Меѓу двајца?

Дискусија во 'Сингл' започната од Princess15, 25 февруари 2010.

  1. Princess15

    Princess15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2010
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    5
    Мојот така наречен проблем е што после моето долго сакаше од 3 години.. послем тоа неможам да засакам како што треба... :( После него запознав едно прекрасно момче и се почна такаа... неочекувано..Сепак ке кажам на кратко што ми се случува во моментот! Едно момче ме сака и јас него му велам дека го сакам исто така но тука е едно дете со кое порано т.е пред неколку месеци ме сакаше и дека сеуште ме сака..Детето е пре убаво ... нај убаво и нај посакувано во целиот град.. но другиот ептен ми покажува љубов..Но проблемот е што со едниот сум многу блиска .. а со другиот почесто комуницираме....И сосем сум збунета и незнам што да правам...Дали ке повредам еден.. или незнам што да правам..!
    а и двата се прекрасни... :(
     
  2. Irena93

    Irena93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2010
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    4
    хахахахаха мислам дека сум специјалист у темава :lol: увек истото ми се дешава :lol: Знам дека не е смешно ама мене у принцип ми е затоашто цело време истото ми се дешава. Нема везе да прејдам на стварта значи пробај да процениш со кој би ти било убаво на тебе да си т.е. кој повеќе те разбира ако ни тоа не можеш едноставно ќе се тргнеш и од двајцата. Кој и понатаму ќе сака да остане во контакт со тебе на тој стварно му значиш. Можда нема да ти се свиѓа советов ама ја секад така праам и после сфакам кој уствари стварно ме сакал а кој само сакал да ме смува. Паааа сеа твое е што ќе правиш :D
     
  3. Princess15

    Princess15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2010
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    5
    Немозам да одлучам со овај едниот... често се караме но тој упорно ме бара.. а другиот како што реков не контактираме многу.. и мислам дека би ми било подобро со тој што не контактираме ама овај ептен ме сака едноставно незнам...
    но нај добро ке е и без двајцата како што рече некој друг..
    фала за советот..! :up:
     
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    12.287
    Допаѓања:
    81.787
    Пол:
    Женски
    Треба убаво да размислиш, и да си расчистиш со себеси, со кој навистина ти е подобро и за кој ти навива срцето... нема тука „не сакам никого да повредам“. Животот е таков, секогаш некој е повреден, и негова работа е како ќе го прифати тоа... затоа ти советувам, размисли добро, малку тргни се на страна, па самата ќе сфатиш...

    ова ти го кажувам затоа што и јас бев во слична ситуација... минатата пролет имав таква дилема, требаше да се решам меѓу тројца - го послушав срцето, го одбрав оној со кој што ми беше најубаво... се дружев со сите нив иако со еден нешто подолго се знаев, потоа се тргнав и размислив... сфатив со кој навистина сакам да бидам, и со него сум...

    затоа, слушај го срцето!
     
  5. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.465
    Со оглед на тоа дека имаш 15 години - би те замолила - само немој да се нервираш! :)
    Е сега! Напрај си листа кај кого што ти се допаѓа, а што не... и на крај секако определи се според срцето ;)
    Добро е што можеш да одбираш ;)
    Јас пак во вакви случаеви никого не одбирам :roll: :)
     
    На Anely му/ѝ се допаѓа ова.
  6. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.548
    Допаѓања:
    19.939
    dusicke..srceto ke ti pokaze..samo mlada si mnogu i uzivaj,ne e sekiraj i ne mu ja misli mnogu..uste mnogu takvi momcinja ke ti se pojavat vo zivotot..samo,bidi si svoja :)
     
  7. miamateva

    miamateva Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2010
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    21
    Запознај ги подобро какви се внатрешно...кој повеќе ти одговара тој ! а ако ти одговараат двајцата....мораш едно срце да скршиш...таков е животот...зз ;)
     
