Ехееее јас сум била и во тројца Машките коа можат да излагаат со повеќе девојки одеднаш зошто да не би можеле ние девојките?
Ххаха браво бе опасна си Абе добро не дека не може да си у исто време со поише. Ама еве ти од овие тројца што си ги мотала у исто време Сите тројца ги сакаше?
И јас така одпрво помслив мам. Иначе на темава, кога првиот би бил востински вториот немало да се појави.
Здраво.. веќе подолго време сум неодлучна, едноставно не знам што да правам се надевам дека ќе ми дадете совети. Имав врска од година ипол, првите 8 месеци се беше океј но после 9 месец некако почна се да ми смета кај него едноставно најмногу ми сметаше кај него тоа што цело време сакаше да е со мене, кога бев излеена со другарките и тој беше со нас, правеше се што ќе посакам.. можеби сега ќе речете дека сум смотана или нешто слично дека сите девојки тоа го сакаат но не, ова моето беше како врзана, бидејќи тоа ми сметаше јас му кажав да не го прави тоа бидејќи не се чувствувам убаво така.. тој ми рече дека ќе се смени, но не пак продолжуваше така, пробав пак да разговарам со него му реков доколку продолжи така да се понаша уште со мене дека ќе го оставам или дека може да заминам со друг.. но не истото пак се повторуваше.. дури и најдобрата другарка ја запоставив, родителите цело време ми викаа да не бидам толку блиска со него, исто така и останатите другарки... пробував неколку пати да му раскинам но многу му беше тешко и неможев. Го изневерив со момче кое претходно многу го сакав, му кажав за ова но тој пак по старо.. се чувствував што и да направам он пак ќе е до мене ова и му го кажав дека со тоа само ми дава сила да правам што сакам. На крајот бев скроз решена и многу ладнокрвно му раскинав но ни во ниеден момент не прекинавме со контакт бидејќи сеуште не ми беше сеедно. Продолжив да се гледам со момчето со кое го изневерив веќе се гледам со него подолго време околу 8 месеци, не сме цело време во контакт сако пред да се видиме сме. А бидејќи и со бившиот сум сеуште во контакт и мислам дека не ми е сеуште сеедно за него, понекогаш и со него може да се видам, но сега е премногу смнет не ми попушта како што ми попусташе, едноставно не се лигави како што го правеше тоа додека бевме во врска. Повеќе пати разговаравме да се смриме но напочетокот како да бараше изговори за да е се смириме, но и јас искрено незнам дали воопшто сакам да сум сонего. Незнам што да правам дали да прекинам се со момчето сто се гледам или да го откачам и да се смирам со бившиот, иако задоволство ми е да се гледам со момчето.
Земи учи, читај, шетај, изгради се као личност, зацврсти си го карактерот, запознај се себе си. Тогаш ќе можеш да донесеш одлука бидејќи ќе се познаваш себе си и ќе знаеш што сакаш.
Не сакам да се разбереме погрешно Учењето ми е преоритет исто така книгите ми се едно од најомиленото хоби (имам и започнато сопствена книга да пишам скоро сум при крај). Доволно сум изградена личност и доволно ми е карактерот зацврстен мислам и повеќе од тоа. Единствено неможам да се одлучам како да постапам во оваа ситуација. Во дилема сум..
Ок, се извинувам, не те напаѓам да не ме разбереш погрешно... Мило ми е што имаш самодоверба и што со изградена личност. Само, зошто би била во врска ако нема љубов во таа врска? Зашто очигледно штом не можеш да избереш меѓу двајцата, значи немаш љубов ни кон едниот... Да сакаш вистински некој од нив, воопшто нема да има потреба да бираш, а уште помалку да бира некој друг за тебе. Вака е како да бираш лижавчиња. Едно со вкус на јагода, друго со вкус на малина. Ако знаеш коа го сакаш, ќе си го купиш тоа. Ако не знаеш кое го сакаш, можеш да избереш со еци пеци пец... А ја искрено мислам дека луѓе со кои ќе поминувам време у животот не се бираат со еци пеци пец. Немој да мислиш те напаѓам нешто, си дискутирам...сакам да разберам