Моментално се ме мрзи. Ама буквално се! Не ми се трепнува со очите од што ме мрзи. Некоја мрза ме фаќа деновиве, вака ако продолжам не знам кај ми е крајот .
Ме мрзи секој ден да мијам садови, но затоа за 8 Март чекам машина за подарок, сакал он или мора ми купи, рацеве ми се упропастија од водата.
Ееее многу ме мрзи да станам и да се спремам за вечер Ама, пак ме радува уште една искачанка, пијана, весела, раскокодакана
Ме мрзи да се спремам за испити, секое утро си велам од вечер ќе почнам да учам, и кога ќе заспие син ми, едвај чекам и јас да си легнам. Ама од вечер морам да почнам