Последна измена: 30 август 2025
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.