  8. dodo

    dodo Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2010
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    21
    кога сум во некоја ваква ситуација секогаш правам поделба на дечките.
    колку и да те сакаат двајцата и да се прекрасни, едниот секогаш мора да е тој кој е пофин, помирен и посмирен, да не речам оној принцот на бел коњ, додека оној другиот е она забранетотот овошје (грубо ќе биде ако речам `лошото момче`). не дека вториот е злобен али сепак тој е полиберален и не е толку емотивен ко првиот(барем не покажува)
    - и во таква ситуација, може ќе ви биде чудно али секад го одбирам оној вториот. баш дека е тоа забранетотот овошје.
    со него никад нема да ти биде досадно, а башка не сум тип на човек што сака цел ден да ми трчаат по газот, сакам и ја малце да се намачам за да добијам нешто, поинтересно ми е така, а и повеќе ценам во тој случај :D
    и двајцата те сакаат и прекрасни се али со вториот ќе имаш повеќе баланс и врската ќе ви биде по страсна и поубава, додека со првиот ке ви згасне во моментот коа тој ке прекине на некој начин да трча по тебе, мислам да олади(ке те сака, али не со таа енергија) а ти ке бидеш навикната да трча по тебе и ке прекинете... жално, али отприлика така некако се движат стварите.
    најголем дел од врските прекинуваат ради немањето баланс и слобода. :?
    не знам колку се слагате со мене, али никад до сеа немам згрешено коа сум го бирала забранетотот овошје :D баш напротив секад ми било поубаво :D
     
    На IamSexyAndIKnowIt му/ѝ се допаѓа ова.
  9. miamateva

    miamateva Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2010
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    21
    Можеби ова е малце подолго ама некој нека прочита... :$

    Незнам шо да правам...се двоумам.(едниот ќе го викам заб а друиот око :D :D )
    Заб ми е дечко,2 години постар од мене и супер ни е заедно.Ме сака,ми пишува,се грижи за мене,внимателен е...преубаво ни е.Он има 3ца другари и сите тие се со моите другарки :) коа ќе испаднеме сите заедно...рај ! најубаво е ! меѓутоа ова со него е нова врска,може нема ни 3 недели...не го познавам многу добро.Единствено за него шо знам е дека е убав,сите го посакуат,дека е добар и ме почитува.Сите другарки ми викаат да бидам со него...иначе вистината е дека со него се фанав само за да најдам утеха затоа шо сакам друг... :(

    Око ми беше најдобар другар веќе цела година,и се заљубив во него...он е 3 години постар од мене.ми призна дека ме сака и ја му кажав дека го сакам.Ама он сака нешто друго од мене за да бидеме заедно...сака секс. Он е кретен и не сакал никоја до сеа (само мене ми рече дека ме сака и ми рече дека ако не ме сакал немало да се мотка со мене цела година).ја неможам да му дадам оти сум премногу мала (по мое мислење) за такви работи. (иам 15 години) со него ми е нааааајубаво.Заб го изневерив со Око неќна... :worried: aма не се чуствувам виновна незнам зошто...можеби сум уверена дека треба да бидам со Око и дека ме сака...Ми рече дека не би ни било убаво ако неаме секс. а јас НЕМОЖАМ да му дадам оти не сум спремна... :worried: Исто така ми рече и дека не сакал јас да имам со него секс ако јас не сум го сакала тоа...сакал да бидеме и двајцата спремни и сигурни дека ќе бидеме заедно за долго време.го сакам премногу...кажете ми ве молам шо да правам ! а знам дека нема да го засакам заб,колку и да ми е убаво со него... :worried:
     
  10. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.548
    Допаѓања:
    19.939
    Само ќе ти кажам мала си имаш 15 години и рано ти е за сексулани односи..Не си ти спремна верувај..Ако не можеш да бидеш со овој сега дечко со кој си прекини а за другарот па и него не му дозволувај така да те манипулира само за да бидете поинтимни..Биди слободна и уживај зашто овие години не се враќаат пак.Кога ќе бидеш спремна сама ќе знаеш и осетиш.
     
  11. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.900
    Ако баш сакаш да бидеш со некого биди со заб :D Ете 2 недели сте заедно , на почеток , убаво ви е .. ама ако веќе одлучуваш да продолжиш , признај што си направила . Зашто не е убаво од почеток со лаги , а око секс сака .. мала си за тоа и добро мислиш дека си мала , пробај со заб , зашто да не , ама немој ради тоа што го осеќаш за око да те натера да направиш некоја грешка за која подоцна ќе се каеш , ни едно машко не е толку вредно верувај. :)
     
  12. miamateva

    miamateva Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2010
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    21
    ќе продолжам со заб. стварно ме заслужува и заслужува да биде сакан од моја страна...се надевам дека ќе ми помогне да го заборавам око. многу ми е тешко заради око оти го сакам ама...ќе пробам да свртам нов лист и да почнам со заб. а мислите ли дека ме сака око? ако мислите дека ме искористува и дека ми вели дека ме сака само за да добие секс од мене...мислите дека некој ден ќе дојдат моите 5 минути кога јас ќе го скршам неговото срце? секогаш се врти кругот знам...ама во мојов случај со око стварно сакам да се заврти кругот и да види он како ми било мене... :worried:
     
