Во последно време забележувам дека сум станала голема мрза (читај огромна) . Ама си се тешам, од времево е. Летна мрза е, минливо е. Моментално ме мрзи да го исклучам компјутерот, да станам, да пишувам исто така ме мрзи, и ме мрзи да си легнам. Крај не ми се наоѓа. Ова не личи на мене!
мрза е моето второ име поголема мрза не може да се најде све ме мрзи да правам но имам и такви периоди кога сум па ептен вредна и хиперактивна(ама тоа мн ректко се случува)за жал
Ме мрзи само да станувам рано насабајле. Друго ништо. Уживам да чистам и работам по дома, си го релаксирам мозокот така. Ама кога ќе го слушнам алармот...
ме мрзи да мијам марула нааајмногу и баш го мразам тоа да диплам алишта да го суредувам креветот да одам до продавница или било каде пешки сега за сега тоа ми паѓа на памет
во лето ме мрзи да пеглам ама пеглам и ме мрзи да одам до маркет кога сум раскомотена дома по пижами ме мрзи да прередувам гардероба ме мрзи да фенирам и да пеглам коса