  13. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.810
    Пол:
    Женски
    Тој што го викаш Око не те сака, сигурно. Ти си така мала и наивна, па лесно може да те придобие за секс. Го сакаш ли тоа? Или сакаш да си оди спонтано, да се осетиш спремна за тој чекор. Ете велиш дека ЗАБ те сака и те заслужува. А ти искрено(немој да се налутиш и навредиш) си многу мала со 15 години да си сигурна дека сакаш некој и да му дадеш. Биди си со тој што си, сакајте се, оставете времето да реши дали сте или не еден за друг. И немој да направиш нешто за што ќе се каеш подоцна. И почни по малку да го избегнуваш око, побрзо ќе се решиш или заборавиш.
     
  14. lavce

    lavce Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2009
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    33
    Девојче освести се. Мала си сеуште за сексуални односи. А овој ОКО дефинитивно не те сака штом уште нефатени те уценува дека ќе биде со тебе само доколку имате секс. Па што му е филмот на типот. Според мене покрај тоа што си сеуште мала сепак мислам дека не си на тие години за да бидеш сексуално активна. Сеуште не си доволно развиена а и тебе на овие години ти треба дружење , забава, авантура а не да си ја маваш главата од ѕид за утре кога ќе те остави Око зашто очигледно он сака да биде со тебе само за да добие секс. Извини ако те повредив со зборовите но сепак сум доста постара од тебе и ги гледам на подруг начин работите. Незнам дали ја знаеш поговорката : Оној што искрено те сака ќе ти го побара прво срцето а потоа телото. А во твојата ситуација Око оди дирекно на телото. :( :( :(
     
  15. miamateva

    miamateva Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2010
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    21
    сфатив дека око сепак не е за мене.како можев да поверувам дека ме сака тој идиот? го знам како очиве затоа шо цела година ми беше најдобар другар и се ми кажуваше...ми кажуваше дека им барал,дека им се скаруел оти не му давале...и како можев ја да поверувам во тие негови ПРАЗНИ ЗБОРОВИ !!! проста сум стварно...многу сум наивна... :worried: како можев на прво место да се заљубам во него...фала ви девојки,многу ме освестивте...нема повеќе да види порака од мене,пропуштен повик,пишано на мсн,коментар,лајк...ништо ! и мене ќе ми биде тешко ама...неможам,доста беше ! ќе бидам со заб. :* :|
     
  16. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    6.782
    Допаѓања:
    78.907
    Заљубеност е физичка привлечност,страст,потреба за задоволување на сексуалните нагони кон одредена личност со таа личност,инстинктивно чувство,не разумно,ниту исправно,ниту показател,знак дека треба да се биде со таа личност,ниту сигурна потврда,освен ако ја имам и плус,има објективни и разумни причини да се биде со личноста.Но,како што гледам дечково од тебе сака само секс...мала си,не си наивна штом сфаќаш,знаеш што е исправно,биди си со овој...првиов,заб или око кој и да беше,убаво ти рекле девојките.
    Него мене многу ме насмеа,зошто ги крсти заб и око?! :lol:
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  17. miamateva

    miamateva Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2010
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    21
    Така ги крстив оти првиот има интересни заби а вториот има преубави зелени очи. :lol:
     
  18. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.446
    Допаѓања:
    683
    одлични кажано :)
     
  19. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.019
    Oф бе жити се,до вчера пелени носело а денес за секс размислува на 15 години :o девојче бе младо си,има уште да живееш,телото не се предава туку така како што мислиш.Од кај да знаеш дека нема да добиеш некоја болест,или несакана бременост?Почни да живееш,мувај си се,биди со кој сакаш ама немој толку брзо да стапиш во сексуални односи.
     
  20. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.991
    Со оглед на тоа дека макава на Миа е од пред година дена, до сега сигурно имала расплет. Можеби луѓето и свадба истерале :D .....ок, или барем напраиле сефте :lol:

    Како и да е, ако треба да изибираш меѓу двајца значи дека си среќна жена бре :P

    Самата спонтаност на ситуацијата, интезитетот на емоциите, текот на настаните, флуидот меѓу двајцата, допринесува за конечна одлука и краен исход на нештата. Што знам, некогаш го ставаме срцето на преден план, а кога сакаме да бидеме попаметни и спокојни во врската се советуваме со разумот. :angel:

    Макар што сепак останувам на тоа дека за конечно ја земаме во предвид силината на страста :$ ...жени :)